Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Можам слободно да кажам дека очекувавме таков голем успех на филмот „Тома“. Интересно е што сето ова се случува и покрај короната. Едноставно, ги привлекува луѓето да одат во кино салите да го гледаат филмот по неколку пати. Тоа е секогаш случајот со блокбастерите. Ги бркавме моментите на зајдисонце, губевме денови, крвавевме ноќе и мило ми е што тие два и пол часа сега значат нешто за некого во публиката. Можеби сето тоа на некој начин ги инспирира – рече тој.
Биографскиот филм за српската фолк легенда Тома Здравковиќ, насловен „Тома“, во режија на Драган Бјелогрлиќ, од 16 октомври, се игра во скопското кино Синеплекс, а од 17 октомври и во киното Милениум.
„Тома е импресионистички портрет на Тома Здравковиќ, кој ги прикажува неговите почетоци и врвот на славата, неговите љубови кои го инспирирале за компонирање на некои од најголемите хитови, како и односот со голем број пријатели од уметничкиот свет на Југославија. Тоа е приказна за достигнувањето неочекувани висини на популарноста, но и на дното на животот. Ова е приказна за душата“, стои во најавата на кинодистрибутерите.
Главната улога ја игра Милан Мариќ, а во актерската екипа се и Тамара Драгичевиќ, Петар Бенчина, Андрија Кузмановиќ и Сања Марковиќ.
Веќе на почетокот на промоцијата на филмот, тој објасни дека некои работи се фикција.
– Кога започнавме со промовирање на филмот, ја измислив фразата дека ова е импресионистички портрет на Тома Здравковиќ. Како писател и режисер на овој филм, можам да кажам дека тоа е фотографија на животот. Се наѕира идејата што ние ја имавме, а се однесува на Тома.
Не било тешко да се игра со приваноста на Тома, со чувствата на неговата фамилија.
– Затоа моравме да снимиме филм со многу драматични заплети. Во исто време ја почитувавме одговорноста во животот на човекот кој има семејство и луѓе што го познаваат. Разговаравме внимателно со братот на Тома, роднини, но во некои делови требаше да бидеме филмаџии. Тома ги сакаше филмовите и мислам дека ќе му се допаднеше овој проект, самиот ќе се смееше на целиот филм – рече Лисинац, кој ја напиша една од најтажните сцени во филмот, која тие ја нарекоа за Лилјана.
– Ја напишав целата таа сцена за Лилјана. Луѓето плачеа додека се пишуваше. Се сеќавам дека ја испратив сцената кај Драган Бјелогрлиќ додека беше во Австрија. Потоа и тој плачеше, а јас го тешев дека сето тоа е поради надморската височина – рече Лисинац низ смеа и додаде:
– Размислувавме да ја исфрлиме таа сцена, бидејќи таа се закани дека ќе го сврти целото внимание од главниот лик. Меѓутоа, на наша радост, сцената остана и секако е една од моите омилени. Целата сцена за Лилјана е моја фикција. Од една страна го имавме докторот, а од друга неговата сопруга. Сето тоа се случи сосема спонтано. Жената на докторот требаше да се вика Вера, но ние ја нарековме Лилјана.
Лисинац истакнува дека на актерот Милан Мариќ, кој го толкуваше ликот на Тома Здравковиќ, не му беше лесно, дека мораше да биде свесен за одговорноста што го чека пред да застане пред камерите. Од друга страна, секојдневните подготовки физички да личи на Тома ја направија работата уште потешка.
– Не беше лесно за Милан Мариќ. Денот беше подолг, му ставаа маска и перика, а во меѓувреме мораше да глуми. Убаво соработувавме, често се слушаме и се гледаме – истакна Зоран.
Тој откри и како ќе изгледа животот на Тома кога ќе се претвори во серија и објасни дека серијата ќе се разликува од филмот.
Серијата има осум епизоди, ги опфаќа сите жени на Тома. Го следи неговиот живот многу потемелно, 400 минути материјал ќе има во неа. На малите екрани ќе се појави кон средината на есента, откри Лисинац.
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како правилно се бања бебе, чекор по чекор?
Првото бањање на бебето често предизвикува возбуда, но и страв. Се пра...
Хормонални бранови во циклусот
Менструалниот циклус не е само репродуктивен процес, туку комплексен х...
Кога тестот за бременост може да покаже позитивно?
Тестовите за бременост се базираат на откривање на хормонот хуман хори...
IVF покрај тоа што е медицински процес, тоа е емотивно патување кое ти...
Анксиозност поврзана со хормони: што помага?
Хормоналните промени можат значително да влијаат врз расположението, м...