Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Еве ги подобрувањата кои ги добивме со Ана после 4 месеци АБР.
Мојата најголема радост- Ана почна да се дига на подлактници .Пред АБР положбата на стомак и беше ужасно тешка , не сакаше воопшто да лежи на стомак, многу плачеше. Коментарите кои ги добивав беа дека Ана е мрзлива , дека не сака да се потруди затоа плачи. Кога почнавме со АБР престанав со сите други терапии. Се покажа дека Ана не сакала да лежи на стомак заради тоа што телото и било слабо и плачела само заради тоа што и било неудобно кога лежи на стомак , а не заради тоа што била мрзлива. Кога со АБР го зајакнавме телото, Ана почна удобно да се чувствува легната на стомак, и почна да се крена на подлактници.
Рацете на Ана се послободни од порано, спазамот намален, а со тоа и подвижноста на рацете е зголемена. На клипот во постот "Како Ана прави здраво" можете да видите како Ана се обидува да направи здраво. И покрај тоа што не е совршено, претходно и тоа го беше невозможно.
Кога седи во количката Ана е многу поподвижна од порано, може да го движи телото лево, десно. Да се наведнува нанапред и да се исправа, а претходно седеше како здрвена.
Психички е многу подобра од порано,вниманието е далеку подобро од порано, пољубопитна е, сака се да види и се да проба. Многу е погласна од порано. Ужива во приказните кои ги читаме и многу сака да и кажувам песнички. Дури и повторува по мене, на нејзин начин, се разбира.
Структурата на телото се промени. Стомакот се оддели од градниот кош. Претходно стомакот беше како во дупка, а градниот кош издигнат како бочва. Сега градниот кош стана поспуштен, а стомакот поиздигнат. Рамениот појас се промени. И покрај тоа што има уште многу работа среќна сум што конечно добиваме вистински резултати.
Има и други подобрувања, многу побрзо јаде од порано,како резултат на подобрено голтање, шлајмот е намлен, спиењето е подобрено.....
Пред нас е уште многу долг пат, но сознанието дека се наоѓаме на вистинскиот пат ме прави неизмерно среќна и ми дава сила се борам заедно со Ана.
Прочитајте повеќе на блогот наменет за Ана и АБР Македонија
забава Бремените
Автор: bobik
Огледалото – важна играчка за бебињата
Малото огледало е повеќе од обична играчка за бебињата. Тоа е еден од ...
Калциум и витаминот D за бремени жени
Бременоста е период кога телото на жената не само што создава нов живо...
Кожата е најголемиот орган на телото и првата линија на одбрана против...
Кардио vs. тежински тренинг за слабеење
Кога станува збор за слабеење, една од најчестите дилеми е: дали е по...
Кога ќе ми се познае бременоста?
Едно од првите прашања што многу жени си го поставуваат веднаш по пози...