|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Искрено со Малечка - Наташа Алексовска

Марина Кљајиќ Петковски, 16.7.2021
Наташа Алексовска, авторка на пет книги, живее и твори во Куманово под псевдонимот Малечка. Неодамна ја издаде својата петта книга, и деновиве низ книжевните групи е актуелен автор за кој се зборува

image
/21


Накратко, низ овие дела Наташа зборува за себе, за своите емоции, ни го предава светот низ нејзините очи, ни го пренесува својот живот низ нејзиното перо.
Отварајќи си ја душата, пишува за, нејзината најголема болка, нејзиното страдање, насликано низ бројни нијанси на воздишки... Откривајќи ги најдлабоки желби, своите вечни надежи..  само ни открива колку е всушност силна! Со верба во себе! Со радост и љубов кон животот! Спремна да се предаде најискрено на пријател и да даде с? од себе - сета своја љубов, која од срцето на оваа Малечка жена извира во изобилство!
Гордо ги негува спомените уште од времето кога одела во градинка, доживува симфонија од емоции кон секое годишно време, и иако напати се чувствува како птица во кафез, се гуши од кнедлите кои и стојат во грло, ја носи на грб тежината на својот кревет со кој другарува повеќе од што еден млад човек заслужува, а од желби има само неколку  скромни -здравје, топол, скромен дом, семејство во кое владее безрезервна љубов и искрени пријателства. 
Книгите се, можеби мали по формат и по страници, но се големи, длабоки, тешки. Зошто најтешко е да си ја отвориш душата, а уште потешко е да го направиш тоа пред други. 
На наше големо задоволство, Наташа ја прифати поканата и уште еднаш, за читателите на Рингераја, си ја отвори душата. 
Најпрвин да се заблагодарам за можност да се претставам пред читатели на оваа прекрасна страница  ringeraja.mk.  
Јас сум Наташа Алексовска од Куманово. Скромна, искрена, без предрасуди, со многу љубов и разбирање за луѓето. Вечен борец за правда. Впрочем, секој човек треба да се избори за негови права, макар понекогаш тоа да биде и со жива глава во ѕид. Тој метод не секогаш ќе биде успешен, но, знае многупати на наше изненадување да биде и повеќе од успешен. Благодарение на овој метод досега сум исполнила некои од моите желби. Ги сакам дружењата со пријатели, уживам во едноставните нешта коишто се од големо значење и насекаде околу нас, а понекогаш заборавивме на нив. Токму таа едноставност е симболика и на мојот начин на пишување. Отсекогаш сум за едноставен, разбирлив начин на пишување за да го разберат сите луѓе, а не за комплициран. Од комплицирано и онака бегаме, бидејќи животот е многу комплицирана алатка што со судбината како чекани ни ги кројат патишта по кои мора да одиме. 
Имам завршено во ОУ „Браќа Миладиновци“, а потоа во СОУ „Перо Наков“ – економски техничар во мојот град. Пишувам од периодот кога бев дете во основно училиште, за време на распустот, тоа беа раскази за празниците/годишните времиња. Од денешен аспект ми изгледаат смешни тие раскази, но, тие се некои почетоци на моето пишување. Активно почнав да пишувам од јуни 2014 год. За неполни 2 месеци напишав 100 песни, коишто со 2 песни од македонски автори посветени на мене ги објавив во прва книга стихозбирка поезија: Посилна од судбината на крајот на 2014 год. Потоа се редат  и останати книги: збирка кратки раскази: Трепетот на душата – 2016 год. Роман: Танц од воздишки – 2018 год. Комбинирана книга од поезија и проза во џебно издание: Гласот – 2018 год. Како и најнова книга збирка кратки раскази во џебно издание: Куфер од желби – 2021 год. Од прва книга се потпишувам под псевдоним – Малечка, поради оригиналноста што сакам да остана препознатлив печат за моите книги.  
Имам учествувано на многу конкурси во и надвор од моја држава, за коишто сум добила благодарници, признанија.  
Во 2015 год.: 
- На конкурсот организиран од Фондацијата „Петров“ насловен „Жена, љубов, човек, вино, надеж“ освоив 1. место за песната „Која сум јас без тебе?“; 
- По повод 20 дена од смртта на доајенот на битолското и македонско новинарство Димитар Димитровски-Такец од Фондацијата „Такец“ освоив 1. награда за песната „Прегратка“; 
- По повод 1 септември – денот на раѓањето на доајенот на битолското и македонско новинарство Димитар Димитровски-Такец, од Фондацијата „Такец“, на тема „Го љубам животот“, освоив 2. место за есејот „Го љубам мојот живот“; 
Во 2016 год.: 
- На конкурсот од Фондацијата„Такец“, по повод една година од смртта на доајенот на македонското и битолското новинарство Димитар Димитровски-Такец, освоив награда за расказот „Те сакам“. 
Во 2018 год. во организација на тим веб-порталот HORSE RIDER на првиот поетски конкурс на слободна тема, се најде мојата песна „Као једно“ во електронскиот зборник на поезија SLOBODA, и затоа добив благодарница. 
Во 2018 год. во организација на 6 сезона Мили Дуели - Интренационални ОНЛИНЕ поетски контест за земји од Балкан и дијаспора во БИХ, стигнав до 3. круг со 3 песни на македонски и српски јазик: 1. „Да бидеме едно“/„Kao jedno“, 2. „Бакнеж“/„Poljubac“, 3. „Кажи да на љубовта“/ „Recimo da ljubavi“, и исто така добив признание. 
Во организација на тим веб-порталот HORSE RIDER во август 2018 год. на првиот прозен конкурс на слободна тема, во електронскиот зборник на проза - БЕЗ КОРМИЛА се најде мојот расказ „Звук клавира“ или на македонски јазик „Звукот на клавирот“ и затоа добив благодарница. 
Во август 2019 год. на 8. Конкурс књижевног стваралаштва на народном говору – дијалекту „Преображенско појање 2019“ за 3 песни на кумановски дијалект освоив 1. место. 
Во декември 2020 год. на страницата „Поезија на Софија“, во проектот „Уметноста никогаш не умира“ во антологијата„Замрзнати поеми“ со главен мотив зима се најде мојата песна „Песна за љубовта“. Добив сертификат.
Книгите ги издава сама. Истите се со симболична и пристапна цена и може да ги нарачате на нејзините фејсбук и инстаграм профили, а исто така се достапни и на Македоника.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
7
Што треба да знаеме кога купуваме суплементи
При купување на суплементи, есенцијално е да го разбереме значењето на нивниот состав и начинот на производство. Составо...
4
Кој стои зад успешноста на Shea Homemade?
Зад успешноста на Shea Homemade стоиме јас, мојата сестра и мојата мајка. Сите три сме со различни професии, економист, ...
4
Фотографии од свадбата на Елена Ристеска
Елена Ристеска и Бојан Ивановски синоќа стапнаа на лудиот камен. Во прилог се неколку фотографии од нивната свадбена вес...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?