|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Забавно: Реалноста по породувањето

Редакција Рингераја, 10.12.2023
Блогерката Беки Поуп не поштеди никого од деталите за реалноста по породувањето и на забавен начин им објасни на идните и новите мајки што треба да очекуваат во првите денови по раѓањето на бебе
Клучни зборови:

image
/11


 

  1. Болките по породувањето. Болка? Потоа? Кој знаел? Кога Бог ги дизајнираше жените за да раѓаат, тој навистина добро нe зезна...
  2. Твоето прво мокрење. Земи стомна со себе и со неа полеј ги твоите интимни делови како да се обидуваш да бидеш ѕвезда во некое многу вознемирувачко порно. Помага.
  3. Твоето прво какање. Не паничи. Не раѓаш уште едно бебе. Само се чувствуваш така. Едноставно потсети се на големината на она што го извади од твојот преден дел, па помислата на она што треба да го извадиш од твојот заден дел нема да биде толку многу застрашувачка. Твојот задник не се распаѓа. Или можеби се распаѓа ако имаш хемороиди. А најверојатно имаш...
  4. Твоето бебе изгледа чудно. Мислам... навистина чудно. „Ох колку е слатко“, „Колку убаво бебе“ – такви коментари ќе слушаш постојано и ќе го прифатиш туѓото мислење, но тебе ќе ти изгледа како ќелав, малку пурпурен стар дедо со засушена крв и кожа прикачена на неговото збрчкано лице.
  5. Неговите интимни делови се смешни. Ќе се грижиш за влијанието кое тие ќе го имаат врз неговиот живот ако останат такви.
  6. Неговите први каки не се вистински каки. Тоа е катран. Акушерките се прикрадуваат во собата навечер, ги полнат пелените на бебето со меласа, а потоа те тестираат за да видат дали знаеш како да се ослободиш од нив или по еден фрлен поглед ќе изгуглаш „Зошто пелените се продаваат полни со меласа?“
  7. Твоето прво туширање ќе биде како крвава сцена од хорор филм (Кери). Тоа е нормално. Може да ти се чини дека никогаш нема да бидеш нормална повторно и дека засекогаш ќе одиш како Џон Вејн, и тоа е потполно возможно, но ќе се почувствуваш многу подобро по туширањето. Со него буквално си ги измиваш гревовите. (Ако твоето бебе е родено вонбрачно...)
  8. Акушерките обожаваат бебиња. Ќе дојдат и ќе го земат твоето без претходно да те предупредат. Ќе ги гмечат неговите тестиси, ќе го масираат неговиот стомак за да го натераат да кака и ќе си играат со неговото лице толку многу што кога ќе ти го вратат, ќе бидеш сигурна дека тоа има ботокс.
  9. Твоето бебе те мрази. Тоа не плаче, туку комуницира со неговиот господар (ѓаволот) за тоа колку успешно се одвива нивниот план да те уништат. Сериозно, тоа не те мрази вистински. Можно е да изгледа како никогаш да не плачи кога го држи некој друг или дека ужива кога те држи будна цела вечер, но вистината е дека тоа е толку зависно од тебе што е засрамувачки. Човечките бебиња се засрамувачки.
  10. Ќе го кажуваш зборот „доење“ повеќе одошто некогаш си го кажала во твојот живот. И помислата дека мала личност повремено цица од твоите брадавици одеднаш ќе стане реалност. Во овој момент, ќе се почувствуваш како вистинска мајка. И крава.
  11. Има луѓе во болницата кои можат да ја намирисаат твојата ранливост. Тие ќе прават фотографии на кои твоето бебе изгледа слатко, а потоа ќе се обидуваат да ти наплатат милион фунти за тоа. Тие ќе ги прелистуваат 50-те фотографии кои ги направиле од твоето бебе во истата положба, а потоа ќе бараат од тебе да ја избереш омилената. А ако имаш партнер како мојот, тоа ќе значи дека додека да заврши, куќата ќе ти биде ставена под хипотека.
  12. Беки Поуп
  13. Храната на болница е толку лоша што луѓето повеќе сакаат да се дома и да трпат болка одошто да јадат праски во пудинг. Пудингот е топла мочка помешана со мајчино млеко, а праските се човечки делови кои отстоиле потопени во шеќер преку ноќта. Не го јадете мусот од чоколадо. Немојте!
  14. Бебето прди. Ждрига. Ика. Тоа испушта толку чудни звуци во спиењето, што си помислуваш дека кога ќе се разбудиш, ќе ја видиш куклата Чаки во креветчето како ја врти својата глава и се смее. Ќе се надеваш дека луѓето знаат дека тие звуци доаѓаат од бебето, а не од тебе. Не дека ти би осетила ако прднеш. Нема да имаш контрола над сфинктерот во тој момент.
  15. Сите кои некогаш си ги запознала ќе сакаат да дојдат да те видат на болница. Луѓето се превозбудуваат кога треба да одат на посета на болница. Се чувствуваат како VIP кога чекорат кон одделението. И ти си VIP (Very In-pain Person). И изгледаш и се чувствуваш како смрт. Прифаќај посети само ако сакаш. Бидејќи си уште под дејство на лекарства, разговорите со возрасни лица ќе ти бидат како да се обидуваш да пресееш брашно со рибарска мрежа. Едноставно сe ќе излегува од тебе и ништо од ѓубрето нема да се задржува.
  16. Твојот стомак сега претставува еден балон кој полека се туши и се сожалува себеси. Ако го притиснеш, веднаш ќе добиеш впечаток дека тоа може да биде одлична трамболина за глушецот Стјуарт Литл. Или ако го пресечеш сега, вработените во болничката кујна ќе можат да го искористат како желе од праска...
  17. Ќе те тераат да користиш контрацепција уште веднаш. Безброј акушерки ќе дојдат да зборуваат со тебе за тоа колку си плодна и колку е веројатно да забремениш повторно. Но, тие го забораваат најважното нешто – ти никогаш повеќе нема да имаш секс. Не сакаш никогаш повеќе да видиш пенис. И ако тој некогаш се доближи до тебе, веројатно ќе сакаш да го уништиш, за доброто на сите жени. Крај.
  18. Сe е гневно. Твојот мозок е гневен, твоите очи се гневни, твојот стомак, твоите црева, твојот задник. Твојата вагина не е гневна. Таа е бесна. Дај ? време да се смири, но во моментов ти и таа не сте пријателки.
  19. Луѓето ќе прашуваат дали ти дојде млекото, а ти на одреден начин ќе очекуваш дека некој во млекарски костим весело ќе влезе низ вратата и ќе остане со тебе засекогаш за да ти дава млеко кога тоа ќе му биде потребно на твоето бебе. Не. Вистината е дека по 3 дена твоите гради ќе започнат да течат како да заборавиле дека се гради и како сега да веруваат дека се градинарски прскалки. Во чија градина не знаеш, но со темпото со коешто ќе течат, тоа мора да е кралската.
  20. Ќе сакаат да те пуштат дома колку што е можно побрзо. Ти им зафаќаш скапоцено место и сега, кога веќе го роди твоето миризливо човечко суштество и те проверија за да се уверат дека тоа не е жива слика од Пикасо, слободна си да си одиш. Немој! Не додека не си подготвена. Побарај колку што е можно помош и совети пред да си одиш дома. Зашто кога еднаш ќе стигнеш дома, твоето бебе ќе очекува од тебе да знаеш што правиш, а ти ќе посакуваш да останеше малку подолго во болница. Ако тоа е така, оддолжувај го фијаското со бебешкото седиште во автомобилот уште малку...
  21. Престани да се секираш. Не си супержена. Не постои такво нешто како нормално, не постои такво нешто како совршено. Ти си нормалното за твоето бебе. Ти си совршеното за твоето бебе. Тоа не ти суди. Тоа ти е целосно доверено тебе, а одговорноста за друг човечки живот не е лесна работа. Ќе ти доаѓа да кажеш „Господе, не можам да го направам ова“. Можеш. И секој следен ден ќе станува полесен. Диши мамичке.

Штотуку извади бебе од себе. Не постои нешто што не можеш да го направиш.

Освен да спиеш.

Тоа не можеш да го правиш повеќе.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Чекорење напред! Детски чевли со оптимално...
Интервју со Дипл. бизнис економист (БА) Тристан-Себастијан Ниче, извршен директор на Daumling Kinderschuhfabrik GmbH
6
Правилен избор на детски чевли
Најважната фаза во развојот на детските стапала е од раѓање до приближно тригодишна возраст, поминувајќи низ фазата во к...
5
Крварење од носот кај деца
Кога носето ќе прокрвари, се плашат и родителите и децата. Но дали стравот е оправдан?
4
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
4




Анкета

koga bi?
Jana9

Koga bi birale sto bi odbrale?

Pari (18%)

Ljubov (73%)

Patuvanja (0%)

Odlicno rabotno mesto (9%)


Број на сите гласови: 11

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!