Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Природно е децата повремено да бидат загрижени, а заради разликите во личноста и темпераментот, очекувано е некои да бидат повеќе загрижени од другите. За среќа, родителите можат да им помогнат на децата да се изборат со чувството на напнатост и со леснотија да ги решаваат секојдневните проблеми. Децата кои ќе го научат тоа, ќе развијат чувство на самодоверба и оптимизам кои ќе им помогнат да се соочат со животните предизвици, било да се големи или мали.
Заради што се грижат децата?
Причините се најчесто поврзани со возраста и фазата во која се наоѓаат децата. Школските деца обично се грижат за оцените во училиште, контролните задачи, вклопување во друштвото, за промените на нивното тело, за голот кој го промашиле на фудбалскиот натпревар и за тоа дали ќе ги примат во тимот. Можат да се грижат и за притисокот од другарите, или за тоа дали некој ќе ги малтретира, задева или изостави од групата.
Заради тоа што почнуваат да чувствуваат припадност во светот кој ги опкружува 7-8 годишните деца можат да се загрижат и за проблемите кои ги слушаат на вестите, или во училиште. Така тероризмот, војните, загадувањето и природните катастрофи може да станат извор за секојдневно размислување.
Како да им помогнете на децата да го надминат она што ги мачи?
Дознајте што имаат на ум
Бидете достапни и заинтересирани за тоа што се случува на училиште, во екипата и со другарите на детето. Користете ги нивните заеднички моменти за да прашате што има ново. Додека ги слушате приказните за дневните случувања, не заборавајте да прашате што мисли Вашето дете и како се чувствува во врска со тоа што се случило.
Ако Ви се чини дека Вашето дете е загрижено заради нешто, прашајте го. Охрабрете го детето да Ви опише со зборови за тоа што го мачи. Барајте детали и внимателно слушајте. Некогаш ќе ги растерети тоа што ќе го споделат проблемот.
Покажете му дека се грижите за него и дека го разбирате
Вашиот интерес и грижа ќе му покаже на детето дека Ви е важно и да стекне чувство на поддршка и разбирање. Охрабрувачките коментари можат да помогнат – но откако ќе го сослушате детето. Кажете дека ги разбирате неговите чувства околу проблемот.
Не заборавајте да ги слушнете и позитивните работи. Одвојте доволно време и за убавите работи кои му се случуваат на детето и дозволете му да Ви раскаже што мисли и чувствува после некој успех, достигнување или позитивно искуство.
Наведете ги децата да дојдат до решение
Проблемот решавајте го СО децата а не НАМЕСТО нив. Ако децата преземат активна улога, ќе се научат како се решаваат проблемите.
Можете да им помогнете така што ќе им понудите конструктивни решенија. Кога детето ќе Ви изнесе некаков проблем понудете му помош при наоѓањето на заедничко решение. Ако Вашето дете се грижи за контролниот тест по математика, помогнете му во учењето и така ќе ја намалите неговата грижа во врска со тоа.
Понудете му охрабрување и утеха
Понекогаш кога се децата загрижени , она што најмногу им треба е охрабрување и утеха од страна на родителите. Тоа може да биде прегратка, утешни зборови или заеднички поминато време. Ваквиот гест ќе им даде го знаење дека родителите се секогаш тука да понудат поддршка и љубов.
Покажете друг агол
Децата понекогаш се грижат за работи кои веќе се случиле. Тогаш родителите можат да понудат поглед од друг агол и да ја променат перспективата на детето. Нагласете му дека проблемите се привремени и решливи и дека ќе има подобри денови за повторен обид. Потсетете го детето дека се ќе биде во ред, без оглед на тоа што ќе се случи.
Бидете добар пример
Најубави лекции се оние кои лично ќе им ги покажеме на децата. Вашиот одговор на сопствените грижи може да послужи како начин на кој ги учите сопствените деца како да се справат со секојдневните предизвици. Ако сте нервозни или бесни што имате предолг список на обврски, Вашето дете ќе научи дека е тоа правилен одговор на стресните ситуации.
Наместо тоа, погледнете ги добрите страни и покажете оптимизам во таквите ситуации. Дајте им на децата позитивен пример со своето однесување. Со оптимизам учете го детето дека проблемите се привремени и дека утре е нов ден. Тоа ќе им помогне на децата да го направат истото.
забава Бремените
Автор: bobik
7 причини зошто се дебелееме нагло
Чувствувате дека бројките на вагата одат нагоре иако не сте промениле ...
Што кога ќе дојде до неверство во бракот?
Неверството е една од најдлабоките повреди што може да му се случат на...
Менструација во бременост. Дали е можно и нормално?
Една од најчестите заблуди поврзани со бременоста е верувањето дека е ...
Во светот на пелени, ноќни будења и претпородилни возбудувања, грижата...
Во светот каде родителите сe почесто сакаат да го заштитат своето дете...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?