|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај Славица Трчкова

Марина Кљајиќ Петковски, 25.11.2021
Славица Трчкова од Скопје, по професија е адвокат и застапник за индустриска сопственост од 2002 година а позната е по своите креативни изработки во decoupage и quilling техниките

image
/11


"Иако и мојата професинална определба е до некаде креативна, сепак имав потреба за поголема креативност. Едноставно светот на боите и формите ми е поблизок отколку светот на правото" - вели за себе Славица во нејзиното гостување во нашата рубрика.

Рингераја: Креативна и креаторка на широк спектар производи од рачна изработка - така би те опишал секој кој ги сретнал твоите профили на социјалните мрежи.

Изработуваш многу производи од различни материјали и во различни техники. 

Какви производи има во твојата понуда и со кои техники работиш? 

Славица: Никогаш не се ограничувам себе си на една работа. По природа сум љубопитна, па сакам да експериментирам. Но, она што најмногу го работам е decoupage и quilling. Иако, имам пробано и други техники како глина и епоксидна смола. 

Рингераја: Од кога и како започна со изработките?

Славица: Од секогаш нешто изработувам. Веројатно бидејќи растев со баба ми која беше многу вредна жена и ми ја пренесе љубовта да создавам нови креации. 

Инаку, со ова што денес го работам, скоро шест години. А иницијалната каписла беше еден проект на син ми, каде требаше да направиме слика употребувајќи некоја невообичаена техника. Така, трагајќи по интернет го запознав quillingot. И започнавме со проектот со домашни алатки кои ги имавме на располагање. 

 

1

 

Рингераја: Секоја техника бара одредени вештини, различни материјали, одредено време за изработка.

Која би рекла дека е наједноставна а која најголем предизвик? 

Славица: Секоја техника има свои предности. Сподебено помеѓу decoupoage и quilling , можам да кажам дека квилингот не е потешка, но бара поголемо трпение. За разлика од декупажот, каде салфетката ја одредува бојата, стилот во кој ќе се движам, кај квилингот мора сама да созdадам слика, како целина како и да го создадам репроматријалот со помош на ленти од хартија кои сама ги формирам со помош на специјални алатки. Од друга страна, декупажот бара мнoгу време за изработа (потребно е време да се исушат слоевите боја, лепак, лак). Зависи многу и од атмосферските услови. Кога е ладно и влажно потешко се сушат изработките, а секое сушење со било каков топлотен извор создава ризик да се оштети изработката. Така, јас комбинирам, додека се сушат изработките со декупаж техника, јас работам квилинг.

Рингераја: Дали е потребна претходна обука, некаква заштитна опрема, посебни услови и простор за работа?

Славица: Пред се, било која техника бара голема посветеност. Надограбата е многу битен фактор ако сакате да имате успешни изработки. Јас сум посетувала неколку обуки во странство и во Македонија. Сепак се работи за хемски препарати и задолжително е познавање на примена на одредени техники. Секако, за оние читатели кои сакаат да се занимаваат со овие техники од хоби, тогаш основите може да се научат и од разни туторијали на социјални мрежи. Но, доколку сакаат сериозно да се занимаваат, неопходно е да поминат одредени обуки пред се да ги научат основите на комбинирање на материјали, бои, форми...

И секако да нагласам дека сепак се работи за хемикалии, заштитата на дишните патишта (маска и ракавици) е задолжителна.

 

2

 

Рингераја: Колку потрошувачите се заинтересирани за твоите производи? Колку нашиот народ ја цени рачната изработка воопшто? Кој производ е најпопуларен и најбаран?

Славица: Ракотворството е работа како и секоја друга. Колку ќе вложиш толку ќе добиеш. Тука не мислам само на материјално вложување во алати и репроматеријали, туку мислам на целосно вложување. Вложување на време, енергија, љубов, надоградба. Многу е битно да се следи побарувањето на пазарот, што е она што ги привлекува луѓето. Исто така да се следат и трендовите. 

Јас лично сум презадоволна од она што го добивам како одговор од моите следбеници и купувачи. Можеби затоа што успевам да ја преточам ниваната приказна и желба во изработка што ја замислиле. А дали кај нас се цени ракотворството? Мислам дека има една позитивна тенденција на подигање на свеста за значењето на рачната изработка. Зошто она што може рака да го направи, ниедна машина не може. 

Рингераја: Колку си задоволна од досегашното работење?  

Славица: Јас сум задоволна и благодарна на секој убав збор, секое допаѓање или позитивна енергија што ја добивам од моите клиенти. Пресреќна сум што преку моите изработки запознав прекрасни луѓе. 

Рингераја:  Живееме во време на пандемија од која сите сме затекнати и нашите животи добија друг размер. Луѓето се поактивни на социјалните мрежи повеќе од претходно. Дали како сопственик на онлајн бизнис забележа позитивен ефект?

Славица: Пандемијава ефектираше во сите сфери. Но, секогаш во лошото има и нешто добро. Поголемата активност на социјалнте мрежи овозможи повеќе луѓе да видат што работам, да се запознаат со мене и моите изработки. Така да, до некаде има и позитивен одраз ова што ни се случува.

 

3

 

Рингераја: Производите се достапни на твоите Инстаграм и ФБ профили 

Твои идни планови? Можеби некој нов производ? 

Славица: За жал, колку пандемијава имаше позитивен фидбек на социјалните мрежи, толку имаше негативен ефект во однос на настаните во живо. Многу настани ни беа скратени како базари, обуки, беспосредни контакти со клиенти. Имам во план некои проекти (кои заради пандемија беа прекинати) 

Производите се достапни на твоите Инстаграм и ФБ профили 

Рингераја: Што би им препорачала на оние кои размислуваат за сопствен бизнис?

Славица: Да не се двоумат. Ако е тоа што ги исполнува , нека превземат чекор во испонување на своите соништа. Но, да бидат спремани дека има падови, но има и подеми. Но ако не е така, нема ни да биде интересно.

И благодариме на Славица за издвоеното време и и посакуваме уште многу креативни изработки и многу нови и задоволни клиенти.

 

3

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Поддржуваме мали бизниси: Silvs plants
Збогатувањето на домот и градината со растенија ќе ви го разубави животот, но грижата за нив не е секогаш лесна, особено...
8
Домашен лек за лечење на кандида
Оваа упорна гливичка е чест жител на нашиот организам. Во прилог е домашен рецепт за лечење на кандида, кој е истo така ...
4
Масти и видови на масти
На етикетите на многу производи ќе прочитате дека се со “малку масти” или се “без масти”. Диетите со мала количина на ма...
4
На кафе кај @bibliophiles
“Најдоброто кино во светот е мозокот, а тоа ќе го сфатите кога ќе читате добра книга.” – Ридли Скот
4




Анкета

Dali?
Jana9

Dali obozavate cips?

Da (83%)

Ne (17%)


Број на сите гласови: 6

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!