vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Почитувани присутни, членови на организацијата Рингераја и сите останати гости,
Дозволете ми најпрво да го изразам моето големо задоволство и чест што имам можност да сум дел и да зборувам на оваа хуманитарна роденденска прослава, пред се прослава која што не потсетува на важноста на постоењето на организации, настани и соработки од ваков тип чија единствена цел е да им се помогне на оние на кои тоа им е најпотребно. Рингераја е дел од едно големо сестринство на портали кои функционираат во повеке држави, меѓу кои и Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Италија. Навистина ме радува тоа што вашиот портал сега стои рамо до рамо со другите портали и организации од овој тип на Балканот и со вашата хуманост, труд и несебичност успеавте да станете дел од едно големо семејство наречено Рингераја.
Многу е важно да се едуцираат децата, уште од најрани години, како да ја пронајдат својата хумана страна, да помагаат, да бидат дел од несебичноста на општеството. Рингераја токму преку акцијата »Прегратка на дар« се обиде да придонесе кон тоа, успешно всадувајки една идеја, да се помогне на еден навистина лесен начин, да се подари насмевка и малку среќа со малку труд и желба. Амбасадата, заедно со Словенечкиот центар од Скопје и четири основни школи, меѓу кои Кузман Јосифовски-Питу, Невена Георгиева-Дуња, Круме Кепески и Димитар Миладинов, зедоа учество во акцијата преку рачна изработка на играчки, кои потоа порталот Рингераја ги подари на децата кои новогодишните празници ги поминаа во болниците низ Македонија.
Би сакал да ја искористам оваа прилика за да ја изразам целосната поддршка која амбасадата и нејзините вработени ја даваат и ќе продолжат да ја даваат во сите хумани активности кои ги прави »Рингераја«, како и сите останати хуманитарни организации. Оваа пригода, уште попосебна ја прави и фактот дека »Рингераја« денеска го слави својот трет роденден, кој им го честитам и им посакувам успешна работа и уште многу хумани моменти кои ќе го обележат нивното постоење. Ние како Амбасада, заедно со словенечките компании ќе се обидеме, во рамките на нашите можности, да бидеме дел од секоја акција која има цел да помогне, израдува и утеши, да сподели хуманост и истата да ја поттикне во сите нас. Ги поздравувам сите оние кои со својата хуманост станаа дел и од акцијата »Прегратка на дар« и придонесоа таа да стане успешна и да постави уште еден пример за добрината која лугето ја имаат во себе и која знаат несебично да ја споделуваат. Затоа е толку важно и племенито постоењето на вакви организации и луѓе кои што се свесни дека не секој од своето раѓање го добива потребното внимание и грижа и го посветуваат своето време и својот живот кон нудење на совети, помош, несебична љубов и топлина кон сите на кои тоа им е потребно, а најмногу кон децата.
Уште еднаш го честитам третиот роденден на Рингераја и им посакувам долга и успешна работа на сите кои на било каков начин се поврзани со оваа организација и уште многу успешни акции, проекти и хумани моменти.
Благодарам и пријатен ден!
3
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Може ли храната да ја ублажи непријатноста во градите?
Чувствителните, болни или напнати гради се еден од најраните и најчест...
Што да јадете кога ви е постојано лошо во бременоста?
Мачнината е еден од најчестите симптоми во првиот триместар од бремено...
Најчести симптоми пред менструација
Неколку дена пред почетокот на менструацијата, многу жени забележуваат...
Како да знам дека дошло до оплодување?
Многу жени кои се обидуваат да забременат со нетрпение ги очекуваат пр...
Како да го контролирате апетитот за време на терапија?
Одредени терапии можат да влијаат врз апетитот, предизвикувајќи зголем...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?