Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Зошто е неопходна вакцинацијата на новороденче?
Некои родители сметаа дека вакцинацијата е опасна за нивното дете или мислат дека болеста е толку ретка, па нема потреба детето да се вакцинира. Меѓутоа со зголемениот број на невакцинирани деца, расте и можноста за појава на некои тешки заразни заболувања. Целта на вакцинирањето не е само да се заштити вашето дете, туку некои болести да се искоренат на глобално ниво.
Какви симптоми се јавуваат по вакцинирањето?
По вакцинирањето детето може да крене температура во наредните 24 часа, па затоа треба да проверувате и во случај да треба на детето да му се даде препишана доза парацетамол. На местото каде е ставена вакцината може да се појави цврсто топче, кое со времесе губи и немојте поради тоа да се грижите. Доколку се појават било какви чудни симптоми, како температура над 38° C, чудно плачење кај детето, обавезно јавете се на доктор.
Конкретно кај Ди Те Пер вакцината: во првите 24 часа, а најмногу 72 часа се јавуваат општи реакции како вознемиреност, плачење, зголемена температура или поспаност.
Конкретно кај МРП вакцината: втората недела по приемот на вакцината детето може да добие благосип по лицето и телото, зголемени лимфни жлезди на вратот, краткотраен скок на температурата.
Самата постапка на примање на вакцина
Детето држете го цврсто.Ќе се чувствува посигурно, доколку силно го прегрнете, а нема да може и да се размрдува. Докторот вакцината му ја става во надлактицата или кај бутчето.
Која вакцина кога се прима?
Веднаш после раѓање сите новороденчиња во рок од 24 часа примаат вакцина против туберкулоза и вакцина против жолтица, т.е хепатит Б. Ревакцина против жолтица има во вториот и шестиот месец. Со полни два месеци се започнува со вакцинација против хемофилус инфлуенца тип Б, која што за прв пат кај нас е воведена од први септември 2009 година, која се дава со полни два месеци, во третиот и петтиотмесец. На три месеци се дава вакцина против дифтерија, тетанус, бела кашлица и детска парализа. И овие вакцини се повторуваат на секои 45 дена. На една година продолжува вакцината за мали сипаници, заушки и рубеола. На година и половина се прима ревакцина против дифтерија, тетанус, бела кашлица, детска парализа и вакцина против хемофилус инфлуенца тип Б. На 4 години децата се ревакцинираат против дифтерија, тетанус и бела кашлица, на 7 се ревакцинираат од дифтерија тетанус и се вакцинираат против туберкулоза, се дава и вакцина против морбили, рубеола и паротит, а во 8 одделение се дава ревакцинација против туберкулоза, дифтерија и тетанус, а за девојчињата и ревакцинација против рубеола. На 18 годишна возраст се врши последното ревакцинирање против тетанус. Сите овие вакцини неопходно е децата редовно да ги примаат за да се заштитат од болести, но и да ги искористат паричните бенефиции од државата.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Интервју со Маја Митрова, Маи Реи, холистички терапевт
Се посветувам на споделување знаења и техники за исцелување, саморазво...
Чекорење напред! Детски чевли со оптимално вклопување
Интервју со Дипл. бизнис економист (БА) Тристан-Себастијан Ниче, изврш...
Правилен избор на детски чевли
Најважната фаза во развојот на детските стапала е од раѓање до приближ...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Што ве чека во првите три месеци од бременоста?
Доаѓањето на бебето комплетно ќе го промени вашиот начин на размислува...