vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Еден ден детето го праша Господ:
- “Господе, ми рековте дека утре ќе ме испратите на Свет, но јас сум толку мал и немоќен, како ќе живеам таму?”
- Бог одговори - “Од сите ангели одбрав еден за тебе. Тој ќе те чека и заштитува. Секој ден ќе ти пее, ќе те гали и ќе ти се смее. Ти ќе ја почувствуваш неговата љубов и ќе бидеш среќен”
- “Добро, но како ќе го разберам кога ќе ми каже нешто, кога не го знам неговиот јазик?” – праша детето.
- “Ангелот ќе ти ги зборува најубавите и најслатките зборови кои можат да се слушнат на светот и внимателно, со многу љубов, ќе те научи да зборуваш”
- “Слушнав дека на светот има многу лоши луѓе, кој ќе ме штити?” – загрижено почна да прашува детето.
Господ се насмевна и продолжи:
- “Твојот ангел секогаш ќе те заштитува, дури и по цена на неговиот живот”
Детето го погледна Господ и молејќи го, рече:
- “Но јас сум многу тажен што повеќе нема да те видам”
- “Твојот ангел секогаш ќе ти зборува за мене и ќе те води низ патиштата на животот”
Тогаш во рајот завладеа тишина и гласовите од земјата допреа до него. Детето сфати дека треба да оди, па го постави последното прашање:
- “Господе, ако морам да одам Те молам кажи ми како се вика мојот ангел”
Господ се насмевна и рече:
“Не е важно како се вика, ти ќе го викаш МАМА”
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Колку време во просек е потребно за да забремените?
Кога ќе одлучите дека е време за бебе, секој месец може да изгледа как...
Како стерилитетот влијае на самодовербата?
Стерилитетот не влијае само врз физичкото здравје и можноста за зачнув...
Мастите во исхраната и плодноста
Квалитетот и видот на мастите во исхраната може да имаат улога во репр...
Телото по породувањето не е исто. Еве што е нормално
По породувањето, телото поминува низ голем број нормални физички и хор...
IVF (ин витро оплодување) се препорачува кога постои проблем со зачнув...