|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Боже, направи да бидам телевизор

Редакција Рингераја, 9.3.2015
Прекрасна приказна која сигурно ќе ве допре и барем за кратко ќе ви помогне да сфатите колку сте им важни на своите деца, а колку е неважно она што го гледате на телевизија

image
Телевизија
/11


 

Учителката во основно училиште им дала на своите ученици задача да напишат есеј за тоа што би сакале Бог да им направи. На крајот на денот, кога ги оценувала есеите, причитала еден, кој ја расплакал.

Нејзиниот маж кој тогаш си дошол дома, ја видел расплакана и ја прашал: “Што се случило?” Таа му одговорила: “Прочитај го ова, тоа е есеј на еден од моите ученици.”

“Мили Боже, вечерва те молам да ми направиш нешто многу посебно. Направи да станам телевизор. Сакам да го заземам неговото место и да живеам како телевизор во мојата куќа.

Сакам да имам свое посебно место и семејството да се собира околу мене. Сакам да ме сфаќаат сериозно кога зборувам. Сакам да бидам центар на внимание и да ме слушаат без прекин. Сакам да бидам во друштво на својот татко кога ќе си дојде од работа, дури и кога е уморен. Сакам мајка ми да ме слуша дури и кога е нервозна, наместо да ме игнорира. Сакам моите браќа да се борат за да бидат со мене. Сакам да почувствувам како моето семејство остава се настрана, само за да поминува време со мене. И на крајот, не помалку важно, сакам да ги направам среќни и да ги забавувам.

Боже, не барам премногу, сакам само да бидам телевизор.”

 

Во тој момент мажот рекол: “О Боже мој, кутрото дете. Какви грозни родители има.”

Жената го погледнала и му рекла: “Овој есеј го напиша нашата ќерка.”

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто кашлицата е најлоша ноќе?
Силната и упорна кашлица често станува уште понепријатна во текот на ноќта, токму кога конечно сте планирале да се одмор...
5
Зошто многу деца имаат говорно-јазични про...
Логопедот д-р Наташа Чабаркапа ни кажува кој е бавен говор, кој се занимава со развојот на говорот и што ни донесе модер...
4
Нов Лино календар - 2012
И оваа година мечето Лино за своите пријатели подготви нов Лино календар. Во секој месец од годината ни носи различни пр...
4
Кулинарските вештини на Викторија Бекам
Има ли крај на талентите на Викторија Бекам? Таа е поранешна поп-ѕвезда, моден дизајнер, мајка на четири деца и плус го ...
4




Анкета


Еца

Дали првиот збор на вашето бебе беше мама или тато?

мама (52%)

тато (24%)

нешто друго (24%)


Број на сите гласови: 50

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!