vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Под елката тие очекуваат големи и блескави подароци, играчки кои играат и пеат. Никој не очекува да добие облека или обувки. Колку и неопходна или модерна да е облеката, ако му подарите таков подарок на мало дете, тоа најверојатно ќе се разочара.
Момчињата како и секогаш сакаат писти, радио автомобили, модули со најразлични одвртувачи, чекани и други додатоци за професијата домашен мајстор. Ќе им се допаднат и акумулаторски џипови или велосипеди. Додека го управуваат џипот, децата можат да слушаат музика, а нивните родители да остваруваат контрола преку далечинскиот управувач. Малите деца се восхитуват и од музичките композиции на возовите, кои работат на батерии, се движат по метални шини, испуштаат чад и даваат звучни и светлосни сигнали, сосема исто како кај вистинските.
Актуелни желби кај девојчињата се вистинско бебе со неверојатно мека кожа, што треба да се храни со посебна кашичка, да биде повиено, може да плаче и да се смее. Како додаток кон него девојчињата може да сакаат столче за хранење на бебето, кревет или количка за прошетки во природа. Не е за одминување и играчка - глава на кукла, со секакви додатоци за шминкање и правење фризури, замокот на Пепелашка, или музичка кујна со микробранова печка, машина за перење и мијалник. На мода се и бремените кукли, од чие стомаче се вади друга мала кукличка - бебе, како и кукли невести. Со еден збор, децата се подготвуваат за времето кога ќе бидат возрасни.
Заедно со сите овие материјални желби, децата сакаат и здравје, среќа и работа за мама и тато. Некои од нив сакаат сестрички или браќа, да имаат татко, нова куќа, да се секогаш насмеани и мир за сите луѓе.
А сите вие џуџиња, кои сега го читате ова, немојте да задоцните. Трчајте да купувате, бидејќи дедо Мраз веќе ги затегнува санките и наскоро ќе дојде кај децата. ХО ХО ХО – ја слушате ли неговата весела смеа, тој ве вика.
Од нас успешна подготовка за Новогодишните и Божиќните празници.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Прв преглед по позитивен тест за бременост
Двете цртички на тестот носат огромна радост, но и многу прашања. Кога...
Ултразвук во бременоста, што треба да знае трудницата?
Од првата мала слика на екранот до деталниот преглед на развојот на бе...
Најдобри вежби за болки во грбот во бременоста
Болката во грбот е една од честите непријатности во бременоста. Како ш...
Затнат нос и тешко дишење навечер во бременоста
Кога легнувате, наместо да се опуштите, чувствувате дека носот ви се з...
Најтешки симптоми во првиот триместар
Првите недели од бременоста можат да бидат исполнети со возбуда, но и ...