vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Ова е фантастичен потсетник за тоа каков треба да биде мажот
Драго мое срце,
Пред некое време, јас и мајка ти баравме некој одговор на Гугл. Стигнавме до пола со внесување на прашањето, а Гугл веќе прикажа листа на најпопуларните пребарувања на светот. На врвот на листата беше прикажано “Како да го држите заинтересиран?”.
Ме вознемири и продолжив да скенирам низ безбројните статии како да бидеш секси, кога да му донесеш пиво, а кога сендвич и начини со кои ќе го направиш да се чувствува паметен и супериорен.
Тука веќе се налутив!
Малечка моја, не е, никогаш не било и никогаш нема да биде твоја работа да го “држиш заинтересиран”.
Малечка, твојата единствена задача е длабоко да навлезеш во својата душа – во тоа прекрасно место кое не е раздрмано од одбивноста, губитокот и егото – и да сфатиш дека ти си вредна за интерес. Ако запомниш дека сите други се вредни за твојот интерес, битката на твојот живот е пола добиена. Но тоа е писмо за друг ден.
Ако можеш да веруваш ва твојата вредност, ќе бидеш атрактивна на најважниот начин на светот: ќе привлечеш момче кое е способно и кое сака да го помине својот живот инвестирајќи го целиот свој интерес во тебе.
Малечка, сакам да ти раскажам за момчето кое нема потреба да се “држи заинтересирано”, бидејќи знае дека си интересна:
За крај малечка моја, ако налеташ на човек како овој и јас и тој немаме ништо заедничко, ќе го имаме најважното нешто заедничко:
ТЕБЕ!
Затоа што на крајот малечка моја, единственото нешто што треба да го правиш за да го “држиш заинтересиран” е да бидеш своја, да бидеш ТИ.
Твојот вечно заинтересиран за тебе,
Твојот татичко
4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствува...
Зошто градите стануваат чувствителни во бременоста?
Чувствителните, отечени или болни гради се меѓу најраните знаци на бре...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...