|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Fiao: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 16.4.2012
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/41


 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: Fiao

Датум на породување: 15.12.2011 година

Тип на породување: природно

Болница: Државна болница Скопје

 

 

За право, дилемата беше дали ќе станам мајка на 23 или 24 години:

 

Се наближуваше денот на мојот роденден или подобро речено мојот породилен термин. До сега во мојот живот никогаш, ама баш никогаш не пропуштив да направам роденденска прослава, па така беше и за овој роденден, само што оваа прослава беше малку поинаква.

 

 Последниот преглед беше на 12.12, 3 дена пред мојот термин, 3 дена пред мојот роденден. Фино го прашав докторот, што мисли, дали имаме абер или сепак да си го славам роденденот, а тој пак безгрижно ми рече слави си и уживај!
И навистина, немав ни Б од болки, ниту па К од контракции. И ете дојде и 14ти, па јас на големо почнав да си се подготвувам за роденденот, купив се што требаше и со нетрпение чекав да дојде 15ти и да ми пристигнат гостите. Некако бев ептен успокоена, дека тоа нема шанса да се случи баш на терминот, а и така се чувствував дека не е ни малку блиску.
Вечерта, штом сказалките отчукаа 00:00ч, си добив многу убаво поклонче од сопругот, но тоа не беше единственото поклонче што пристигна на мојот роденден. Таа вечер се договоривме дека ќе спиеме во дневната на новата гарнитура, за да можеме да гледаме некој филм, бидејќи во спалната немаме ТВ. Во еден момент си помислив:

- „Ајде, белким нема баш денес да ми пукне водењакот и да ја исфлекам новата гарнитурата...“
Сме заспале... Кога, некое мокро чувство ме разбуди во 5ч. Тоа беше тоа! Мислев дека срцето низ уста ќе ми излезе од возбуда, но сепак бев насмеана од 8ка до 8ка! Дојдов до креветот каде што лежеше сопругот веќе спремна со торбата и само му реков: Ајде, време е!
Тој рипна, тотално збунет, набрзина се облече и право полетавме накај државна. Добро се сеќавам на еден постар доктор кој ме пречека само што влеговме низ вратата и ми рече:

- „Што е бе душичке, не те остави да се наспиеш?!“ И топло се насмевна.
Накај 7 часот дојде и мојот доктор на смена, па штом ме виде му реков:

-„Докторе, јас подранив, ништо од прославата за роденден.“

Нешто подоцна ме качија во породилните сали, каде стрпливо си чекав да започнат болките. Се сеќавам дека другите жени кои беа во мојата сала прилично офкаа, па цело време ги прашував нешто за да можам за момент да отргнам од мислата и да ви кажам право прилично добро ми одеше, барем на почетокот.
Потоа дојде докторката и кажа дека треба да пробам да ги трпам болките додека се подносливи, а потоа да им кажам за да ми стават епидурална анестезија. Многу време поминуваше, болките стануваа се помалку подносливи, ама мене ко што ме дал господ, си ќутев и шетав низ ходниците. Во еден момент тие самите решија дека е време за епидурална и веднаш штом ја примив, болките престанаа, а јас бев жедна, гладна и мртва уморна, бидејќи бев спиена само 2 часа.
Се сеќавам колку ми олесна штом ги снема болките, па му се обратив на анестезиологот: -„Докторе, а ќе биде ли проблем ако јас сега си заспијам?“
Тој откако слатко се изнасмеа ми рече:

-„ Тоа ќе биде голем комплимент за мене и мојата работа, ако ти на вакви контракции можеш да спиеш.“
Проаѓаше време, жените си викаа, си раѓаа и си одеа од салите, а јас пукнав од досада. Бидна 20:30ч и кога на врата се појави мојот доктор. Штом го видов очите ми светнаа, целата се насмеав и едноставно знаев дека е веќе време и дека штом е тој тука се ќе биде во ред! (не го очекував бидејќи смената му беше завршила)

Дојде и ми рече:

-„Ајде сега си спремна, од 3 пати го вадиме девојчето!“

 Така и беше. Мојата малечка излезе точно во 20:35 часот, со 3,570 гр., 52,5 cm. долга. И додека сите бебиња плачеа, мојот мал црв со бујна коса, упорно се трудеше да се отплетка од фишекот во кој беше завиткана – и успеа!
Кога сето ова заврши, докторот дојде и ме прегрна па ми рече: Кажи какво е чувството да добиеш ваков поклон за роденден, а? Среќен роденден! Се насмевна и ми рече дека и тој со мајка му се родени во исти ден. И вистина е, чувството не може да се опише, тоа беше мојот најубав роденден, со најубав поклон, со многу емоции, многу силни чувства, многу љубов...

 

А моите гости, моите најблиски кои требаше да бидат присутни на мојот роденден, веќе беа известени дека роденденот се откажува поради МНОГУ оправдана причина и откако сето ова бидна тие сепак си прославија, не само мојот роденден туку и роденденот  на мојата малечка.

 

Дилемата се реши – станав мајка на тукушто наполнети 24 години!

 

 

 

Рингераја и посакува среќно детство на ќеркичката на Fiao !

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Болести во бременоста
Настинка, кашлање и пролив, се не многу опасни болести, но многу трудници се прашуваат дали би можеле да му наштетат на ...
7
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
6
Еве зошто папочната врвца е толку чудесна
Многу луѓе мислат дека папочната врвца е само „цевка“ што носи хранливи материи за нивното бебе. Сепак, од фотографијата...
4
Опасни инфекции за време на бременост
Добрата работа е во тоа што кај повеќето жени бременоста поминува без особени проблеми. Но, има и случаи кога претпазлив...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?