vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Руска бајка
Кога Христос се родил, една ѕвезда од небото ги водела мудреците од Исток, покажувајќи им го патот до пештерата во која се наоѓала Богородица со Христос. Над пештерата во која Христос е роден, растеле три дрва - бор, кедар и елка. Тие биле осветлени од небото по Христовото раѓање, па посакале и тие нешто да подарат. Кедарот ги затресол своите гранки и од нив паднале миризливи иглички од кои се раширил прекрасен мирис. Борот ги спуштил своите најубави шишарки. Кутрата елка горко плачела, бидејќи немала миризливо масло во игличките, ниту шишарки. Солзите на елката ги видела ѕвездата, па се сожалила. Заради нејзината голема желба да го дарува Христос, не дозволила таа ноќ елката да остане тажна. И испратила една малечка ѕвезда да се спушти на врвот на елката. Тогаш елката блеснала со ѕвездена светлина и поклонувајќи се до земја, ја спуштила ѕвездата пред пештерата, каде на сламата лежел Христос.
Затоа и ден денес на врвот на елката се става ѕвезда, како знак и симбол на љубовта кон Христос.
---
Украсувањето на елка е општоприфатен Христијански обичај. Елката се украсува пред Божиќ, а подароците под неа се потсетување за Христовото раѓање - најголемиот дар кој на луѓето му е даден. Таа радост треба да ги израдува и сите деца.
3
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Колку се чести уринарните инфекции кај децата?
Уринарните инфекции се меѓу почестите бактериски инфекции во детската ...
Зошто е важно да влезете во бременоста со здрава тежина
Тежината пред бременоста може да влијае врз плодноста, текот на бремен...
Новороденчињата поминуваат голем дел од денот во сон, но нивниот ритам...
Преминот од пелени кон нокшир е важен чекор во развојот на детето. ...
Причини за вагинална сувост во бременоста
Бременоста носи бројни хормонални промени што влијаат врз целото тело,...