|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Прва помош при потешки повреди

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Тешко надворешно крварење, гушење, давење, труење...

image
/11


1. Тешко надворешно крварење

Отоци
1) рана без страно тело
кренете го повредениот дел од телото над нивото на срцето (се смалува протокот на крв), детето нека лежи, раката во која држите газа притиснете ја на раната, краевите на отворената рана стиснете ги, превиткајте со газа и чист завој, ако и понатаму надоаѓа крв, ставете и дополнителни завои над веќе употребените. Кога крварењето ќе се заврши, ставете преку тие завои нови и врзете директно над раната. Проверете ја артеријата (отчукувањата) под и над раната (мора да ги почувствувате, а доколку тоа не се случи олабавете ги завоите).
2) рана со страно тело
кренете го повредениот дел од телото над нивото на срцето, детето нека лежи, цврсто притиснете на краевите на раната од двете страни на страното тело. На двете страни на тоа страно тело направете облог високо за да не го турнете уште подлабоко во раната при преврзување на раната. Обвиткајте преку превиткано парче на завој, а не директно преку страното тело. Кога ќе го сопрете крварењето проверете ги отчукувањата под и над раната и потоа детето однесете го на доктор.
ВНИМАНИЕ: Не смеете сами да го вадите страното тело, затоа што крварењето ќе се засили, а можете да оштетите и некоја важна структура во ткивото. Нека го отстрани доктор.

Глава
1) оштетување на кожата
добро наместете ги деловите на кожата кои се одвојуваат, со стерилна газа притиснете директно на раната, газата прицврстете ја со завој, детето нека лежи со горниот дел од телото, поткренато. Побарајте помош од доктор.
2) ако од раната се надѕирнува и мозокот, брзо ја покриваме раната со стерилна газа и ја врзуваме. Ако детето не е при свест, ставете го во положба за несвесни. Побарајте помош од доктор.
c) изваден заб - ако е изваден постојан заб, што побрзо ставете го назад во забната чашка, а ако не можете да го вратите, ставете го во чаша со вода, а на детето ставете му тампон во забната чашка, кој мора да го стисне помеѓу забите. Што побрзо посетете стоматолог!
ВНИМАНИЕ: Забот не смеете да го чистите, затоа што може да го оштетите нежното ткиво.

Гради - рана од убод
Брзо покријте ја раната со својата дланка, на раната ставете стерилна газа и прекријте ја со пластична ќесичка, после тоа цврсто обвиткајте ја со завој, детето нека лежи високо поткренато за да дишe полесно. Побарајте помош од доктор!
Стомак - голема рана - детето нека лежи на грб, на раната ставете голема газа и обвиткајте ја со завој. Доколку раната е хоризонтално преку стомакот, превиткајте му ги колената на детето, ако е вертикална, не треба. Побарајте помош од доктор!
ВНИМАНИЕ: Ако детето кашла или повраќа, цврсто притиснете му на обвитканиот дел од телото, за да не почне да излегува надвор од стомакот. Ако од раната почнат да излегуваат црева, покријте ги со стерилна газа и пластична фолија за да не се исушат.

2. Гушење

Бебе (0-12 месеци)
ставете го бебето на својата подлактица така што му ја потпирате брадата и грбот, свртете го со главата надолу, удрете пет пати по грбот, прегледајте ја устата на бебето и со прст извадете го страното тело. Ако испробаното не успеало, бебето свртете го на другата подлактица, повторно со главата надолу, пет пати силно притиснете на градите, повторно погледнете ја устата и извадете го страното тело, во спротивно повторете ја постапката уште три пати. Ако и ова не ви успее, повикајте итна помош, а во меѓувреме самите повторувајте ја постапката.

Дете (1-7 години)
*при свест:
Застанете зад детето. Детето нека стои, главата да биде наведната пониско од својот граден кош, пет пати удрете го по грбот помеѓу плешките, со прст извадете го предметот од устата. Ако не успеете, пробајте со Heimlich - овиот зафат: застанете зад детето и зафатете го околу градниот кош, стегнете ја дланката од едната рака, ставете ја помеѓу папокот и лажичките (вдлабнување под градните коски) и зграбете ја со другата рака. Пет пати силно повлечете со рацете нагоре. Повторно прегледајте ја устата. Ако зафатот не ви успеал, повикајте итна помош и повторете ја наведената постапка.
ВНИМАНИЕ: Прстите не смеете да ги ставате во грлото на детето, затоа што можете да го турнете страното тело уште подлабоко. Ако детето се онесвести, изведете го Heimlich-овиот зафат и во неговата лежечка положба.
*несвесно дете
Детето оживувајте го по методот АБЦ. Детето во лежечка положба свртете го на страна и пет пати удирајте го со рака по грбот помеѓу плешките, проверете дали страното тело веќе излегло во уста и со прст извадете го. Детето свртете го на грб, изведете го Heimlich-овиот зафат: клекнете преку колковите на вашето дете, ставете ја едната рака на другата во горниот дел на телото и делот на стомакот помеѓу папокот и лажичките, потоа неколку пати притиснете кон градниот кош. Продолжете со тие обиди до успешно отстранување на предметот или доаѓањето на итна помош.

3. Давење во вода

Детето извадете го од вода и внимавајте главата да му биде поставена пониско од телото (така спречувате да ја вдише водата), ставете го на земја, ослободете му ги дишните патишта (едната рака ставете ја на неговото чело и израмнете му ја главата, показалецот и средниот прст од другата рака ставете ги на брада и кренете му ја долната вилица). Проверете го дишењето и пулсот (5 секунди држете го прстот на артеријата), ако е потребно, оживувајте го (вештачко дишење, масажа на срцето), погрижете се да не му е студено. Ставете го во странична положба за опоравување. 
ВНИМАНИЕ: Не ја пумпајте водата од желудникот, затоа што може да отиде во белите дробови.

4. Труење

Измијте од устата се што останало во неа. Ако детето е при свест, ставете го преку колена, со главата надолу и подолу од колковите, во грлото и устата ставете му два прста за полесно да поврати, после три минути престанете со тоа и однесете го во болница, со себе земете го тоа што го испило или изело детето (отров, таблети...).
ВНИМАНИЕ: На детето не му давајте никакви средства за повраќање. Не го терајте детето да повраќа ако лежи на грб или изгледа како да е во несвест, затоа што постои голема можност тоа што ќе го поврати да оди во белите дробови. Не го терајте детето да повраќа дури и ако се затруло со некои од средствата за чистење, бензин, парафин и сл., затоа што при повраќање може уште повеќе да се загрее/запали. Во тој случај нека испие што е можно повеќе течности, а устата и околината на устата исчистете ги со водена крпа за да се разреди отровот.
Потоа детето веднаш однесете го во болница.

5. Искршено

Детето не го поместувајте, до доаѓањето на итна помош нека мирува. Доколку сами го носите на доктор, повредениот дел прицврстете го, за да биде приврзан на телото на детето (кај кршење на клучната коска, раката превиткана во лактот приврзете ја преку градите; кај кршење на надлактицата и подлактицата како и зглобот на дланката, искршената рака ставете ја во марама; кај кршење на лактот детето мора да лежи, а околу лактот подметнете нешто меко, повредениот дел прицврстете го до телото, најнапред во зглобот на дланката преку колковите, потоа под лактот и над него; искршената нога приврзете ја на повеќе места со здравата нога). Ако низ кожата се гледа коската, прекријте ја со стерилна газа.
ВНИМАНИЕ: На детето не му давајте да јаде и пие, затоа што сигурно ќе му биде потребна анестезија.

6. Струен удар

Исклучете ја струјата, ако не можете, детето одвлечете го што подалеку со предмет кој не спроведува струја (дрво, гума). Однесете го во болница. Ако не дише и не му чука срцето, веднаш дајте му вештачко дишење и масирајте му го срцето.

7. Изгореници

Повредениот дел ладете го со вода барем 10 минути, прекријте ги изгорениците со стерилна газа (ако не е на лице), на детето дајте му да пие вода. Однесете го на доктор.
ВНИМАНИЕ: Не ги допирајте изгорениците. Не отстранувајте ништо што се залепило на изгореницата. Не смеете да ги дупнете меурчињата. На изгорениците не ставајте лосион, масло, креми,... и не ги прекривајте со фластери. Детето не смеете да го ладите во када со мраз и на слични начини.

8. Застој на срцето

Бебе (0-12 месеци)
На бебето ослободете му ги дишните патишта (главата наназад и кренете му ја брадата), почнете со две полесни вдишувања низ устата и носот на бебето, ако нема отчукувања на срцето (на внатрешната страна на надлактицата или во препоните), продолжете со масажа на срцето пет пати (на точката, каде што еден прст е под цртата која ги поврзува двете градни брадавици, притискајте со два прсти до длабочина 1-2см. Во текот на масажата можете бебето да го чувате на подлактицата, главата држете му ја во висина на телото, дајте едно вдишување. Повторувајте ја постапката 1 минута и викнете итна помош.

Дете (1-7 години)
На детето ослободете му ги дишните патишта (главата наназад и кренете му ја брадата), почнете со две полесни вдишувања, ако нема отчукувања  на срцето (артерија на вратот), продолжете со масажа на срцето пет пати (на долната третина на градниот кош притискајте со дланката на едната рака до длабочина од 2-3 см), дајте едно вдишување, повторувајте ја постапката 1 минута и повикајте итна помош.

9. Хемикалии во очите

Измијте го окото со вода за хемикалијата да се разреди, обвиткајте го со стерилна газа и завој, детето одведете го на доктор, понесете ја хемикалијата.
ВНИМАНИЕ: Детето не смее да го чеша окото. Окото измијте го така што хемикалијата не тече во здравото око.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Афазии: Губење на говорот кај деца заради ...
Афазија претставува губиток или пореметување на јазичните функции, а до тоа доаѓа поради повреди на главата при сообраќа...
4
Амбициозните родители влијаат негативно на...
Сите родители го сакаат најдоброто за своите деца, но некои родители претеруваат со амбиции и ги претвораат децата во ал...
3
16 работи кои не треба да ги кажуваме на д...
Некои од фразите - позитивни или повеќе негативни, кои ги користите во воспитувањето на своите деца, можат да имаат долг...
3
Кои родителски совети им штетат на децата?
Секогаш добро размислете што му велите на своите деца и не дозволувајте да правите компромиси со тоа. Држете се до висти...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?