Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Немојте намерно да се изгладнувате
За да одржите здрава тежина треба да јадете нормално, а не да гладувате. Ако не јадете редовно ќе станете неиздржливо гладни, па ќе ве нападне хормонот на глад, грелин. Проблемот е што на хормонот му треба половина час за да се врати во нормала, откако ќе почнете да јадете, а во тој половина час ќе внесете многу калории. Затоа секогаш во близина држете бадеми и слични здрави грицки.
Планирајте го појадокот и ручекот
Секогаш однапред испланирајте што ќе јадете за појадок и испланирајте го ручекот. Во спротивно ќе посегнете по она шт веќе го имате, а тоа најчесто е нездрава опција.
Вежбајте 20 минути дневно дома
Ако излегувате од дома, автоматски ќе изгубите повеќе време и тоа ќе ги измени вшите планови. Држете се до планот за вежбање од 20 минути, бидејќи толку време може да одвоите за себе.
Вие одлучувате за изборот на храната
Тоа можеби им е тешко на родителите, но одлуката за тоа што се јаде дома морате да ја донесете вие уште во маркетот. Ако донесете дома чипс и кекси, нормално дека децата ќе сакаат да јадат. Децата ќе јадат здрава храна кога доволно ќе изгладнат.
Вечерајте заедно
Едноставниот ритуал нема да делува само на начин децата да почнат да јадат здраво, туку и во опуштена семејна атмосфера ќе можат да разговараат отворено. Семејствата кои заедбо јадат создаваат емоционална хармонија, која ќе ги ибележи за цел живот. Ако вие невозможно да го изведете тоа навечер, појадокот нека ви биде заеднички оброк.
Играјте заедно секој ден
Пуштете гласна музика и играјте – направете своја мала забава. Баш како и со вежбањето, поентата е во тоа да бидете активни со семејството. Тоа е и добар начин да го задржите младешкиот изглед.
Раскажете им на децата приказна пред спиење
...или разговарајте со постарото дете за тоа како го поминало денот. Кога се уморни децата ќе ги спуштат сите бариери и ќе ви кажат што им лежи на срце.
Рутината пред спиење е задолжителна
Добриот ноќен сон ќе ве одржи млади. Помалку од седум часа сон зголемува ризик од срцев или мозочен удар. Нека вашата спална соба биде со пониска температура, добро замрачена и без технологија. Ако не можете да заспиете ни по 15 минути, станете и читајте нешто за да се опуштите.
Блискост во брачниот кревет
Редовниот секс може да ви го продолжи животниот век за три години. Др. Оз советува да практикувате секс два пати неделно. Љубовта која произлегува од моментот кога сте во прегратка на партнерот, клучна е за јакнење на вашата врска и здравјето.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Во време на брзи промени, дигитална оддалеченост и зголемен стрес, емп...
Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесн...
Кога се обидувате да забремените, често се поставува прашањето дали се...
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврз...
Животен стил и социјални фактори
Бременоста не се одвива изолирано, туку е силно поврзана со секојдневн...