Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Значи на секоја мајка, па и вам, потребно ви е следното:
Еден ден без детски цртани и песнички
Сигурно и вашето дете сака да гледа цртани филмови, можеби и веднаш откако ќе се разбуди. Можеби тоа понекогаш ќе ви ја олесни работата бидејќи не ве бара вас, но дали некогаш не ви доаѓа да го гаѓате телевизорот? Понекогаш, барем понекогаш, на мајката и е потребно малку телевизија за возрасни или само малку тишина.
Другарка мајка
Не оние “совршени мајки” заради кои се чувствувате дека се ' правите погрешно. Потребни ви се оние мајки кои не ве оценуваат и потценуваат на секој чекор и кои ќе ве разберат кога сакате да побегнете од дома на неколку дена. Ќе ве разберат бидејќи и тие го посакуваат истото.
Една или неколку ноќи добар сон
Ако се случи барем една ноќ да не мора да се будите повеќе пати за да го нахраните бебето, веќе следната ноќ задолжително ќе биде пеколна. Направете си услуга себеси на другите и најдете начин да отспиете на мир. Дали тоа ќе значи да го задолжите сопругот за се, да спиете кај мајка ви, или да го однесете бебето кај неа, изботот е ваш. Ако возраста на детето ви го дозволвува тоа, само напред!
Туширање на мир
ПОдолгиот престој во бањата е скоро невозможен за мајките. Дали е така и со вас? Но, за да може да се опуштиите и да ги поднесете сите обврски, како што знаете и умеете влезете во купатило во моментите кога ќе бидете сами. Немојте да ја средувате куќата, средете се себеси. Ќе се чувствувате прекрасно!
Нормални разговори со возрасни
Дале сте забележале дека, посебно кога сте со детето, сите со вас разговараат на детски теми, понекогаш и со детски јазик? А вам ви е дојдено до малку нормален разговор. Започнете го вие, но борете се тој разговор до крај да остане нормален.
Лично хоби
Прекрасно е кога мајките го поминуваат своето време со децата, ги водат по игротеки, часови и треннзи. Но понекогаш, за да не ја изгубат главата, на мајките им е потребно лично хоби, кое не вклучува ништо детско. Сигурно постои нешто што сакате да го правите и во што уживате. Посветете му на тоа хоби повеќе време.
Машина за миење садови и машина за сушење алишта
Овие две направи можат многу да ви го олеснат животот. Трудете се да ги имате дома. Така сигурно ќе избегнете дел од лудилото.
Вежбање
Она што секоја мајка го сака, а секогаш е на дното на нејзините проритети, е секако вежбањето. А тоа може најбрзо и најдобро да ви помогне да се ослободите од стресот и да се чувствувате подобро во сопствената кожа. Трудете се вежбањето да ви стане дневна рутина.
Фризер/маникир/педикир/масажа
Еден час време за тремнан кај вашиот фризер или козметичар, не треба да ви предизвикува чувство на вина. Напротив, ваквите третмани им се потребни на жените за да се чувствуваат подобро и поубаво. А вашиот драг би требало да го цени тоа.
По некоја чаша пијалок
Ужиивањето во по некоја чаша вино или пиво, одвреме навреме, е добра за вашето расположение. Важно е да не претерувате и тоа да не прерасне во алкохолизам. Се' умерено е дозволено, дури и пожелно.
Редовни излегувања со партнерот
Формиравте заедница со партнерот бидејќи го сакавте него. Кога ќе дојдат децата не треба тоа да го заборавите. Издвојте време еден за друг за да не полудите.
Прифаќање помош
Само речете ДА, кога некој ќе се понуди да ви го причува детето, да ви донесе нешт за јадење, или да ви понуди помош во куќата. Не правете се јунаци.
Редовна исхрана
За да бидете на врвот на сопствената снага и да можете да се грижите за бебето како што треба, морате најпрво да мислите на сопственото здравје. Лошата и нередовна исхрана може да ве направи нервозни, а тоа е она што се обидуваме да го избегнеме. Од друга страна, со редовна и здрава исхрана ќе им дадете добар пример на вашите деца.
Време со самата себе
Од пресудно значење за вашето ментално здравје е пронаоѓање на време за опуштање – со медитација, купка, со книга и слично. Пронајдете го.
Добар пријател
Барем еден пријател со кој можете да разгварате за се, дури и кога не се работи за детето. Тој или таа, не е важно, важно е да имате пријател кој ќе ве постои дека постои свет, надвор од оној детскиот.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Make a step: Линија за проодување
Daumling знае дека детските стапала не се само мали верзии на стапалат...
Избор на вистинските чевли за првите чекори
Првите детски обувки се многу важни за правилниот развој на стапалата ...
Daumling детски чевли со Terra-Care кожа
Германскиот специјалист за производство на детски чевли Daumling отсек...
Пелени - основни работи за секој родител
Изборот на вистинската пелена и разбирањето како да ги користите и да ...
10 изненадувања по породувањето
Претпоставувам дека сите луѓе кои имаат деца веќе го виделе пеколот, п...
Симптоми на породување.
пеперутка16
Кои беа вашите последни симптоми пред породувањето тој ден или ден или два пред тоа? Дали сте имале некакви симптоми?