|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Поддржуваме мали бизниси: Silvs plants

Марина Кљајиќ Петковски, 20.5.2022
Збогатувањето на домот и градината со растенија ќе ви го разубави животот, но грижата за нив не е секогаш лесна, особено ако во тоа сте почетник

image
/11


Независно дали сте имале неколку неуспешни обиди за одгледување на растенија, размислувате со кое да започнете или веќе имате мала домашна колекција, секогаш се добредојдени совети од експерт. 

Силвана е личноста која ви е потребна. Нејзиниот Инстаграм профил изобилува со навистина прекрасни, корисни информации на тема растенија.

Само погледнете и веднаш ќе ви стане јасно зошто Силвана е позната и како матичен доктор за растенија. 

На наше и ваше задоволство, Силвана издвои време и ни одговори на прашањата. 

 

1

 

Рингераја: Накратко, која е Силвана?

Силвана: Јас сум биолог заљубен во науката, природата и животните. Секогаш инспирација наоѓам во секојдневието и среќата на најблиските, сакам едноставни работи и искреност.

Рингераја:  Вашиот Инстаграм блог привлекува внимание. Таму споделувате информации на тема кактуси и сукуленти. Како дојдовте до идејата?

Силвана: Профилот дојде како иницијатива на мои блиски пријателки во пандемијата, сосема спонтано и како резултат на мојата активност во повеќе групи за растенија на социјалната мрежа Фејсбук во тој период. Некако луѓето веќе почнаа да ме препознаваат мене и мојата самоиницијатива да споделувам познавања за одредени видови и самиот начин на одгледување растенија, па имаше и интерни шеги од типот на – Силве ти си им матичен доктор на моите растенија.

 

3

Рингераја: Од каде црпите информации и имате познавање на оваа тема? Од кога датира вашата пасија кон растенијата?

Силвана: Од дете ме интересираше природата, а и мојата баба беше цвеќарка па често ме шеташе низ нејзината голема градина и детално ми ги опишуваше сите растенија и начинот на кој се одгледуваат. Љубовта кон науката и љубопитноста како дете ме насочија кон Природно Математички факултет каде дипломирав на отсекот Биохемија и Физиологија и успеав да навлезам подетално во светот на растенијата, да ги истражувам и да сакам да ми се постојано во близина. Со одгледување на сукулентни видови започнав крајот на 2016 година, а од тогаш до денес мојата колекција брои преку 1000 видови. Информации црпам од странска литература, одгледувачи и колекционери кои снимаат видеа, онлајн заедници на луѓе со и без искуство од кои се учат грешки, но и многу тактики како одреден вид полесно да се одгледува и подобро да се адаптира на одредени услови.

 

3

Рингераја: Автор сте и издавач на ”Приказна за моите 100 растенија " и ”Краток прирачник за нега на растенија". Кажете ни нешто повеќе околу истите? За кого се наменети? Каде може да се набават?

Силвана: Приказна за моите 100 растенија е моето првенче, издадено Ноември 2021 година и истото е бележник со илустрирани совети и насоки за одгледување растенија, место за бележење 100 растенија со нивните потреби, креирање на сопствена листа на желби, простор за запишување на нови сознанија и страница за следење личен развој и персонализација. Примена на бележникот, а и прирачникот кој е надополнување на информациите за почетничко одгледување растенија може да има секој еден кој сака да започне со одгледување, веќе одгледува растенија и му е потребно место за следење на своите растенија или пак љубители на природата кои го љубат пишаниот збор и би нашле примена на своето секојдневие низ страниците на сопствената зелена приказна. Бележникот за растенија го има во продажба на повеќе локации : Топер, Мала Пажња, Плантопија, Цвеќарница ЖареМи Про и Евергирн цвеќарница. Зелена кутија како промотивен сет од прирачник и бележник во моментов е на продажба само на профилот на инстраграм бидејќи прирачникот е во ограничена количина. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на Александра Ефтимовска од Плантопија, која ја овозможи промоцијата на бележникот, но и на мојот лектор Весна Костовска и мојот дизајнер и илустратор Мартин Арсовски кои се најзаслужни за постоењето на ,,Приказна за моите 100 растенија”

 

kniga

Рингераја:  Колку растенија има вашата колекција?

Силвана: Не сум ги броела и не можам да дадам конкретна бројка, но се сигурно преку 1000.

Рингераја: Кое е првото растение кое го имавте?

Силвана: Започнав со импулсивно купување на многу растенија истовремено и не би можела да кажам кое е купено прво. Од почетната колекција успешно до денес имам Echeveria Setosa f.Cristata и Aeonium Arboreum ‘Zwartkop’

 

4

Рингераја: Кое растение бара најмногу услови за одгледување?

Силвана: Едно растение е онолку комплицирано за одгледување колку што е подалеку од својата природна средина за живот т.е биотоп. Ние луѓето свесно внесуваме растенија во своите домови кои имаат специфични потреби и се навикнати да растат под конкретно дефинирани услови. Кај нас, поради флуктуациите во температурите и влажноста во текот на годината, секое растение кое бара повеќе влажност или повисока температура и директна сончева светлина, знае да појави проблеми во растот и развојот доколку не се адаптираме на потребите кои ги има. На ова прашање не може да се даде прецизен одговор бидејќи се зависи од нас и колку ние сме подготвени да му обезбедиме на одреден вид, доколку истиот не толерира преголеми отстапувања во основните параметри за развој.

Рингераја: Кое растение од вашата колекција ви е омилено и зошто?

Силвана: Би го издвоила целиот род на Красули. Убави се и поединечно насадени, но и како микс од повеќе растенија заедно. Немам некоја посебна причина зошто баш нив најмногу ги сакам, но уште од почетоците знаев дека морам да ги имам сите и дека за мое око се посебни и секогаш најмногу се издвојуваат покрај останатите кои ги купувам и имам.

 

4

Рингераја: Кое растение е најново во вашата колекција?

Силвана: Лаванда, подарок ми е и навистина нетрпеливо очекувам да се рашири што повеќе.

Рингераја: А кое најнеобично, ретко, уникатно?

Силвана: Мојата колекција изобилува со ретки, уникатни и необични видови, така што не би можела да одвојам само едно и да го истакнам пред останатите. Од она што во моментов ми паѓа на памет можам да ги издвојам: Euphorbia inermis, Crassula Buddah’s temple, Echeveria Trompette, Aeonium Lemon Lime, Crassula Barkley, Sinocrassula Yunnanensis cristata и веројатно многу други кои вреди да се видат и набљудуваат детално.

 

5

Рингераја: Кактусите важат за најлесни за одржување, но лично јас, а верувам има и други како мене, важам за личност која "убила" дури и кактус. Што е најголемата грешка при одгледувањето кактуси?

Силвана: Веројатно луѓето ги сметаат за најлесни за одржување бидејќи можат да живеат без вода, но тоа не значи дека ако ги ставите било каде и истите неправилно се развиваат дека се среќни и дека вие успешно сте сочувале растение. Кактусите бидејќи се растенија кои растат во суви предели, истите не сакаат супстрат кој има многу хранливи материи, не сакаат многу вода и уживаат на силна сончева светлина. Најмногу се греши во наводнувањето и садењето во декоративни саксии без отвор на дното, но постојат околности на кои треба да се обрне внимание и затоа не може да се генерализира особено не кога станува збор за живи суштества. Ви препорачувам да го отворите профилот на Silvsplants и да им посветите време и внимание на објавите за начин на одгледување сукулентни видови во дадени периоди од годината.

 

6

Рингераја:  Кои растенија ги препорачувате за почетник?

Силвана: Растенија за почетници кои сакаат да наводнуваат повеќе би биле Хлорофитум, Каланхое или Спатифилум, а луѓе кои подзабораваат да стават вода може да се почестат со Замија, Сансевериа, Красула – дрво на парите, некое кактусче на кое ќе му овозможат правилен супстрат и доволно директна сончева светлина + многу љубов.

Ви благодарам на можноста за ова прекрасно интервју.

Зелен поздрав до сите од Силве.

7

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

На кафе кај Марија Симоноска - Ковчеже отв...
Денешно друштво за кафе - муабет ни е прилепчанката Марија Симоноска, авторка на книгата поезија Ковчеже отворено со сти...
5
Волку, волку, неколку прашања и толку
Успехот на нашите кошаркари на Европското првенство во Литванија донесе голем интерес за преносите од шампонатот, а со т...
3
Бред Пит во новата сезона на "Величест...
Според пишувањата во турските медиуми, славниот актер Бред Пит ќе се појави во седум продолженија на турската хит серија...
3
На кафе кај Пепа Димитрова...
Разговараме со Пепа за нејзината нова нумера, нејзините искуства на музичката сцена и за нејзината улога како мајка
3




Анкета

omilen akter
lady_mkd

omilen akter koj ve ostava bez zdivvv

robert pattinson (21%)

antonio banderas (79%)


Број на сите гласови: 28

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!