|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Брутално искрен пост за жените кои не работат!

Редакција Рингераја, 9.1.2017
Изморена од константното слушање на фразата "што правиш по цел ден?" блогерката Ryshell Castleberry реши да напише статус за сите мајки кои седат дома и "не работат ништо". Статусот експлодира!

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Нејзиниот моќен статус беше лајкуван повеќе од 640,000 пати и споделен од 300,000 корисници. Можеби ви личи како многу, но не е доволно. Треба да биде прочитан од сите за да се знае енормната жртва на мајките кон децата и семејството.

 

Разговор меѓу сопруг и психолог...

П: Како заработувате за живот Господине Роџерс?

С: Работам како сметководител во банка.

П: А вашата жена?

С: Таа не работи ништо. Домаќинка е.

П:Кој прави појадок за вашето семејство?

С: Жена ми, бидејќи не оди на работа.

П: Кога обично ја разбудувате од спиење вашата сопруга?

С: Таа се разбудува пред мене бидејќи мора да подготви појадок и да ја намести масата. Потоа треба да се организира за да направи ручек за децата за на училиште, добро да ги облече, да ги најаде и да им помогне да ги измијат забите. Исто така да им ги провери ранците дали ги ставиле сите книги и помагала.

П: Кој ги носи вашите деца на училиште?

С: Жена ми ги носи, бидејќи таа не работи.

П: Откако ќе ги однесе децата на училиште, што прави?

С: И треба малку време да подготви пари и да ги плати сметките за струја, вода и да застане во маркет за да ги купи потребните намирници. Откако ќе си дојде дома, подготвува ручек. Ја сервира масата, чисти во кујната, ги сортира алиштата и ја чисти куќата. Знаете како е, таа е домаќинка.

П: Навечер, откако ќе се вратите дома од работа, што правите?

С: Се одморам, се разбира. Преморен сум од работата во банка.

П: Што прави вашата сопруга навечер?

С: Прави вечера, ни сервира мене и на децата, ги мие чиниите и уште еднаш ја средува куќата. Ќе ги подготви децата за спиење, ќе им даде топло млеко и ќе им помогне да ги измијат забите.

 

1

 

Ова е дневната рутина на многу жени ширум светот, која почнува наутро и трае до ситните саати во ноќта.  И ова вие го нарекувате “Жена ми не работи!?”

За да бидеш домаќинка не ти е потребна диплома, но ја имаш клучната улога во своето семејство.

Почитувајте ги вашите жени, мајки, баби, тетки, сестри, ќерки...Бидејќи нивната жртва е бесценета.

Некој ја праша неговата сопруга: Работиш, или си домаќинка?

Таа одговори:

Работам како сопруга дома, 24 часа на ден...

Јас сум мајка

Жена

Ќерка

Аларм

Готвачка

Чистачка

Шеф

Бебиситер

Медицинска сестра

Градинар

Шеф на безбедност

Советник...

Немам годишен одмор

Немам дури ниту право на боледување

Немам слободен ден

Работам деноноќно

На должност сум во секој момент

Не земам плата и...

 

И покрај тоа, често ја слушам фразата: Што правиш по цел ден?

 

Посветено на сите жени кои ги даваат своите животи за доброто на семејството.

 

СПОДЕЛЕТЕ

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интервју: Елена Ристеска
Елена Ристеска, млада, убава, успешна, а толку скромна и мила девојка ни открива детали од нејзиното детство, односите в...
4
Прво поништување на детски брак во Индија
Индијка која е омажена кога имала само една година, успеала да го поништи бракот. Ова е прв случај од ваков вид во Индиј...
4
Седум столбови на здрава исхрана кај децата
Исхраната кај децата претставува клучен фактор во нивниот раст и развој. Таа во голема мера влијае во сите аспекти на со...
4
Малите музичари
Можеби вашиот малечок тропка со лажици по масата или наоѓа ритам во сe што слуша?
3




Анкета

Избор на име
Кона

Кое ви е најубаво од следните имиња?

Огнен (22%)

Симон (31%)

Марко (46%)


Број на сите гласови: 99

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!