|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Промовираме македонски автори: Благица Наумова

Марина Кљајиќ Петковски, 1.6.2022
Неодамна излезе од печат книгата ”Тајната за розата Дафне" од авторката Благица Наумова. Книгата е првенче на младата прилепчанка, а истата е издадена во соработка со издавачката куќа Збор

image
/11


Интересот на читателите е голем и импресиите не стивнуваат, а има и зошто.

Неизмерно радува секој еден нов македонски автор, а посебно млади, талентирани автори како Благица, која со својот посебен и уникатен стил се издигнува. 

Топла препорака за нејзиното дело имате од нашиот тим.

Задоволство ни е што Благица ја прифати поканата за гостувањето во нашата рубрика.

За почеток,таа вели - 

”Пред сe, Ви благодарам за можноста да бидам дел од оваа дружба.

Јас сум студент по македонски јазик и книжевност на Педагошкиот факултет во Битола. Морам да кажам дека изучувањето на овој предмет многу ми помогна да се пронајдам себеси како личност, како и да го усовршам она што постои во мене - творењето. Пишувањето никогаш не го сметав за хоби. Секогаш го сфаќав сериозно, па се радувам што ме внесе во светот на писателите".

Рингераја: Кога ја откри љубовта кон пишувањето? 

Благица: Кога бев мала, како и секое дете имав замислено што ќе бидам кога ќе пораснам. Мојот сон беше да станам писател. Затоа читав книги (најчесто приказни) и потоа измислував свои. Но, како што растев, желбата да бидам писател се заборави, се додека не започнав средно образование. Тогаш се присетив на мојата желба и решив повторно да се обидам.

Рингераја: Имаш ли учества на литературни конкурси, освоени награди...?

Благица: Како што напоменав и претходно, доцна се открив себеси во областа на творењето. Имам учествувано на пет-шест литературни конкурси и ги имам добиено следните награди:

- Освоено второ место на литературниот конкурс по повод ,,Ден на мајчиниот јазик",

-Освоено второ место на Меѓународниот литературен конкурс ,,Велигденска апотеоза" и

-Освоено трето место на литературниот конкурс на тема ,,Учителот ".

Рингераја: ”Тајната за розата Дафне " е твој дебитантски роман. Кога започна со пишување и како сфати дека тука "лежи" книга?  

Колку време беше потребно за да ја напишеш?  

Што те инспирираше за истата? 

Благица: Идејата да напишам роман постоеше одамна, меѓутоа недостигаше инспирација и трпение. Многупати започнував книги и секогаш завршуваа со дваесетина страни. ,,Тајната за Розата Дафне " се роди со сон. Го сонував почетокот на книгата и тоа беше доволно за да ја започнам. Средината и крајот не ги имав смислено, токму заради тоа што ликовите ја создаваат приказната а не авторот. Како писателот се запознава со карактерот ликовите така ја продолжува приказната. Околу процесот на пишување морам да споменам дека одеше доста брзо. За еден месец беше веќе готова но секако потоа следуваше долг период на нејзино внимателно читање и средување. Како инспирација ми послужи грчкиот мит за Дафне и Аполон.

 

1

Рингераја: Романот веќе ги освои читателските срца и е доста позитивно критикуван низ книжевните групи. Сигурно чувството е прекрасно.

Благица: Јас сум навистина среќна кога читателите се задоволни. Иако, приказната требаше да има тажен, трагичен крај, сепак помислив на нив и решив да биде среќен. Најважно ми е читателите да уживаат во приказната и да се пронајдат во некои од ликовите. Митот за Дафне и Аполон беше главната инспирација. Пишував секојдневно и музиката беше онаа што ме мотивираше да продолжам понатаму. Музиката беше тивка мелодија и во зависност од настаните што се случуваа книгата се менуваше. Благодарение на неа изникнаа романтичните дијалози помеѓу ликовите. На книгата бев целосно посветена и како што споменав и на почетокот, не ја сметав за хоби. Таа за мене беше сериозна работа и целосно и се посветив. Пишував најчесто навечер, понекогаш и наутро, но заклучокот што го изведов беше дека вечерните мисли се далеку покреативни од денските.

Рингераја: Романот е издаден преку издавачката куќа Збор. Кажи ни како се случи оваа соработка?

Благица: Пред да испратам во издавачка куќа Збор, имав пратено и на други места, меѓутоа доцнеа со повратен одговор. Издавачката куќа Збор беше првата што навремено ми одговори и јас навистина сакам да и се заблагодарам на Емилија Златкова Анастасова која застана позади мене и ми помогна да го издадам романот.

За соработка издавачката куќа Збор е совршена! Одговорни се, тимски работат, ги почитуваат желбите на авторот и што е најважно од с?-го подржуваат! Тоа е она што му е потребно на секој автор.

Рингераја: Членуваш во читателски групи на социјалните мрежи. Какво мислење имаш за македонците како читатели?

Благица: Македонците како читатели се добри. Внимателно читаат и пишуваат добри рецензии за прочитаното. Забележувам дека се и добри критичари во однос на литературните дела. Сепак сметам дека с? уште не е доволно висок интересот за читање на македонски автори. Верувам дека тоа ќе се промени бидејќи ги има во голем број и сите се одлично талентирани. Потребно е само да им се даде шанса.

 

2

Рингераја: Каква литература читаш? Кој е твој омилен жанр? Кој автор те инспирира?

Благица: За градење на мојот стил секогаш се потпирам на драмите на Вилијам Шекспир кој е мојот омилен и незаменлив писател. Освен драмите на Шекспир читам и романси. Меѓу омилените писатели и дела ги вбројувам: ,,Дракула " од Брам Стокер, ,,Божествена комедија'' од Данте Алигиери и ,,Канцониерот" од Франческо Петрарка.

Рингераја: Читаш ли македонски автори? Кои меѓу нив би ги издвоила?

Благица: Во Македонија имаме навистина одлични писатели и како најдобри би ги наведила Венко Андоновски и Емилија Златкова Анастасова. Ги обожавам нивните дела! Освен нив, ги читам и новите македонски писатели од издавачка куќа Збор. Сите се одлично талентирани!

Рингераја: Ни подготвуваш ли нешто ново? 

Благица: Секако. Кога доаѓа летото, инспирацијата бескрајно расте и во мојата глава веќе настана нова приказна. Се надевам дека истата ќе ја реализирам наредната година. 

За на крај би се заблагодарила на ,,Рингејаја" за направеното интервју. Ми беше чест да одговорам на вашите прашања. Благодарност упатувам и на сите оние кои го читаат! 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Излечете ја кандидата со лук?!
На сите ни е познато дека лукот е волшебник кога се во прашање лекови од природата. Но дали знаевте дека лукот е феномен...
4
Близначки кои се запознале по 30 години
Оваа приказна може да Ви личи на сценарио за филм, но ова е една апсолутно вистинска животна приказна. Две сестри од Инд...
3
Се ожени Полат Алемдар
На големо изненадување на фановите, Полат Алемдар се ожени!
3
Среќен 8-ми март на сите жени!
“Без жена почетокот на нашиот живот би бил без помош, средината без задоволство, а крајот без утеха”, рекол Бајрон.Среќе...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?