vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Со радост ве известуваме дека дечињата од Домот за деца без родители добија прекрасна донација од Авиокомпанијата Skywings, поточно од сопственикот на компанијата Ајан Џафероски. Благодарение на неговата хуманост девет деца, двајца воспитувачи, преведувач и директорката на Домот за деца без родители г-ѓа Ристенка Атанасова, на 4 Август ќе летаат за Германија, Нирнберг, да го посетат Домот за деца без родители и да бидат нивни гости десет дена.
Децата од Домот за деца без родители се посебно среќни што за прв пат ќе патуваат со авион и ќе ја посетат Германија, па сакаа оваа радост да ја споделат со нивниот верен пријател Рингераја. Мајките кои живеат во Германија можат да остварат средба со групата од Домот за деца без родители, доколку сакаат. Групата ве поканува на дружење!
Друга група на дечиња, од Домот за деца без родители, е на одмор во Дојран од 19-27 Јули, во одморалиштето Партизан. Доколку некои мајки живеат во близина, или летуваат таму, групата би сакала да оствари контакт со нив.
Домот за деца без родители им посакува среќни летни убавини на сите од Рингераја.
Пофалба за хуманиот гест напишете на нашите форуми ТУКА
34
6
5
4
забава Бремените
Автор: bobik
Кои вредности е важно да ги научи детето уште од мало?
Детството е период во кој се поставуваат темелите на личноста, каракте...
Тестови за овулација. Кога и како да ги направите?
Ако планирате бременост, препознавањето на плодните денови може да ви ...
Што се пореметувања на спиењето?
Спиењето е една од основните потреби на човекот и има важна улога во о...
Четирите фази на менструалниот циклус
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело, кој секој мес...
Кои се најчестите аномалии на матката?
Матката е важен орган на женскиот репродуктивен систем, во кој се разв...