|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Дали нашите деца живеат во златен кафез?

Редакција Рингераја, 17.4.2015
Јас со задоволство ќе се откажам од многу нешта, но на своето дете ќе му овозможам се, да не мора пред другарите да се срами заради старите патики и стариот телефон...

image
Воспитување на детето
/11


 

Денешните деца имаат можност да добијат се што ќе посакаат. Има се', потребно е само да имате доволно пари во џебот. Тоа во главно го обезбедуваат грижливите родители. Покрај џепарлакот децата добиваат нови мобилни телефони со функции кои ниту ние не ги разбираме и наводно модерна гардероба. Тинејџерите се интересна целна група за трговците. Нивниот вкус е мера не само за компаниите кои се занимаваат со гардероба, туку и со тие кои се занимаваат со прехрана, козметика, но и со производство на електроника. Тие се трудат сите свои производи да ги направат по мера и вкус на младите луѓе кои сакаат да бидат во тренд.  Можете да кажете дека нашето општество е такво. Светот е таков!

Брендот го дефинира местото во кое припаѓаш, стилот на облекување зборува кој си всушност. Младите се трудат да бидат ин, за да се вклопат во општеството и за да им се восхитуваат.  Без оглед на тоа дали се работи за маркирана облека, обувки, мобилни телефони или козметика, младите имаат чувство дека етикетата  на гардеробата ќе ги направи познати и популарни. Според истражувањата, на тоа што е ин не влијаат само рекламите, туку и во голема мера влијае околината во која човекот живее, пријателите, школските другари и секако родителите.  Всушност во школските клупи можеме најмногу да видиме кои деца имаат, а кои немаат. Децата се во таа смисла многу чувствителни и лесно може да станат мета за потсмев. Тие би сакале да бидат како останатите и заради тоа од родителите бараат нешта за кои нивното семејство нема средства.

 

Треба ли да се разговара со детето за пари?

Психолозите се јасни околу тоа. Со децата треба да се разговара за непријатни работи, а една од нив е секако и фактот дека буџетот не е доволен за сите нивни желби. Децата од мали создаваат однос кон парите. Родителите имаат задача на децата да им ја објаснат вредноста на парите и што може да се купи за одредена сума. Треба да ги носите кога пазарите за да видат колку чини лебот, колачите, детергентите или опремата за на училиште. Проблемот е во тоа што некои родители се трудат пред децата да прикријат дека заработуваат малку. Тоа го прават со купување на нешта кои не можат да си ги дозволат, за нивните деца да не бидат поинакви. Без оглед на тоа дали се работи за мобилен телефон, џепарлак или гардероба – тоа е грешка.

Детето мора да знае дека не е срамота да има помалку пари од другарите или комшиите. Разговарајте со детето колкави сметки мора да плаќате, а колкава е вашата плата.  Според мислењето на стручњаците, доколку тие прашања се табу тема во семејството, се создава ситуација во која родителите стануваат робови на големите желби на детето.

 

Да ги научиме децата да живеат во реален свет

Семејството е место во кое децата се подготвуваат за живот во реалниот свет во кој ќе мора да се грижат сами за себе. Децата стекнуваат слика за тоа како функционира општеството, во семејството. Мајката и таткото ги одредуваат границите. Во таа смисла е важно и прашањето за парите. Не му дозволувајте на вашето дете да манипулира со вас со кукање како “останатите деца го имаат тоа”. Објаснете му на детето што може, а што не може да има.

Разговарајте со децата за приоритетите на семејниот буџет, но никогаш не им приговарајте за тоа колку чинат нивните вон училишни активности, приборот за на училиште, за да не им создадете чувство на вина.

Проблемот во воспитувањето не претставува само недостатокот на пари. И во семејствата во кои парите не недостасуваат, родителите го имаат истиот проблем. Потребно е да го научите детето правилно да ги вреднува парите, бидејќи ако ги претвори во маркирана облека или смартфон, тоа нема да трае долго.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

5 совети за првиот циклус
Првиот циклус кај девојките може да биде збунувачко и понекогаш малку стресно искуство, но тоа е природен дел од растење...
4
Кога немаат интернет, децата се тажни!
Половина деца, помали од 12 години изјавуваат дека би биле тажни кога би немале интернет, а секое петто дете кажува дека...
3
Дали нашите деца ќе бидат „загубена Ковид-...
Поради многуте корона-рестрикции во медицинската и социјалната сфера, од кои се опфатени и младите, УНИЦЕФ на Светскиот ...
3
Како да се смирите кога ќе Ве разлутат дец...
Да не бев толку поспана и раздразлива, можеби ќе се смеев на нивната реакција, но овојпат ми се чинеше дека нивната еди...
3




Анкета

Доење.
пеперутка16

Колку долго мислите дека треба да се дои едно дете?