namesp во 10:12
Блог: Зошто плачат мајките?
Марина Кљајиќ Петковски, 2.4.2021
Колку само пати сум била прашана од моите деца - мамо, зошто плачеш?
- Така, не можеш да разбереш или ќе дознаеш кога ќе бидеш мајка - се моите најчести одговори...
Плачам, зошто така ми дојде, гледајќи ги фотографиите од моето детство, од вашите први ехо сликички, од времето кога бевте во мојот стомак, деновите кога се родивте, првиот пат кога ве гушнав, првата средба меѓу вас тројца, вашите први запчиња, чекори, зборови, одење во градинка, училиште, првите ноќи во кои не спиевте со мене... Плачам зошто така ми дојде, зошто сум среќна што ве имам и тажна што толку брзо ми растете...
Плачам, но тешко е да објаснам зошто, не можеш да разбереш чедо мое, не можам да го доловам емоциите кога ве гледам како се грижите еден за друг, како го држиш брат ти за раче, колку внимателно им читаш на браќата, му помагаш на брат ти да ги заврзи патиките, се радувате на вашите успеси.. Не разбираш колку сум горда кога на родителска средба наставничката те пофали, кога доби пофалница за твојот цртеж, кога со насмевка храбро ја издржа интервенцијата на хирургија, кога ми читаш што си напишала, кога го гледам тој твој жар во очите додека зборуваш за NASA, кога сакаш да го поделиш оброкот со гладното улично куче...
Кога нервозно ќе ви викнам, кога зафатена ќе ве игнорирам, кога замислена нема да ве слушнам, за секој момент што неповратно си заминува, плачам а и сама не разбирам зошто.
Ќе дознаеш кога ќе бидеш мајка, мила моја ќерко, еден ден, кој ќе дојде многу поскоро отколку што можеш да замислиш, ќе дознаеш зошто плачат мајките.
Плачам зошто сум тажна за моето детство, мојата младост, а истовремено сум среќна што сум возрасна и мајка.
Тагувам за мојата мајка и се радувам за фактот што сега сум ваша мајка.
Затоа што телото ме боли а истовремено срцето ми прескокнува од преголема среќа. Болат раните, градите, снагата, а истовремено не чувствувам ништо друго освен неопислива еуфорија, возбуда, среќа. Плачам, за секој миг кој неповратно заминува а оние мои мали бебиња се деца кои растат и почнуваат самостојно да чекорат во животот.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
За еден родител најтешко е ако не може да му помогне на своето дете, вели кошаркарската ѕвезда Тодор Гечевски, кој в...

KidzOMEGA е одличен извор на OMEGA 3 масни киселини EPA I DHA, со прекрасен вкус на портокал во кој ќе уживаат децата. ...

Американските експерти откриле дека долгото држење на мобилните телефони може да предизвика алергиска реакција на никел.

Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водител е Зорица Црношија вонедела на 07.04.2013 во 10.20 ...
