|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Папучар?Не,тој е супер татко и маж со големо срце!

Anamaria Todoric , 1.6.2012
Тие мора да се носат со жените кои заработуваат повеќе од нив, да готват и средуваат, да ги поднесуваат нашите мушички и се одлични татковци. На таквите мажи во општеството треба да им се оддаде признание!

image
/11


 

 

Кога ќе го прегрнам својот син, бебе од 4 месеци, нема поголема нирвана, освен кога на прегратката ќе и се придружи и сопругот. Неодамна на една моја колумна коментираше еден маж кој се претстави како Кломпа. Јас вака од око, не познавајќи го, би рекла дека тој е ужасно голем фраер!

Да се признае тоа, да се напише и да се мисли е ужасно фраерски, ужасно машки и страшно совршено...И јас сум жена на една таква “кломпа”, човек кој за себе ќе каже дека е папучар, но всушност е најголемиот фраер кој некогаш сум го запознала. Тој готви одлично, го средува станот без многу напор, ме трпи мене, а тоа навистина не е лесно,  но она што дефинитивно го дигна на најголемиот пиедестал во моите очи е дека е совршен татко. И за цела среќа, не е единствен...

 

Кој е папучар?

Неодамна бев на еден детски роденден. Многу мајки, деца и татковци на едно место. И додека ние мајките заседнавме во едно катче од собата и цврсто одлучивме дека ќе зборуваме за се' друго освен за децата, мажите заседнаа на другата страна. Во еден момент се слушна жолчна расправија. Мислите дека тоа беа темите – концерти, пива и фудбал...? О, не, не.

Тие водеа жолчна расправија за тоа дали треба таткото да оди на породување, од кои кашички детето има проблеми со столицата и откриваа мали трикови за заспивање на своите потомци. Ние останавме вчудоневидени и зачудено се погледнавме. Нашите мажи разговараат за децата, а не за лигата на шампиони. Еј, каде отиде овој свет? Вистина е дека сите бевме горди на своите мажи.

 

Супер татковците меѓу нас

- Знаеш, јас го успивам своето дете, чистам, готвам, зошто не пишуваш за таквите татковци, ме запраша Кломпа со право. Јас ги потрошив своите зборови на оние кои тоа навистина не го заслужуваат, а не обрнав внимание на супер мажите и супер татковците кои се насекаде околу мене. Поминаа времињата кога беа  фраери оние кои најдолго отсуствуваа од дома и кои тврдеа дека местото на жената е дома и тоа в кујна.

Супер мажите мораат да се носат со супер жените, со сите оние мајки кои често заработуват и повеќе од нив, а и дома мораат да бидат какви-такви домаќинки и мајки. А тоа е неможно ако нивните мажи не се супер фраери. Без маж кој понекогаш ќе зготви, ќе го чува детето и нема да негодува за расфрланите алишпта низ станот, ни жените не можат да бидат супер жени.

Мојот супер маж зеде годишен одмор откако се породив. Дома ги помина првите неколку седмици по раѓањето на нашиот син. Го држеше во раце, го заспиваше, се будеше ноќе, го капеше и беше тука секогаш кога паѓав од замор. Ноќта пред неговото повторно враќање на работа бев избезумена. Па што ќе правам јас без него, ќе можам ли воопшто да се снајдам...? Ало, една мајка си го поставува ова прашање. Маж ми се јавуваше по 10 пати за да провери дали сме добро. И секако дека бевме. Но тој докажа дека е супер татко.

Тој ме извлекува од ситуациите кога ќе пукнам, тој ме дочекува дома со зготвен ручек, тој ги знае сите трикови како да го смири и забавува нашето дете, тој ме молеше да присусвува на породувањето, тој ја пресече папочната врвца. И да, не е единствен. Во општеството има многу такви. Мажи кои ги шетаат своите деца и кучиња додека е мама на фризер, мажи кои земаат боледување кога им се децата болни, кои се будат ноќе за нивните сопруги да поспијат малку. Да, секако дека понекогаш им одиме на нерви...

Дали се папучари? Да, за некои сигурно се. Но всушност се големи мажи со уште поголемо срце!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Триење алкохол кај деца со температура
Во времето на бабите и дедовците, многумина верувале дека триење алкохол на дланките или стапалата на детето помага за „...
4
Знаци за паразитска инфекција кај децата
Типични паразити се: пантличара, глиста, нематоди и едноклеточни протозои. Симптомите варираат од еден до друг паразит, ...
4
Дете со настинка пред лет – безбедно ли е ...
Планиравте семејно патување, спакувавте се, купивте билети, и токму пред поаѓање, вашето дете добива настинка. Црвен нос...
3
Интервју: Влатко Лозановски
Влатко ни зборува за љубовта, кон музиката, кон семејството, љубовта која ја дава, а истовремено ја добива!
3




Анкета

Независност.
Admin

Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.