|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Најчести повреди кај мали деца. Како да реагирате смирено?

Редакција Рингераја, 6.9.2025
Малите деца се љубопитни, постојано во движење и често не го проценуваат ризикот.

image
Повреди кај мали деца
/11


Тоа значи дека повредите се дел од растењето од првите падови при ползење, до незгоди на игралиште. За родителите, ваквите ситуации знаат да бидат стресни, но клучот е да се реагира смирено и правилно.

 

1. Грутки и модринки

Падовите се секојдневие кај децата. Најчесто резултираат со грутка на челото или модринка.
Што да направите? Ставете ладна облога како лед завиткан во крпа, 10-15 минути за да се намали отокот. Ако детето повраќа, губи свест или е претерано поспано веднаш побарајте лекарска помош.

 

2. Исекотини и гребнатини

Мали повреди на кожата како исекотини или гребнатинки се јавуваат при игра, паѓање или контакт со остри предмети.
Што да направите? Исплакнете ја раната со млака вода и благ сапун, потоа нанесете антисептик. Ако е потребно, покријте со стерилна газа. Длабоки рани или крварење што не престанува бараат лекарска интервенција.

 

3. Изгореници

Децата често можат да се изгорат со топол чај, шпорет или сонце.
Што да направите? Веднаш изладете го местото со млака, не ладна или ледена вода 10-20 минути. Не нанесувајте паста за заби, масло или путер бидејќи тоа може да ја влоши состојбата. Побарајте лекар ако изгореницата е голема, лоцирана на лице или на зглобови.

 

4. Заглавено предметче во уста или нос

Љубопитните малечки често ставаат ситни предмети каде што не треба.
Што да направите? Ако е во уста и предизвикува гушење, применете техника на Хајмлих но само ако сте обучени или удари со дланка меѓу лопатките додека детето е наведнато напред. Ако е во нос, не обидувај се да го вадиш со стапче или прст. Во овој случај најдобро е лекар да го извади.

 

5. Извртувања и падови при трчање

Скршените играчки на подот или скокањето на креветот често завршуваат со извртен зглоб или болка во рака/нога.
Што да направите? Ставете ладна облога, одморете ја повредената нога или рака и избегнувајте дополнителен притисок. Ако има голем оток, силна болка или детето одбива да чекори веднаш консултирајте се со лекар.

 

Совети за смирена реакција

  • Останете присебни бидејќи паниката може да го уплаши детето уште повеќе.
  • Секогаш имајте опремено домашно сандаче со газа, антисептик и облоги.
  • Објаснете му на детето што правите бидејќи тоа ќе ја намали вознемиреноста.
  • Ако нешто изгледа сомнително, подобро е да посетите лекар отколку да ризикувате.

 

Повредите кај децата не можат секогаш да се спречат бидејќи тие се дел од нивното учење и развој. Но, родителите можат многу да помогнат ако реагираат брзо, правилно и смирено. Запомнете, секоја повреда е и можност за учење, и за децата и за возрасните.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Мамо, сакам!
Сосема е природно децата да посакуваат скапи работи, но тоа не значи дека секогаш треба да добијат сe што ќе посакаат. Н...
4
Мастика во детска уста – да или не?
Џвакањето мастики често изгледа како безопасна навика која им носи задоволство на децата, пријатен вкус, забава и чувств...
3
Зошто бебето или малото дете се буди ноќе ...
Кога ноќта наместо одмор носи солзи и страв, што се крие зад ненадејното будење со плач и како да реагирате смирено и пр...
3
Рутина за спиење без стрес
Малото дете расте, а со тоа се менува и неговиот ритам. Еве како да создадете нова рутина што ќе му одговара и на детето...
3




Анкета

Koe ime e poubavo?
nadbet

Koe ime e poubavo?

Tedi (10%)

David (53%)

Jakov (36%)


Број на сите гласови: 246

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!