vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Велигден е најголемиот христијански празник. На тој ден, Господ Исус Христос воскреснал од мртвите, ја победил смртта и на сите луѓе од Адам и Ева до последниот човек на земјата им дарил вечен живот.
Воскресението на Христос е суштината на христијанството. Тоа означува Премин и е празник над празниците. Велигден е центарот на Православната вера и празнување. За верните, периодот пред Велигден, е долго патување исполнето со покајание, прошка, измирување, молитва, пост и учење. Со пристигнувањето на Велигден, се празнува победата на Животот над смртта. Бог страдаше и воскресна поради Својата безмерна љубов кон човекот.
За воскресението се дозна во мугрите во неделата, кога оние верни жени мироносици појдоа со миризливи масла на гробот за да Го помазаат телото, кое не Го најдоа. Во тој момент земјата се затресе, затоа што Божји ангел слета од небото, го тргна каменот од гробот, и седна на него. Неговото лице блескаше како молња, е неговите облеки беа бели како снег. Кога тоа го видоа стражарите, тие затреперија од страв. Веста ја прими прва Марија Магдалена и побрза да им јави на апостолите и тие не и' поверуваа. Петар и Јован самите се стрчнаа до гробот и го најдоа каменот одвален, а од телото лежеа оставени само повоите. По ова, кога се собраа заедно во куќата, Исус им се јави и разбраа дека воскреснал. Но им го отвори умот и за да ги разбираат Писмата. Срцата им гореа на сите.
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Најважни навики за здрава бременост
Здравата бременост започнува со мали, секојдневни навики. ...
Како физичката активност влијае врз плодноста?
Редовното движење е важно за општото здравје, но дали може да ви помог...
Направете украсни свеќи со калапи за колачи
Дали знаевте дека калапите што ги користите за подготовка на колачи мо...
Дали прекумерната тежина го отежнува забременувањето?
Доколку планирате бременост, можеби се прашувате дали телесната тежина...
Напитоци за порамен стомак. Што може да помогне?
Подуеноста и задржувањето течности понекогаш прават стомакот да изглед...