|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Вторите деца се попроблематични?!

Редакција Рингераја, 16.1.2018
Во вечната борба меѓу помладите и постарите браќа и сестри, постарите ја имаат интелигенцијата и „искуството“ на своја страна. Помалите, пак, ја користат итроста и бељите за да се одмаздат
Клучни зборови:

image
/11


 

Во вечната борба меѓу помладите и постарите браќа и сестри, постарите ја имаат интелигенцијата и „искуството“ на своја страна. Помалите, пак, ја користат итроста и бељите за да се одмаздат.

Да, студија го потврди тоа што сите го претпоставувавме или сме го искусиле на своја кожа - второродените деца се понемирни и генерално попроблематични, особено ако се машки.

При истражувањето се собрани податоци од илјадници парови браќа во Данска и САД. Заклучокот е дека вторите деца имаат 20% до 40% шанси да добијат дисциплинска казна во училиште или да бидат регистрирани во криминалниот правен систем.

Водечкиот истражувач Џон Дојл за NPR вели дека второродените деца, споредени со нивните постари браќа и сестри имаат поголема тенденција да завршат во затвор или поверојатно, да бидат суспендирани во училиште или да се приклучат во малолетничка деликвенција.

Ама чекајте. Пред да им се насмееме во фаца на помалите, исмевајќи го секое недело што го извршиле или допрва ќе го извршат, да позборуваме и за постарите (демек невини) браќа и сестри.

Според Дојл, тие (постарите) се причината што помалите се попроблематични. Тоа го објаснува вака.

Првородените за пример имаат и се угледуваат и споредуваат со луѓе кои се возрасни родителите, пред сé. Второродените, пак, се угледуваат на прилично ирационални деца кои (најчесто) се само 2-3 години постари од нив. Се разбира, Дојл алудира на постарите браќа и сестри.

Дури и ако родителите елиминираат време од работата за да му го посветат на второроденото дете, првороденото сé уште добива дел од таа нега. Плус, во првите месеци и години од животот, првородените го добиваат целосното внимание на родителите.

Но, тоа не значи дека ако сте помалиот/та брат/сестра треба да завршите во затвор. Карактери варираат и се менуваат (дури и под радикалната претпоставка дека помалите деца се печени да бидат бељаџии).

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Ненасилно воспитување на децата
Насоки за ненасилно воспитување на децата
3
Дали на децата треба да им велиме “Браво!”?
Било да се најдеме на детско игралиште, да посетиме детска градинка или училиште, или да појдеме на роденденска забава, ...
3
Само уште пет минутиииии!
Една од најголемите битки кои се наметнуваат за водење, најверојатно се крие токму во оваа реченица. Знаете ли како да н...
3
Правилен раст и развој на децата
Пореметувањата во развој на најмладата популација на коскено-зглобно-мускулниот систем се секогаш актуелен проблем. Дене...
3




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?