|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Детски сексуални игри

Редакција Рингераја, 11.12.2013
Многу честа игра на децата од предучилишна и рана училишна возраст е испитување на гениталиите на други деца. Ваквото однесување може да се забележи во најинтересната детска игра: играње доктори

image
/11


 

 

Половина од возрасните се сеќаваат на вакви игри. Тие се случуваат меѓу момчиња и девојчиња, само девојчиња, само момчиња, комшиски деца, родени браќа и сестри и роднини.

 

Љубопитност

Децата на оваа возраст се искулително љубопитни за конституцијата на телото – своето и туѓото. Својата љубопитност ќе ја манифестираат преку имитирање на родителите, играјќи игра на улоги, а најпопуларна ќе биде играта доктори. Оваа природна љубопитност и разните комбинации на игрите, ќе доведат и до детски сексуални игри. Верoјатно овие игри ќе започнат со допири во кои децата ќе утврдат дека се чувствуваат убаво. Сепак, ваквиот тип на игра е потполно безопасен и не е штетен.

 

Разбирање на ситуацијата

Што ќе направите ако влезете во собата на вашиот син и го затекнете со стетоскоп околу вратот како си игра доктор со другарката, испитувајќи и го гениталното подрачје?

Прво, вдишете длабоко и престанете да гледате низ очите на возрасен човек – вашето дете не води љубов со другарката. Најверојатно се работи за љубопитност која има за цел да ја утврди разликата меѓу машкото и женското тело.

Второ, реагирајте мирно. Некои родители ќе изберат  да го игнорираат ваквото однесување и едноставно да ја затворат вратата, знаејќи дека овој период ќе помине. На други родители им е непријатно бидејќи оваа игра се одвива во нивната куќа и можеби со смирен тон ќе им кажат на децата да престанат да играат така, да се облечат и да седат во дневната соба заедно со возрасните.

 

Прилика за важна лекција

Откако увидовте за што се интересира вашето дете, можете да искористите различни средства за едукација, кога сте насамо. Можете да кажете :”Знам дека те интересира што имаат девојчињата, а што имаш ти. Но постојат и други начини за да дознаеш што те интересира, наместо да и гледаш на другарката под фустанчето. Имам една убава книга, па да ја разгледаме заедно.” Доколку немате таква книга, земете од библиотека.

Ваквите прилики можете да ги искористите и за да го научите детето на одредени вредности, на пример: “Твоето тело ти припаѓа тебе, а телото на твојата другарка и припаѓа неа. Подобро е децата да си играат облечени.”

Вриштењето и претераната реакција може да предизвикаат детето да се срами и да се чувствува виновно, заради љубопитноста поврзана со сексуалноста. Не му всадувајте предрасуди на детето кое е само љубопитно. Обидете се да останете мирни и запомнете дека ваквите игри спаѓаат во нормално однесување и се дел од развојот на детето.

 

Знаци за предупредување

Запомнете дека постои голема разлика меѓу овој начин на сексуална игра, која е безопасна и игра која е навредлива и експлоатира друго дете. Децата нема спонтано да се впуштат во болна сексуална игра, орално-генитален контакт, симулиран или реален сексуален однос, пенетрација со прсти или некои други предмети. Ваквиот тип на активности доаѓа веројатно од  изложеноста на детето на неадекватни забави за возрасни, или можат да бидат сигнал дека детето е злоставувано. Ако вашето дете било изложено на ваква игра, поразговарајте сo педијатарот и потполно забранете ги контактите со децата кои ја започнале играта.

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што треба да знае дете на 2-годишна возраст?
Секое дете се развива индивудуално, но постојат некои граници и нешта кои може да ни укажат на тоа дека детето има потен...
4
Инхалација или сируп?
Дилема на секој родител кога детето има воспаление на дишните патишта: дали е поефикасно детето да се инхалира или довол...
4
7 работи кои ве прават прекрасен родител
Скоро 90% од времето, мислите дека грешите и дека можете да бидете подобар родител од што сте. Но, има работи кои не ги ...
3
Забраните и детето
Како да го научиме детето да ги почитува забраните? Дали зад неговата непослушност стои наша грешка?
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?