|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Супер мајки: во се`се совршени, но веројатно лажат

Anamaria Todoric , 18.5.2012
Нивните деца јадат апсолутно се по правилен распоред, бидејќи мајките вовеле фантастичен ред. Само тие ја знаат тајната како се постигнува тоа. И не само тоа. Знаат се' и за се' имаат критика...

image
/11


 

 

“Како да се одбраните од супер мајките? ”, беше наслов на една тема на форум, на кој налетав пред неколку месеци. Отпрво мислев дека се мисли на сите оние мајки кои се гордeат со доењето, со платнените пелени, спиењето заедно со бебето, no-cry методите на одглегување.

Но темата беше сосема друга. Како да се одбраниме од оние жени/мајки кои се расфрлаат со својата супериорност на сите страни. Тие немаат проблеми со неспиење бидејќи нивните деца секогаш заспиваат без проблеми и спијат по цела ноќ. Бидејќи тие така ги научиле. Нивните деца никогаш не се фрлаат хистерично на подот. Бидејќи тие во пар лесни чекори им објасниле да не го прават тоа. Всушност нивните деца никогаш не го направиле тоа бидејќи, освен што се тие супер мајки и нивните деца се супер деца, па знаат што треба што не, пред да го направат тоа.

Нивните деца јадат апсолутно се' во правилен распоред. Бидејќи тие вовеле фантастичен ред. Доење по барање? Може, но само во првиот месец, а потоа е време за воведување на дисциплински мерки. Нивните деца секогаш и без приговор се возат во количка. Тие ја знаат тајната како се постигнува тоа. И не само тоа. Тие суптилно, или помалку суптилно ги критикуваат сите кај кои нема таков ред.  Ако се запознаете со нив, завиени се во таинственост и никогаш не ги издаваат своите тајни на одгледување, но ако ги запознаете на некој форум – ќе Ве изнавредат дека немате појма и дека сте сами виновни што ќе детето не игра како што Вие свирите.

 

Тие имаат време затоа што знаат како да се организираат

Секако, ќе Ви објаснат дека сте неспособни, дека не заслужувате да бидете мајка доколку Вашето дете не спие по цела ноќ по шестиот месец на живот и дека тоа е знак дека ќе одгледате криминалец, или во најмала рака деликвент. Нивните деца седат сами на пет месеци,  а на на 1.роденден веќе трчаат. Тие секогаш имаат време да зготват ручек, кој вклучува чорба и десерт. Своите сопрузи секогаш ги дочекуваат средени, нашминкани, депилирани и нежно намирисани. Тие имаат време за тоа бидејќи знаат да се организираат, а нивните дечиња за тоа време учат да пишуваат или барем учат англиски.

Често ја цитирам својата колешка со која се најдовме на кафе еднаш, додека бев на породилно отсуство. Двете бевме несредени во косите, без грам шминка на лицето, но горди на себеси бидејќи ни тргна од рака со автоседалката, количката, па дури и се истуширавме! Седиме ние така и чекаме чие дете ќе почне прво да протестира заради мирното седења на терасата од кафулето. Ме прашува таа мене: “Се сретнуваш ли со такви жени? Секако, ме убиваат во поим. Се чувствувам ужасно неспособно и лошо покрај нив”.

Таа се намршти, ми се приближи да не слушне никој и ми вели : “Јас мислам дека лажат!”.  Се насмеав од дното на душата, бидејќи до тој момент никогаш не помислив дека можеби е така, а тогаш како некој да ми откри нов свет.

- Јас мислам дека и нив им е исто како нам, но тие едноставно лажат, повтори сега уште посигурна, бидејќи се согласував со нејзината теорија.

Многу пати се сеќавав на неа и многу пати ме спаси нејзиното објаснување.

***

Веројатно погодувате, јас ни малку не сум супермајка. Мислам, сега кога мојот син наполни две години, работите се навистина малку полесни. Сега и јас готвам почесто, станот поретко ми изгледа како да го нападнала глутница хулигани, изгледам многу подобро, подочниците не се толку длабоки и темни, а фризурата ми е посредена. Но и понатаму не сум  доволно храбра некому да му солам памет за тоа во што греши. Никогаш не су си дала за право, на пример, да му ги објаснувам предностите на доењето. Јас своето дете го доев, некој друг не го доел. И не мислам дека заради тоа сум подобра, или полоша мајка или обратно.

Моето дете не сакаше цуцла, но ниту тоа не ме прави подобра од некоја друга мајка. Само два пати досега се влечкал по подот и не мислам дека сум воспитен генијалец. Не сум ниту доволно нереална за да си припишувам волшебни моќи заради тоа. Мојот син никогаш не вришти, нити хистеризира, дури можам да кажам дека многу ретко плаче.

Една моја продуховена пријателка од  педагошката струка мисли дека тој е таков баш од причина што никогаш не сум воведувала непотребна дисциплина, нити сум го трауматизитала со методот “поплачи си, ќе ти се олесни”. Не знам дали тоа навистина е така. Ќе ги видам резултатите по неколку десетлетија. Затоа супер мајки, оладете малку. Бидејќи навистина релативна работа е дали детето на супер мајката ќе стане супер, или таа ќе стане хаотична. Можеби ние либералните, попустливите и луди понекогаш, на крајот ќе имаме подобар резултат.            

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кога е време за логопед?
“Моето дете не зборува” “Сеуште не изговара Р, а има 3 години” “Почна да пелтечи” “Моето дете погрешно чита” Помош?
5
Бенефиции за разведените родители
Министерството за труд и социјала ќе ги средува личните односи на детето со родителот, со кого не живее заедно, истакна ...
4
Зошто децата се плашат од стоматолог?
Грижата за севкупното здравје подразбира и грижа за здравјето на устата, односно грижа за забите и непцата. Со никнување...
4
Силна жена
Ти силна жено, колку болки, колку ножеви те распараа, жено? Колку ли страдања преживеа жено? Еј, ти жено...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?