|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Дневникот на Pepelaska RR

image
/11


 

 

Конечно....После не знам колку договори, преговори, одложувања и променети планови се собравме да испиеме едно кафе со моите стари добри другарки. Сите веќе млади мајки, некоја на едно некоја на две прекрасни мали дечиња.

Да, да, секако и нив ги носевме. Така беше и договорот, тие да си имаат друштво и да играат а ние на “раат“ да си помуабетиме но на некои други теми, малку да побегнеме од реалноста и од секојдневните обврски околу нашите најмили.
Одбравме место кое што секако имаше широка тераса каде немаше опасност од автомобили и слично. Децата одвај дочекаа да се изнатрчаат.
Најмалите мирно си седеа во количките и набљудуваа.
Стигна и кафето а со него нели требаше да има опуштени муабети надвор од темата “Деца“.
Тоа ни успеа некои десетина минути. После разговорот кој колку ослабнал, каде има попусти и распродажби и слични женски муабети некоја од мајките праша нешто за нејзиното дете. Како сите тоа одвај да го чекавме и во хор почнавме да и одговараме.
“Не , не јас не правев така, ова и ова е подобро“. Да, супер е тоа и јас го имам користено.“- секоја со своето искуство дали за оброците, спиењето, млекото или пак пелените и влажните марамици.
 Наеднаш ги погледнав сите тие за мене многу мили и драги лица и се подзамислив. Тие беа истите лица со кои до само пред 2 - 3 години најважна тема на разговор и беше каде ќе излегуваме, каде има добра журка или некој концерт,што ќе облечеме...
Сега наеднаш како да видов други лица, лица на загрижени жени, но пред се мајки. Тие истите оние лица со кои знаевме да останеме до 5 часот наутро возбудени од емоции од некоја добра журка или некоја романса на било која од нас и без проблем веќе во 7 часот да функционираме како наспани било на факултет, на работа, секоја со свои обврски.
Еве не пак, сите заедно, разговараме за бебешки работи и се жалиме дека не сме наспани оти нашето бебе решило да си прави “журка“ до 5 сабајле.
Како порано да не сме лудувале по цели ноќи :) 
Но, едно е да си ненаспан, а одговорен само за својот живот, а сосема друго за живот кој ти си го подарил.
Си реков, да го прекинам разговорот за бебешките работи и да свртам тема, но гледајќи како моите другарки уживаат во тоа, со каков занес зборуваат и колку горди мајки се, само им се приклучив.
Се во свое време :)
Ваша Pepelaska RR


Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува...

Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интервју со мајката на киднапираното девојче
Татјана Димитровска - мајка на која детето и е насилно одземено, а која според судот, законот и природата има апсолутно ...
6
Моето дете е себично?
Ако не го оставиме детето да почувствува дека има свои играчки, а тоа значи дека се само негови и тоа решава што ќе прав...
5
Helicobacter pylori – најчестата инфекција
Хеликобактер пилори, претходно наречена и Кампилобактер пилори, е бактерија која ја напаѓа слузницата на желудникот и ја...
4
Храна за душа
Великодушност, моќ за простување, љубов, но и одредени ритуали и обичаи, па дури и чуда се клучни работи за здрав душеве...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?