Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Мојата ќерка, која сега има 17 години, тогаш беше во основно училиште. Тоа беше една од оние ноќи кога заедно читавме книги пред спиење, се додека да заспие. Таа ноќ одлучив дека имам поважни работи да направам.
Требаше да одговорам на некои маилови, или да го ставам валканиот веш да се пере, не се сеќавам. Не е важно, нејзе и ветив дека морам да го направам тоа што е итно и дека ќе се вратам веднаш.
Но во моментот кога се вратив таа беше заспана и се што најдов на подот беше оваа белешка.
“20 минути поминаа, ти не дојде. Ми требаше.”
Се сеќавам дека го зедов ливчето, го прочитав и почнав да плачам. Го заменив моментот кој требаше да го поминам со моето дете за нешто од to-do листата. Моментот исчезна. Никогаш повеќе нема да можам да го вратам.
И секако, има многу такви моменти за кои мислите дека не се важни, но тие се најважни. Не постојат и не се важни толку големите моменти, туку малите, во кои сакаат да споделат некоја мисла, да раскажат некој сон, или да побараат утеха за чудовиштето под креветот.
Вистината е дека одвреме навреме ги споделуваат своите тајни, мисли или планови и ако не сме тука да ги слушнеме – моментот е изгубен. Ќе завршиме се што треба и кога ќе се вратиме, повеќе немаат што да ни кажат.
Тоа е најважното нешто за родителите, посебно за мајките, дека на децата им требате во најнеочекуваните за вас моменти. И кога ќе ја оставиме работата настрана и мејловите неодговорени, децата сфаќаат дека ни се најважно нешто на светот. Зборовите се само зборови. Нашите постапки се доказ за љубовта.
Смешно е. Помнам само еден момент во кој мајка ми не се појави, а ми требаше.
Во вознемирувачкото лето, кога татко ми почина, мајка ми задоцни на прославата за мојот 16-ти роденден во летниот камп. Не можам никогаш да го заборавам разочарувањето кога ја видов како се влечка, , доаѓајќи неколку минути откако заврши роденденската прослава.
Иако немаше други такви моменти, тоа е моментот кој го помнам. Инаку секогаш беше тука, без разлика на се. Кога бев болна, доаѓаше со натопена крпа за да ме лади и седеше покрај вратата од тоалетот кога имав болки во стомакот. Кога ми требаше некој да го слушне силното чукање на моето срце, таа смирено ме држеше за рака и ми велеше дека се ќе биде добро.
Се појави дури и кога наполнив триесет години и кога бракот почна да ми се распаѓа. Спакувавме се што можеше да се собере во нејзиниот црвен џип, а таа ме одведе мене и мојата шест месечна ќерка на сигурно.
Никогаш не се жалеше и никогаш не ми рече: “Ти велев”. Ќе поставеше ретко некое прашање, но повеќето од времето слушаше. Но пред се и над се, се појави. Ми требаше и дојде.
Луѓето можат да ви кажат дека ве сакаат. Можат да ги кажат најубавите зборови, да ветуваат се и сешто, но ако не се појават кога ви требаат, тоа се само празни зборови.
Да, постојат моменти, заради било која причина, во кои не можеме да бидеме таму. Но кога можеме, мораме.
Никогаш во животот нема да ги заборавам овие неколку зборови:
“20 минути поминаа, ти не дојде. Ми требаше.”
забава Бремените
Автор: bobik
Грлото ме боли! Бактериска инфекција или вирус?
Болката во грлото е една од најчестите здравствени тегоби. Понекогаш е...
Среќата живее во она што го имаш
Во секојдневието често трчаме по она што ни недостига, по следниот усп...
Што е страв од непознати лица кај бебињата?
Одеднаш твоето насмеано бебе почнува да плаче кога ќе му се доближи не...
Што се смета за нормален срцев ритам на фетусот?
Срцето на вашето бебе започнува да чука рано во бременоста и неговиот ...
Промени на телото во првиот триместар на бременоста
Првиот триместар од бременоста (недела 1-12) е период на големи видлив...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?