Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Дали некогаш ви се случило да слушнете од својот сопруг: Децата беа добри и послушни цел ден, но во секундата кога те видоа збеснаа. Не знам што се случи?
Докажано е дека тоа е вистина - децата се всушност лоши и разгалени, кога нивните мајки се наоколу. Во никој случај не треба да мислите дека причината за лошото однесување е целосно во вас дека ги разгалувате децата премногу или сте лош родител. Не, не е така.
Вистинската причина за лошото однесување да децата во ваше присуство е вкоренето во тоа што вие сте безбедно пристаниште за вашата рожба. Вие сте човекот при кого тие можат да дојдат со сите проблеми. Ако не можете да направите најдобро за нив ... кој друг може?
Значи драги мајки, подгответе се. Вие сте корпата за душевниот отпад на вашите деца, но знајте многу добро - секоја секунда од тоа време вреди.
Ако детето цел ден ги криело лошите чувства и емоции во себе, вечерта или најдоцна наредниот ден треба да излезе сето надвор. Нема што, децата се такви, а и тоа е корисно за нив. Тие не треба да сокриваат ништо лошо во себе. Се разбира, тоа значи дека целата оваа негативна енергија ќе се излее врз вас.
Пискање, врескање, тркалање на земја. Знаеме дека тоа е последното нешто на кое сакате да бидете сведоци по крајот на тешкиот работен ден, но е дел од мајчинството. Треба да го истрпите овој емоционален детски бес.
Патем, навистина е многу важно децата ни да растат емоционално здрави, на ист начин како што треба да се и физички здрави. Кога ќе пораснат, ние сакаме тие да имаат високо функционална емоционална интелигенција и свест.
Значи прифатите целото тоа лошо однесување како добар знак. Знајте дека со тоа однесување ви покажуваат дека всушност ве сакаат вас повеќе од сè на светот и само кај вас можат да бидат такви какви што се.
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Колку дена пред овулацијата можете да забремените?
Многу луѓе мислат дека бременост е можна само на денот на овулацијата,...
Првите 24 часа по породувањето. Што да очекувате?
Првите 24 часа по породувањето се период на големи физички и емоционал...
Самопреглед и преглед на тестисите. Зошто се важни?
Редовниот самопреглед на тестисите е едноставна навика која им помага ...
Пренатална депресија е форма на депресија која се јавува за време на б...
Како бебињата ја доживуваат играта?
За бебето, играта не е само начин да го помине времето. Таа е главниот...