vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
За кожата на деколтето да ви биде затегната, се препорачува замрзната лимонада која ќе ја направите така што сок од еден лимон ќе го измешате со 2,5 дл. вода и течноста ќе ја замрзнете во коцки.
Земете од коцките па поминете преку кожата на деколтето неколку пати со лесно притискање, а потоа избришете се со тапкање на крпата.
За градите да ви бидат цврсти направете смеса од една лажица витамин Е во течна состојба, додадете 1 лажица јогурт и 1 јајце. Ставете ја смесата на градите, покријте ги градите со крпата и лежете 20 минути.
Маска која е исто така добра за цврсти гради: измешајте 1 лажица пченкарно брашно со малку вода и ставете ја со кружни движења околу градите, избегнувајќи ги брадавиците. По неколку минути измијте ги градите со вода.
Маската од јаболка е традиционален рецепт за зацврстување на градите. Исечете 2 јаболка на ситни парчиња, додадете 3-4 дл. млеко и варете додека не добиете густа смеса. Откако маската ќе се излади нанесете ја на градите и оставете да стои околу 15 минути. Потоа измијте ги градите со вода.
Хидротерапијата е исто така корисна за одржување на цврстината на градите. При туширање наизменично пуштајте топла и ладна вода, насочете го млазот кон градите и правете осумки. Со тоа ја подобрувате циркулацијата и го затегнувате ткивото.
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да препознаете верен маж?
Верноста не се докажува само со зборови, ветувања или големи романтичн...
Како загадениот воздух влијае врз детското здравје?
Загадениот воздух е еден од значајните фактори на животната средина шт...
Кога точно се случува оплодувањето?
Оплодувањето е моментот кога машката полова клетка (сперматозоидот) се...
Ако барате брз оброк кој е богат со протеини, витамини и растителни вл...
Најчести причини за неплодност кај паровите
Неплодноста е состојба со која се соочуваат многу парови кои сакаат да...