|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Еден ден мојата куќа повторно ќе биде чиста...

Sharon Van Epps, 10.6.2020
Еднаш, многу одамна, мојата куќа блескаше...
Клучни зборови:

image
/11


 

Чистењето на подовите беше моја омилена активност: Исчисти ја куќата и вежбај аеробик истовремено. Лименките  во чајната кујна ми беа наредени по големина во редови. Ги организирав зачините по азбучен ред. Си велев дека ако најлошата навика на мојот сопруг е фрлање на крпата на под по туширање, јас сум среќна жена. Ставав нова крпа за него на закачалка, со насмевка.

Потоа добивме деца. Три. Тоа значеше дека сега нашата куќа има четворица кои ја фрлаат крпата на подот и само една личност која собира – јас. И тоа воопшто не ми беше смешно.

Потоа дојдоа играчките. Мали, остри играчки кои предизвикуваат болка кога ќе стапнеш на нив во темница и огромни играчки кои зафаќаат 50% од просторот во нашата мала куќа. Смачкани животни и фустани од кукли кои фаќаат прашина. Боици, налепници и истуткана хартија. Валкани топки кои оставаат траги кога ќе ги удриш во таванот. Мрсни отпечатоци на стаклата.

Училиштето донесе нов  неред. Книги, моливи, хартија, расфрлани на масата во кујната. Картонски кутии поставени како стапици. Плакари преполни со смешни костуми за децата да изгледаат како: голем лош волк, принцеза, оџачар, Лејди Гага. Влажни стапалки на дрвениот под, откако се преселивме во куќата со базен. Влажни пешкири во дворот. Барбики и пиштоли расфрлани внатре и надвор.

А валканата облека?! Гимнастички балетанки, униформи од фудбал и кошарка, секоја недела. Трева и кал на колената на секој пар панталони. Трева и кал во секој пар чорапи. Кисело млеко, чоколадо и кечап врз се. Немаше доволно прашак за сето ова да се испере.

Потоа се преселивме во еден град, во кој постојано врне. Калливи чевли  и искршени чадори. Повеќе домашни задачи, повеќе трудови и книги, калкулатори, агломери и компјутери, бидејќи децата пораснаа. Шминки, уред за сушење лакирани нокти, пегла за коса, шампони, регенератори и фигаро во бањата. Валкани чинии во спалната соба, кутии од пица во ходникот на под. Мирис на пот и мирис на дезодоранс. Лак за нокти на седмоседот. Мали топки насекаде во домот, бидејќи надвор е влажно за да се игра фудбал.

Куќите на другите семејства изгледаа толку чисто и организирано. Како го постигнуваат тоа? Јас не разбирам. Да, моите деца ми помагаат и маж ми ми помага, но темпото на нашите животи е неуморно. Се чини дека хаосот се сруши врз нас, бран по бран – на работа, на училиште, пораки, текстови, домашни задачи, фудбалски турнири, роденденски забави и состаноци. Повеќето денови едвај ја држам главата на рамена.

Мразам хаос. Но еден ден кога децата ќе пораснат и ќе заминат, ќе го нема. Еден ден, порано отколку што очекувам ќе се разбудам и ќе видам куќа која блеска. Ќе има само една валкана крпа на подот. Тогаш хаосот ќе ми недостасува повеќе отколку што сега ми недостасува редот.

Уживајте во хаосот додека можете.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

5 прашања за здравјето и варените јајца
За Велигден, главна состојка на менито се јајцата. Колку е корисно да јадете варени јајца, каква е препорачаната доза и ...
6
Во што се татковците подобри од мајките?
Неспорно е дека мајките и татковците имаат различен родителски пристап и тоа децата го препознаваат и тоа како. Но што...
4
Детски сексуални игри
Многу честа игра на децата од предучилишна и рана училишна возраст е испитување на гениталиите на други деца. Ваквото од...
3
Научете ги децата на добри манири
Добрите манири, или нивното отсуство е првото нешто што другите луѓе го забележуваат кај нас. Никој не сака да биде во д...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?