namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Рингераја: Која е Ивана?
Ивана: Јас сум сопруга и мајка на два прекрасни сина и од нив ја добивам најголемата поддршка. Родена сум 1987 во Скопје. Завршив средно гимназиско образование, но од лични причини не продолжив понатаму. Препознатлива сум по тоа што сум весела и насмеана личност. Често знаат да кажат еве иде смешко.
Рингераја:Од кога датира вашата љубов кон пишувањето?
Ивана: Љубовта кон пишувањето датира уште од најрана возраст. Страст имам кон поезијата, но душата ми е насочена кон прозата. Имам напишано неколку раскази и поезија како дете кои никогаш не беа објавени, останаа само во моја сопственост. Се до моментот кога се раѓа и првата моја стихозбирка ,, Измешани чувства,, и само неколку месеци подоцна и романот ,,Вистинска љубов,,
Рингераја: Од каде добивате инспирација за пишување?
Ивана: Претежно доаѓа од се она што не опкружува во секојдневниот живот, но тука е и фантазијата со која се дополнуваме. Зависно од нашето расположение, фактори со кој се соочуваме во моменти па така да може да тежнее кон по-емотивна или радосна содржина.
Рингераја: Кои се вашите досегашни издадени дела?
Ивана: ,,Измешани чувства,, - стихозбирка и ,,Вистинска љубов,, - роман се моите први дела. Но тука е и ,,Шепотот на љубовта со која имам за-земено учество со една песна.
Ивана: Учество имам во хуманитарниот проект ,, Твори читај биди хуман,, во соработка со нашата млада и талентирана поетеса Софија Петковска. Голема чест ми претставува тоа што бев дел од една таква хумана организација, и соработката која ја имавме, како со Софија, така и со останатите автори кои беа дел од стихозбирката. Чувството е прекрасно, а соработката ќе продолжи и понатака.
Рингераја: Со која ваша книга најмногу се гордеете?
Ивана: Секоја книга носи посебна радост и гордост, успехот не се мери во тоа која е подобра, туку созревањето и усовршувањето во пишувањето со кои создава ме поквалитетни дела.
Рингераја: Дали планирате да напишете нешто поразлично од тоа што досега сте го пишувале?
Ивана: Претежно пишувам за љубовта која е моја страст, но секако дека би напишала и нешто сосема поразлично од досега, со што би ги изненадила читателите.
Рингераја: Дали може накусо да ни раскажете за вашите досегашни дела... и која беше вашата инспирација?
Ивана: Како што веќе кажав имам напишано две дела: поезија и роман. Прво дело е стихозбирката ,,Измешани чувства,, кое делото носи втора награда на Дата Песнопој Битола, под едицијата ,,Душата на Чаршијата,,. Посебно што ми е чест за стихозбирката е што можам да издвојам е дека е од хуманитарен карактер, под мотото: ,,Сите заедно за Ирена,,. Средствата од стихозбирката беа наменети за млада мајка од Струмичко која е неподвижна, со цел своето лекување да го продолжи во Москва. Мотото е исполнето и средствата веќе се донирани на Ирена. Среќна и горда сум на тоа што сме хуман народ и што може да подаде ме рака онаму каде што е потребно. Благодарам на сите оние кои беа дел и подршка за ова хумано дело. Моето првенче роман, ,,Вистинска љубов,, е напишано на моја шеснаесет-седумнаесет годишна возраст, но и прв обид да излезе на виделина едно дело кое е напишано поодамна и сум горда на тоа што имав таква можност да ги запознаам читателите со моите почетоци на пишување. Претходно напоменав дека со секое ново дело се изградуваме и создаваме позрел стил на изразување и творење. Ќе напоменам дека романот ,,Вистинска љубов,, е измислена приказна, но инспирација и од се она што во реалноста може да е една сурова вистинитост...
Веќе е во план и вториот роман.
Продолжувам со полни гради и нова инспирација за една нова вистинска приказна од животот... за сега само тоа ќе го откријам. Исто така ќе продолжам и со хумани цели, и да се помогне онаму каде што е потребно.
Рингераја: Би можеле ли да издвоите омилен писател и омилена книга?
Ивана: Има доста добри писатели како странски така и наши македонски автори, од кој доста се и млади надежи на нашето плато на книжевноста, така да не би издвоила никој посебно, затоа што секој е доволно добар на свој начин и стил на пишување. Истото би го кажала и за добра книга, секоја е добра на свој начин и заслужува внимание од читателот.
Рингераја: И за крај, која книга би ја препорачале на нашите читатели?
Ивана: Има добри книги за читање, јас периодов повеќе внимание обрнав на наши автори од кои сум воодушевена од стилот на пишување, па така би им препорачала да читаат од наши автори, зашто навистина имаме квалитети кои треба да бидат дел од нашата библиотека.
Рингераја: Ви благодариме за издвоеното време. Ви посакуваме уште многу издадени дела.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...