Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Мајката на здраво дете има милион желби за здравје, среќа и успех пред Новогодишните празници.
Majката на болното дете има само една, единствена желба - нејзиното дете да оздрави!
Се надеваме дека енергијата која ја пренесовме во овие три месеци со проектот "Прегратка на дар", искрените желби за здравје и топлината на прегратката апсорбирана во играчката направена од срце, ќе помогнат за побрзо закрепнување на болните дечиња.
Играчките изработени во искрената хуманитарна акција го наоѓаат своето место, покрај болното детско срце.
Среќни празници драги дечиња и што поскоро да се вратите во своите домови, градинки, покрај своите родители и другарчиња!
Во Детските одделенија на Општа болница Велес, Општа болница Штип и Општа болница Кочани на 27.12.2011 година, беа подарени играчки-прегратки кои ќе им бидат поделени на болните дечиња за време на Новогодишните празници. Исто така, играчки беа подарени и на сите деца кои во овој момент се наоѓаат во болница.
Покровител на акцијата "Прегратка на Дар" е HealthAid – BabyVit. Акцијата е поддржана и со грант од програмата CIVICA Mobilitas, имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC. |
3
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Кога ќе одлучите да не се откажувате, успевате
Успехот не доаѓа случајно. Тој не е резултат на среќа, туку на малите ...
Сексуалниот живот е дел од интимноста и блискоста во врската. ...
HPV вирус - информирај се, заштити се, лекувај се
HPV (хуман папилома вирус) се најчестите вирусни инфекции на репродукт...
Што е план за породување и дали навистина ви треба?
Во моментот кога бременоста влегува во последната фаза, многу идни мај...
Кога е навистина предоцна за прегледи за забременување?
Кога една жена или пар се обидуваат да зачнат, секој месец се чувствув...