vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
/11
Ако сакате да се разликувате од другите, нема потреба да трошите пари во салони за убавина, бидејќи со малку труд може да имате нокти кои на Вашата околина ќе и дадат знак дека сте креативна и интересна личност.
Како од весник

Подгответе десет исечоци на текст од весник, малку поголеми од површината на ноктот. Намачкајте ги ноктите со светол лак кој ќе послужи како основа – можете да користите бела боја или лак со нијанса на боја на кожа. Потоа ставете алкохол во мал сад и ставете го прстот водејќи сметка цел нокт да биде потопен. Земете го исечокот од весник, ставете г на ноктот и држете го неколку секунди притискајќи го. Многу е важно да не го мрдате весникот за пресликаните букви да изгледаат јасно. Полека тргнете го весникот и на Вашите нокти ќе има букви. ПОвторете ја постапката со сите прсти. и на крај ставете безбоен лак како заштитен слој.
Сунѓерест дизајн

За овој начин на украсување на нокти ќе Ви бидат потребни два лакови во различна боја и обичен кујнски сунѓер. Едната страна на сунѓерот натопете ја со лакот во зелена боја и со нежни движења натапкајте боја на горниот дел на ноктот. Почекајте да се исуши и повторете ја постапката со долната површина на ноктот користејќи ја другата страна на сунѓерот. Може да се случи лак да заврши и на кожата, па во тој случај употребете стапчиња за уши натопени во ацетон за целиот дизајн да изгледа уредно. Нанесете безбоен лак над ноктите за се да остане на свое место.
Јаготки на прстите

Ако сакате јаготки, ова е вистинскиот дизајн за Вас. Нанесете црвен лак како основа и почекајте добро да се исуши. Потоа употребете зелен лак за да нацртате ливчиња на врвовите. На остатокот од површината во црвена боја направете бели или жолти точки. На крајот фиксирајте ги јаготките на своите нокти со помош на безбоен лак.
Се во точки

Најважен елемент на овој дизајн се точките, па ќе Ви биде неопходно нешто со што ќе ги нацртате. Можете да користите чечкалица, пенкало кое не работи врв од шноличка или врв од игла.
Пред да почнете испробајте на хартија што најмногу ќе Ви одговара. Изберете боја која ќе Ви послужи како база . Кога лакот ќе се исуши нанесете точки, а над нив ставете заштитен слој од безбоен лак.
Мермерни нокти

Овој начин на украсување на нокти е најтежок, но има најоригинални резултати. Потребни Ви се плиток сад со вода, два или повеќе лакови во различни бои, едно пенкало и леплива лента. Започнете со тоа што прстот ќе го залепите со леплива лента од сите страни така што ноктот ќе остане слободен Во садот со вода ставајте капки од лаковите во различни бои една врз друга капка, чекајќи да се разлеат.Измешајте ги боите користејќи чечкалица. Ставете го прстот во бојата така што таа да се задржи на површината на ноктот, а со чечкалицата отстранете го остатокот од бојата кој нема да Ви треба. Повторете ја постапката за секој нокт. На крај нанесете безбоен лак.
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Дали земањето омега 3 ќе ви помогне со плодноста?
Омега 3 масните киселини често се споменуваат како дел од исхраната за...
Колку движење е доволно во бременоста?
Бременоста не значи дека треба цел ден да се одмора, но не значи ниту ...
Зошто бебето спие преку ден, а е будно навечер?
Кога домот конечно ќе замолкне и родителите ќе посакаат неколку часа с...
Неколку капки млеко на брадичката, влажна облека по хранењето или мало...
Како бременоста влијае на работата на штитната жлезда?
Бременоста носи низа хормонални промени, а меѓу органите што мораат да...