vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Келнерката ги запраша што сакаат да нарачаат.
- Хамбургер, помфрит и кока-кола – рече човекот и се заврти кон нојот – А ти?
- И јас исто! – одговори нојот.
По некое време келнерката ја донесе нарачката...
- Тоа би Ве чинело 380 денари – рече
Човекот посегна во џебот, извади точно толку пари и плати.
Следниот ден човекот повторно дојде во ресторанот во придружба на нојот и повторно нарача:
- Хамбургер, помфрит и кока-кола –и се заврти кон нојот – А ти?
- И јас исто! – одговори нојот.
По некое време келнерката ја донесе нарачката...
- Тоа би Ве чинело 380 денари – рече
Човекот посегна во џебот, извади точно толку пари и плати.
И така се' прерасна во рутина...
Поминаа неколку денови.
Човекот и нојот, како и обично, повторно дојдоа во ресторанот:
- Вообичаено? – праша келнерката
- Не, денес е петок! Ќе земам лигни, салата и пиво – рече човекот...
- Јас исто! – одговори нојот.
Набрзо келнерката ја донесе нарачката:
- Тоа ќе Ве чини 720 денари – рече
Човекот посегна во џебот и извлече точно толкав износ...
Овој пат келнерката не можеше да и одолее на радозналоста...
- Извинете, но како во џебот секогаш имате точно толку пари колку што изнесува сметката?
- Пред неколку години го чистев таванот и најдов стара ламба. Ја протрив и од неа излезе дух кој ми рече дека ќе ми исполни две желби...Првата моја желба беше во џебот секогаш да имам точно толку пари колку што чини сметката...и желбата се исполни. Секој пат кога нешто купувам, во џебот се појавуваат точно толку пари колку што треба за да ја платам сметката...
- Па тоа е извонредно! – викна келнерката – Многу луѓе би барале милиони, а Вие вака ќе бидете богат до крајот на својот живот!
- Точно така! Не е важно дали ќе побарам литар млеко, или најскап автомобил, секогаш ќе можам да платам...
- А зошто секогаш нојот доаѓа со Вас?
Човекот длабоко воздивна и рече:
Е тоа е финтата...мојата втора желба беше до крајот на животот до мене да биде едно пиленце со долги нозе и голем задник, кое секогаш ќе се согласува со се' што ќе кажам...
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да изберете соодветен метод за контрацепција?
Не постои еден метод за контрацепција кој е најдобар за сите жени. Она...
Гестацискиот дијабетес е состојба во која нивото на шеќерот во крвта с...
Најчести причини за потешкотии со зачнување
Кога бременоста не се случува веднаш, сосема е природно да се појават ...
Недостаток на витамини во бременоста
Бременоста е период во кој потребите на организмот за одредени витамин...
Зголемување на телесната тежина во бременост
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста. Телото...