|      

Љубовта е храна за душата


Автор: Елена, редакција Рингераја


Јас имам прекрасно семејство и многу сум среќна и благодарна за тоа. Тие ме научија да ги ценам вистинските вредности во животот, да бидам скромна, чесна, трудољубива, да ги почитувам и сакам луѓето... Семејството ми е најбитно и никаков мој успех неможе да се мери со тоа.



РР: Раскажи ми се за твоето детство, омилените игри, првите почетоци во светот на славните? Од каде талентот и желбата за спорт?

Наташа: Имав прекрасно детство! Преку целиот ден јас играв со децата од мојата маала и многу малку време поминував дома. Омилени игри ми беа бам-бам, криенка, скокање на ластик, џамија, и уште многу други. Од 1992 година јас започнав да тренирам карате, на девет годишна возраст. Набргу потоа почнав и да се натпреварувам. Прв мој интернационален настап ми беше Светскиот куп во Мишколц,Унгарија во 1995 год. во дисциплината борби и бев петта. Веќе идната година станав државен шампион во апсолутна категорија за девојки родени 1983/84 година и државен шампион за девојки родени 1981/82. Со тоа за прв пат влегов во Македонската карате репрезентација и зедов учество на Светското првенство за кадети и јуниори кое се одржа во Јоханесбург, Јужно-Африканска Република. Таму го освоив бронзениот медал. Овој резултат е дефинитивно мојата отскочна даска и причина за да јас толку длабоко навлезам во овој спорт.

Инаку можам општо да кажам за себе дека уште од малечка јас сакав да спортувам, бев многу темпераментно дете и секој спорт ме исполнуваше. Доста често играв и ракомет, кошарка, па дури и фудбал. Моите родители професионално не се занимавале со спорт, меѓутоа мислам дека талентот најверојатно го имам наследено од татко ми.

 
 

РР: Наташа според правилникот за категоризација на спортистите на Република Македонија се стекна со стипендија од спортската категорија - Спортист од светска категорија“ и доби стипендија. Колку наградите, односно медалите кои ги добиваше те потикнуваа да одиш напред, кое беше твоето мото кое те водеше напред, кое е твоето мото сега?

Наташа: Минатата година добив навистина многу признанија кои нормално ми значат многу и ги чуствувам како потврда за се она за кое јас сум се залагала во минатото. Стипендијата која ја добив од Агенцијата за Млади и Спорт, како и од сопствениот клуб Макпетрол ми овозможија да станам вистински професионалец и целосно да се посветам на каратето. Меѓутоа во изминативе години немав никаква финансиска подршка од државата, единствено од клубот, така да јас морав и да работам, нормално после дипломирањето со цел да си обезбедам нормални услови за живот. Иако ми беше навистина многу напорно несакав да се откажам зашто длабоко во себе знаев и верував дека можам да направам врвен резултат. Да постигнам врвен резултат е цел која јас си ја поставив уште од малечка и се повеќе верував во остварувањето на оваа моја цел со освојување на секоја нова медала. Мотото кое ме водеше напред е: ако бидам упорна и истрајна и издржам доволно долго ќе успеам! Навистина истрајав и ги надминав сите препреки и си ги остварив своите сништа и сега само можам да кажам дека вредеше секоја капка пот. Сега би сакала да ги потврдам моите резултати и сонувам да се качам на пиедесталот и да ми се свири Македонската химна.

РР: Кои се твоите приоритети во животот? Покажуваш дека и покрај се, школувањето е многу важна работа за тебе и воопшто за секој човек?

Наташа: Да бидам искрена мене секогаш приоритет ми беше школувањето, а спортот ми беше нешто што го работам од љубов и со голема страст. Како гимназијалка успевав и имав време максимално да се посветам и на двете работи, а притоа имав време и за дружење, забава и слично. Но кога тргнав на факултет бев ограничена со време, па на почетокот повеќе акцент давав на факултетот. Потоа успеав да ги избалансирам работите и приоритет давав на она за кое сметав дека е побитно во моментот – понекогаш жртвував испитна сесија за некој битен натпревар, а и обратно, понекогаш отсуствував од натпревари поради испитите. Сега сум на постдипломски студии на насоката компјутерска техника и информатика и сега имам време и за спортот и за факултетот бидејќи не посетувам настава и полагам кога сум подготвена за испит. Сметам дека школувањето е мојата сигурност за во иднина и себеси се гледам во некоја софтверска фирма, а што се однесува до каратето ќе се натпреварувам се додека имам услови за тоа, а штом ќе ја завршам кариерата сигурно на некаков поинаков начин ќе бидам вклучена во каратето и ќе се трудам повторно да придонесувам за истото и општо за спортот во Македонија.

РР: Кои се твоите планови и желби за понатаму во животот?

Наташа: Во каратето имам уште две неостварени желби: Европското злато и медал од Светско сениорско првенство. За во поблиската иднина планирам максимално да се залагам за да ги остварам овие свои желби. Инаку нормално имам уште многу други желби кои не се поврзани со спортот. Едната веќе ја напоменав – работа која ќе ме исполнува во целост и која нормално би била поврзана со мојата струка, а другата ми е да создадам семејство и да имам многу дечиња.

РР: Дали имаше моменти кога се размислуваше колку каратето е вистинската работа за тебе?

Наташа: Па морам да признаам дека имав навистина тешки моменти од аспект на немање пред се услови за тренинг во периодот кога бев во Кратово и немав со кога да тренирам, па бев принудена да тренирам понекогаш и под отворено небо. Додека бев гимназијалка јас се натпреварував за кк.Макпетрол-Скопје во кој сум и ден-денешен, а во Кратово веќе не постоеше карате клуб. Така јас со неколкумина поранешни каратисти и кикбоксери продолжив да вежбав во родниот град. Понекогаш одев и на ракомет тренинзи, така што имам одиграно и доста ракометни натпревари (десно крило), а почнав и да настапувам во кикбокс во дисциплината семиконтакт која е многу слична на дисциплината борби во каратето. Така јас во 2001 година станав двапати светска вицешампионка, за јуниори и сениори во семиконтакт – кикбокс. За целиот тој период напоредно се натпреварував и во каратето и сметам дека во сите други спортови во кои бев вклучена беше со цел да се одржувам физички, поради немањето на услови за кои претходно споменав. Но и покрај сето ова јас никогаш не се сомневав дека каратето е вистинскиот спорт за мене и секогаш се надевав и верував дека ќе дојде моето време кога ќе го покажам тоа. Мислам дека токму таа исконска желба и верба ги надмина сите препреки на кои наидов и ме донесе до сите овие успеси.

 
 

РР: Колку твоите родители беа амбициозни околу тоа што треба да бидеш ти, бидејќи знаеме дека има родители кои максимално се посветуваат на децата и ги туркаат напред, но има и родители кои остават децата сами да одлучуваат за некои работи, а тие се само нивна потпора и подршка?

Наташа: Моите родители за се во животот ме оставаа и мене и сестра ми да одлучуваме самостојно. Нормално не насочуваа и ни помагаа при донесување на различни одлуки, но крајниот збор го имавме ние. Кога почнав да вежбам карате мајка ми се плашеше да не се повредам па често знаеше да ми рече дека тоа е машки спорт, но пак татко ми беше воодушевен и постојано доаѓаше со мене на тренинзи и натпревари. Со првите поголеми успеси веќе и тие знаеа дека каратето дефинитивно стана мој начин на живот. Имав целосна подршка и од двајцата.   

РР: Дали кај твоите родители си видела некој сокриен страв и што е всушност она од што најмногу се плашат?

Наташа: Па и ден денес го чувствувам стравот кај мајка ми да не се повредам на тренинг или на натпреварите, а кај татко ми го чуствувам баш она истото што го чуствувам и јас секогаш пред секој настап – страв да не успеам. Но тоа е нормално и сметам дека токму тој страв и возбуда што ја чуствувам пред секој настап е она што ме мотивира повеќе. Но како и да е, сите мои успеси и порази заедно ги преживуваме како вистинско семејство. 

 
 

РР: Колку значи подршката од семејството? Колку значи подршката од партнерот за твојата професија, сепак ти треба многу време за тренинзи, учење, патувања, натпревари. Колку љубовта ти дава сила и енергија да издржиш во се ова што го правиш и да бидеш најдобра?

Наташа: Како помала татко ми не испушташе ниту еден натпревар, а мајка ми ретко доаѓаше да ме гледа, исто како и сестра ми. Сега им носам снимки од борбите за да ме гледаат. Инаку сметам дека подршката од семејството е најважна и таа е основа за тоа како едно дете ќе се развива. Јас имам прекрасно семејство и многу сум среќна и благодарна за тоа. Тие ме научија да ги ценам вистинските вредности во животот, да бидам скромна, чесна, трудољубива, да ги почитувам и сакам луѓето... Семејството ми е најважно и никаков мој успех неможе да се мери со тоа.

 
 

Што се однесува до мојот дечко со кој имам долгогодишна врска имаме во потполност разбирање еден кон друг. Јас навистина сум преокупирана со многу обврски и не се гледаме многу често, но секое слободно време јас му го посветувам нему. Љубовта е храна за душата и не само што ми дава енергија и сила за да ги издржам сите предизвици, туку ме прави спокојна и многу среќна.  

РР: Порака до сите родители?

Разработувате одлични теми, пред се едукативни за сите родители, особено кога очекуваат принова во семејството, така да секоја дилема можат токму со Вас да ја разрешат.

На сите родители би им препорачала да ги насочуваат своите деца кон вистинските вредности во животот, да им даваат неизмерна љубов и подршка.




Артикли од категории


Претходен артикал: И З В Е С Т У В А Њ Е !
Следен артикал: 9. Дружење на тројки



Помагала


Испечати

Пријави се и оцени го артиклот

Бр. оценка: 1

Артикли од категории


Претходен артикал: И З В Е С Т У В А Њ Е !
Следен артикал: 9. Дружење на тројки



image На сите членови во Премаман клубот, Премаман им овозможува 50% попуст на сите fashion производи за роденденот на нивните деца и 10% попуст на сите производи во секое време.
За да станете член на Премаман клуб треба да сте пријавени на Рингераја
Пријавете се тука. Доколку не сте член, зачленете се тука.

Анкета

krevetce
dali montazno ili drveno krevetce

CARDIGAN NEWBORN PINK SNOWY C   
  НОВО  ПОВЕЌЕ >  
На врв на страницата

Запознај ја Рингераја.мк