Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Уморни сте и незадоволни бидејќи животот не Ви носи нови возбудувања и целосно се претворил во рутина? Понекогаш и одлучувате нешто да промените, но кон одлуката не се придржувате долго. Наместо секогаш да ги повторувате истите грешки и да донесувате драматични одлуки кон кои нема да може да се придржувате, обидете се да ги следите овие совети кои би требало да ви бидат забавни, што ќе помогне кон нивно придржување.
Смејте се повеќе
Секој ден погледнете се во огледало и дарувајте си задоволна и блага насмевка.
Одморајте се доволно
Ако не можете да се навикнете на идејата дека ништо не правите и тешко Ви е да се одмарате – најдете некое едноставно хоби : читајте, сликајте или изработувајте накит. Но немојте да си поставувате цели поврзани со хобито и од релаксирачките работи да си предизвикате стрес.
Направете мали промени
Почнете со мали промени. Пронајдете го почетниот чекор и тргнете кон посакуваната цел постепено. Ништо не се случува преку ноќ.
Бидете пољубопитни
Колку повеќе сакате да знаете за светот и за луѓето кои Ве опкружуваат, толку животот ви станува поинтересен. Љубопитството исто така Ви помага да останете флексибилни и отворени.
Пресметајте го секој чекор
Радувајте се на секоја промена. Не е важна само целта, туку и тоа во меѓувреме.
Вратете се кон природата
Поголемиот ден од денот го поминуваме опкружени со вештачки нешта и поради тоа свесно потрудете се да се вратите кон природата, барем што се однесува до исхраната и до негата на телото.
Уживањето нека Ви биде приоритет
Направете попис на нештата во кои уживате и правете ги.
Обојте го животот
Избирајте различно овошје и зеленчук, разнобојна облека но и различни пријателства.
Водата е нужна
Осум чаши течност се нужни за правилно функционирање. Ако имате можност во просторијата во која престојувате, поставете фонтана. Течењето вода го јонизира просторот.
Разбудете се среќни
Можеби не Ви се чини така, но ова всушност е едноставно. Штом ќе ги отворите очите, кажете си : „Денес ќе бидам среќна“.
Невообичаени активности
Секоја недела одвојте барем еден час за активности кои не се вообичаени за вашиот животен стил.
Купете алат
Верувале или не поправките се забавни и немојте да им допуштите само на мажите да се забавуваат.
Префрлете се на риба
Не само што исхраната богата со морски плодови го намалува ризикот од срцев удар, туку помага и во зачувувањето на здравјето воопшто и може да го подобри расположението.
Слушајте
Често мислиме дека добар комуникатор е личноста која знае да го каже точно она што го мисли, но уметноста на комуникацијата се крие во слушањето и сфаќањето.
Никогаш не го завршувајте денот со вести
Во кревет би требало да се одморате и да собирате енергија за следниот ден, а не да размислувате за она што всушност сте го слушнале, било добро или лошо. Денот секогаш завршете го со нешто што Ве отпушта.
Станувајте рано
Разбудете се 30 минути порано и тоа време искористете го за медитација, молитва, вежбање, утринска прошетка.
Градете нови пријателства
Старите пријателства нужно е да ги негувате, но мора да дозволите и нови личности во вашиот живот.
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Се расправате често? Не е крај туку почеток на промена
Кога расправиите стануваат чести, лесно е да помислите дека нешто е „с...
Љубовта што не се изговара, туку се чувствува
Понекогаш најдлабоката љубов не живее во зборовите, туку во малите гес...
Најчести инфекции кај деца. Кога е време за педијатар?
Детскиот имунитет се гради постепено. Токму затоа, во првите години од...
Кога ќе одлучите да не се откажувате, успевате
Успехот не доаѓа случајно. Тој не е резултат на среќа, туку на малите ...
Сексуалниот живот е дел од интимноста и блискоста во врската. ...