Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Во нашето општество сеуште владее ставот дека детето нема да се развие во личност која може да се вклопи во општеството, ако не го научиме на добро однесување и не му покажеме како треба да се однесува, преку наградување и казнување. Тоа е точно, но не на начин на кој ние тоа го замислуваме. Науката сеуште не открила до крај ефективна мотивација која ќе ги поттикне природните инстикти за добро однесување кај детето. Заради недостаток на тој увид развиен е метод на посакувано однесување – од светот на возрасните. Притоа забораваме дека децата функционираат поинаку и дека тие методи имаат разoрни последици врз развојот на детето.
Заради тоа незрелоста достигна пандемски размери. Импулсивност, афект, ставови или – или, потешкотии во прифаќање на промените, неодговорност, радикализам, перфекционизам, недостаток на внатрешто чувство на сопствена вредност...Тоа се последици на недовршениот процес на созревање на детето, со кои детето ќе живее цел живот. Повеќето од овие карактеристики се резултат на вообичаените методи на воспитување кои родителите ги применуваат по инерција, не сфаќајќи која цена ја плаќаат и тие и детето.
Природно созревање на детето
Прашањето не би требало да биде како да се постигне саканото добро однесување кај детето и кој метод да се примени. Вистинскто прашање е како да побарате нешто од него или да му наредите нешто, а тоа да не направи пречки во неговиот развој и да не го спречи психичкото и емоционалното созревање. За жал, повеќето книги и едукативни програми го предвидуваат тој дел и ориентирани се исклучиво на методите кои доведуваат до саканото однесување на детето. Примената на тие методи има и нуспојави, исто како што сите лекови и додатоци на исхраната имаат свои несакани ефекти. Заедно со методите на воспитување, треба да се наведат и можните последици за родителите да имаат потполна информација дали ќе ги користат или не.
Вообичаените методи на воспитување можеме да ги поделиме на :
Проблемот се јавува кога со нашата претерана реакција ќе го пробиеме прагот на поднесување на стравот (тоа се случува многу лесно кај сензибилните деца, кои денес ги има се' повеќе), па детето да се преплаши. Мозокот на тоа реагира со отапување на алармниот центар во мозокот. Таквото дете станува многу тешко за воспитување и насочување.
Често сме сведоци на родители кои викаат: “Сто пати сум ти рекол/ла да...”. Тоа е јасен показател дека детето повеќе не е рецептивно за таков пристап. Алармниот центар во мозокот најдобро работи кога говориме мирно и со модулација во гласот ќе постигнеме детето да не сфати озбилно. Проблемот е во нашиот инстикт да го повишиме тонот. Решение за проблематичната ситуација не е во менување, казнување и дисциплинирање на детето, туку во избрзаната реакција на родителите.
Ако викнеме на детето и видиме дека тоа го скаменило своето лице, гледа со стаклени очи и не реагира на нашите барања, обично сме поттикнати да викнеме уште погласно за да го натераме да не слуша и послуша. Тоа е она што НЕ треба да го правиме бидејќи детето веќе се стегнало и се одвоило од болните чувства, што забележуваме по реакциите на телото и лицето. Ако претераме, треба да застанеме и да се обидеме да ја обновиме комуникацијата и да ја вратиме довербата, а дури потоа да го решаваме настанатиот инцидент.
Барате решение?
Ненасилно воспитување на децата
забава Бремените
Автор: bobik
Децата паѓаат. Тоа е дел од нивниот раст, игра и учење. Од првите обид...
Првата играчка не е само обичен предмет. Таа е првиот мост кон светот ...
Како да ги заштитите коските за време на бременост?
За време на бременоста, телото на жената прави неверојатни прилагодува...
Митови и вистини спиење со бебето во ист кревет
Што треба да знаете пред да ја донесете оваа одлука, со срце, но и со ...
Фризерскиот салон како оаза за бремени жени – еве зошто
Мирисот на шампон, звукот на фенот и тишината на мислите. Понекогаш, т...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: