|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Блог: За баба ми, мојата карпа- облаче

Редакција Рингераја, 6.11.2021
Во пресрет на денот во кој сите имаме по некој залак посветен "за душа"
Клучни зборови:

image
/11


Баба ми беше во кујничето, од каде доаѓаа звуци на тропкање на чинии и крцкање на креденецот. Се приближав до подотвореното вратниче. Со кротки чекори се движеше и со кревките раце посегнуваше да дотури туку - тек по некој зачин во јадењето кое го подготвуваше. Застанав и ја набљудував кратко. Мојата бабичка. Гледајќи ја, пред очи ми се нанижаа рој слики, неми филмови од моето детство, од нашите среќни денови, од нашето семејство...денови кои на моето сеќавање му се толку блиски, а всушност се многу дамнешни, многу пред овие тмурни, горки,тивки години. Една солза успева да пробие пат по мојот образ.

Помислувам на нив, на моите тројца кои неволно ме испратија на излегување и порачувајќи ми да се вратам побрзо, испратија грст воздушни бакнежи да и' ги предадам на баба ми. Нивната прабаба. Мојата мила, нежна баба. Старицата која е мека како облаче а чија душа натежнала од бројните бури и невремиња. 
" Ќе им купам нешто на пат кон дома" - помислувам и ги замислувам трите насмевки и нивното кикотење кога ќе ги видат подарочињата, придружено со најслатките извици " мамооо, мамичке!", што ќе ми предизвика најнежни емоции на среќа.
Мамо... Колку ли пати вака како мене стоела таа, на истово место, довикнивајќи и' го тоа најмилизвучно "мамо" на баба ми? Боли што сите овие години моето "мамо" го изговарам само во мислите, или во оние најдраги соништа, кога ќе ми се насмевне среќата. Боли. Недостига мајка, во секоја возраст. А тек како и' е нејзе?...
И тогаш се појавува пак истата мисла, истото прашање, прашање на кое никогаш не би сакала да добијам одговор! Никогаш, никоја мајка не заслужува да дознае ...какво е чувството да си го изгубиш чедото...
Ја гледам баба ми, онаа моја добро позната баба од моето детство, но сега ја гледам не само со очи на внука, туку со очи на мајка кон мајка. Сега знам, а всушност ни одблиску немам поим. Нејзината болка е толку присутна, нејзините неми лелеци ми ја камшикуваат душава како молњи.
Ме кршат и одново ме составуваат, за пак одново да ме треснат како чекорење по тазе џогирани плочки...
Солза, уште една. Воздишка. Сигурно прегласна. Со чинии во една а салвети во другата рака, го крева погледот и нејзините ги пресретнуваат моите очи. Ми се насмевнува. Тие очи кои трепкаат како сјајни ѕвезди, а се всушност бразди пресушени. Мојата бабичка. Мојата карпа - облаче. "Влези чедо, што ми сакаш" - вели. "Чаша вода бабо" - велам додека ја полнам чашата со вода и на екс ја испивам. "А освен тоа, дојдов да те видам тебе, да си поседиме, а не да ми се криеш во кујнава" и' велам додека ја прегрнувам. " Знам, чедо, ќе дојдам" ми вели. "Само да сервирам, да налеам мед и по некое оревче. Испеков дуњи. Такви ги сакаше мајка ти. Да каснеме за неа, за душа" .

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да правите кога детето повраќа?
При повраќање организмот губи брзо многу течности и минерали. При обилно и постојано повраќање се стигнува брзо до дехид...
4
Помогнете му на детето да се осамостои
Неколку совети како да му помогнете на Вашето дете да има повеќе самодоверба, а и за Вас за негово правилно воспитување
3
Кејт Мидлтон им ја забрани оваа играчка на...
Кејт Мидлтон им даде на мајките уште еден висок стандард - да го следат, или да го критикуваат. Според Us Weekly, Кејт и...
3
Разговор со мајката на Јана - жртва на лог...
Деновиве актуелна е веста за тригодишното девојче кое е жртва на насилство од страна на логопедот со кој работело. Р...
3




Анкета

Iminja za bliznaci?
Jana9

Iminja za bliznaci?

Teo i Leo (17%)

Marko i Darko (50%)

Bojan i Borjan (33%)

Ivan i Ilijan (0%)


Број на сите гласови: 6

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!