namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Ѕвездата на “Љубов и Казна” даде интервју за Elle Магазин, кое започна со коментарот: ”Депресијата е луксуз, јас немам време за тоа. Животот е убав и јас сум благодарна...”
Изгледате како силна жена. Дали тоа е само слика, или навистина е така?
Да, силна сум. Имам две постари сестри и секогаш бев милениче во семејството. Ме израснаа како принцеза. Никогаш не ги валкам рацете, а секогаш го добивам она што го сакам. Јас сум центарот и секогаш прво мислам на себе, а потоа на другите.
Има ли влијание на Вашиот љубовен живот тоа што сте концентрирана на себе?
Ниту во љубовта не се обидувам да бидам некој кој не сум и не молам. Во љубовта мора да има компромис. Но нема да го живеам животот како други што сакаат, туку тие ќе го живеат својот живот како што сакам јас.
Позната сте како жена која отворено зборува за се. Сепак, за време на Вашиот брак бевте многу тивка. Зошто?
Да се биде отворен говорник не значи да се зборува за се што сакаат да слушнат од Вас. Живеевме во една заедница на која и дојде крајот. Тоа беше врска која се случуваше зад затворени врати. Џем е и мој пријател, не е само татко на Неџат. Заради тоа сеуште се гледаме. Никогаш не зборувам за некоја врска кога ќе заврши, бидејќи тоа не е етички.
Каде се вклопува љубовта во Вашиот живот?
Љубовта е најважното нешто на овој свет. Кога велам љубов, не мислам на вљубеност во една личност. Мора да го сакате она што го правите. Сметам дека за да го живеете животот со полни гради, мора да ги измешате љубовта и лудоста. Ако не го сторите тоа, нема вистински да ја вкусите љубовта.
Што правите откако ќе прекинете некоја љубовна врска?
Постои еден момент кога сакате да тагувате. Но длабоко во себеси јас имам енергија за живот. Имам способност да ја изберам радоста на животот над тагата. Да се биде депресивен е луксуз, а јас немам време за тоа. Животот е премногу убав и благодарна сум што ми е подарен. Ова секојдневно го сфаќам се подлабоко и подлабоко. Живеев преку бракот, а сега сум среќна мајка, имам успешна кариера. Ова ме направи подобра личност. Се будам секое утро и велам: “Фала ти Боже”.
Каква мајка сте?
Неодамна Неџат ми рече: “Ти си најдобрата мајка на светот”, а јас одговорив “Ти си најдобриот син”. Му допуштам да биде независен кога треба, но постојат и строги правила.
Имате принцип да бидете секогаш со Неџат кога ќе заспива. Дали тоа значи дека ако сте на вечера со пријателите, ќе се извините и ќе отидете дома да го заспиете Неџат? Дали се враќате на вечера откако ќе заспие?
Да. Секој поминат момент со детето е драгоцен. На работа сум една Nurgul, дома сум друга, а со пријателите сум трета. Ако имаше и четврта Nurgul, не ќе можев да издржам. Тешко е. Некогаш чувствувам како да се гушам. Јас сум манијак кога станува збор за завршување на обврските. Кога работам нешто чувствувам како да имам четири раце. Неџат е причина за мојата животна енергија.
Кои се Вашите приоритети и кон што целите?
На прво место е мојот син. Ја сакам својата работа и сметам дека сум една од најсреќните личности на светот. Сепак, постои и живот и заради тоа Неџат ми е најважен. Мојата работа не е прашање на живот или смрт. Јас работам во полето на забавата, па никој нема да умре ако не појдам еден ден на работа. Но, да не го поминувам времето со детето, тоа не е исправно. Неговото здравје и неговата среќа се над се' останато.
Оживеавте различни типови на жени со Вашите улоги. Како се подготвувате за секоја улога?
За секоја улога користам различни работи. Поминувам време со различни типови на жени. Поголемиот дел од времето го поминувам со личности кои се вклопуваат во карактерот на улогата и најмногу учам од нив. На пример, за сцена во филмот “Vicdan” морав да глумам жена која многу пие и сакав тоа да изгледа реално. Ако треба да глумам лезбејка, ќе одам таму каде што одат тие и ќе поминувам време со нив.
Публиката и интелектуалците Ве гледаат како најобожуваната турска глумица Turkan Soray. Како се чувствувате во врска со ова?
Возвишено. Треба да се биде искрен со гледачот. Работам напорно за да ја изнесам на сцена улогата најдобро што можам. Плус тоа, го работам она што најмногу го сакам.
Дали имате нов проект?
Имам понуди надвор од Турција, за кои размислувам. Би сакала да живеам и во некоја друга земја. Мислам дека да се живее во друг град од Европа е многу поубаво отколку да се биде турист. Не ми се допаѓа да бидам турист. Сакам да живеам таму. Сакам да одам во иста кафетерија на кафе секој ден, да се движам по истата улица и да велам дека ова е моето соседство.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...