Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Рингераја: Од кои причини решивте да ангажирате дефектолог?
Трајанка: Бидејќи мојата ќерка доцни со говорот, посетувавме неколку центри за рана интервенција и стимулација на деца со пречки во развојот. Бевме учесници во училница Даскалови и бевме задоволни од таму, меѓутоа поради лични причини и неможност да се вклопиме во терминот а сакавме Јана да посетува градинка се одлучивме на варијанта приватна градинка и работа со дефектолог во домашни услови!
Рингераја: Како дојдовте до соработка баш со тој дефектолог? Кој беше иницијатор средбите да се одвиваат во вашиот дом? Сте присуствувале на некоја средба или од старт девојчето беше насамо со неа?
Трајанка: Дефектологот ни го препорача наша пријателка, работела со нејзиното дете кај нив дома една година, затоа и се согласивме. Бидејки е во редовен работен однос, дополнителната дејност ја врши по домовите на клиентите во попладневните часови или сабота. На првата средба бев присутна и јас, на следните неколку бев во друга соба. Јана на почетокот не плачеше толку, но како продолжуваа часовите вриштеше. Јас седев во друга соба и слушав а она ме советуваше дека така треба за да се постави она како авторитет и да почне да ја слуша и да работи. Понатаму она инсистираше да биде сама за да не ме барала по собите!
Рингераја: Кога забележавте дека нешто не е во ред? Какви промени имаше кај вашето дете?
Трајанка: Како одминуваше време Јана се повеќе и повеќе реагираше со страв и трепет кога Емина ќе се спомнеше и појавеше на врата. Кога јас се спремав знаеше дека она ќе дојде и плачеше, одеше по мене ме држеше за нога и ме влечеше да не ја оставам. Кога она ќе влезеше Јана вриштеше и пиштеше.
Рингераја: Како се почитувавте кога ги погледнавте снимките?
Трајанка: Она од секој час ми праќаше веројатно селектирани снимки што работеле, и таму Јана вришти пишти а она и вика и не и попушта за да ја заврши задачата. Јана плачеше и на крај се исполнуваше.Тогаш бев убедена дека Јана е инает и дека Емина мора да биде упорна да и се наметне за да почне да ја прифаќа и да работи.
Сега од оваа гледна точка ми е јасно дека она пробувала на сила да и се наметне, да и се постави, применувала сила бидејќи поинаку веројатно и не можела и не знаела да се справи со неа.
Рингераја: Која беше реакцијата на дефектологот кога се соочивте со неа, приложувајќи докази?
Трајанка: Кога и пратив слики од Јана со црвени ушиња, и се јавив и ја прашав, ми рече цитирам: не знам јас не сум веројатно сама се повредила.. ја прашав како не знаеш каде беше ти, ми рече: ваљда во детска, она многу плачеше. И реков ок ке видиме!
Да напоменам Јана е со мене нон стоп никогаш ама баш никогаш не сум ја видела сама да се повредува, Јана е мирно дете бара нон стоп да се гали. Денес разговарав и со директорот на Литл Ме приватната градинка кај што оди Јана за да прашам случајно они нешто да не приметиле. Истото ми го кажаа Јана е мирна, мила, се гали со учителките цело време, не плаче, во градинка сака да оди и дека никогаш не била агресивна ни кон себе, ниту спрема друго дете!
Денес полни 3 години! Се надевам сето ова ќе го заборави и сека нема да и остави никаква трага.
Рингераја: Како постапивте по сознанието? Каде ја барате правдата?
Трајанка: Веднаш ја однесовме на детска клиника и таму констатираа физички повреди, пријавивме во полиција и се надеваме дека правдата ќе биде задоволена!
Рингераја: Како се чувствува вашето дете сега?
Трајанка: Во моментот се трудиме да заборави се што доживеала, со многу љубов и внимание се надевам ќе успееме. Деновиве се буди во текот на ноќта, плаче и се брани со рачињата, кога врата ќе се отвори сеуште има страв додека не се осугура дека никој нема да ја повреди. Модринките ќе поминат, траумата тешко се лекува!
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Најдобар секс за забременување
За да се забремени мора да се поклопат повеќе работи, но во секој случ...
Повеќето жени по породувањето очекуваат дека стомакот ќе им се врати в...
Изградете врска со бебето во стомакот
Онаа посебна врска меѓу мајката и бебето, за која сите знаеме дека не ...
Дали амниоцентезата ќе му наштети на плодот?
Амниоцентеза претставува дијагностичка метода која дава важни информац...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Бррррр....
пеперутка16
Дали некогаш сте се сретнале со нешто непознато на кој било начин, нешто натприродно за нас луѓето?! Духови, ѓавол, шејтан......