|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Билјана Мартиновска автор на "Куќата со жолта фасада"

Марина Кљајиќ Петковски, 22.12.2020
"Куќата со жолта фасада" е книгата која ја понесе титулата - Книга која ја одбележа 2-та половина на годината. За книга објавена во месец август, овој успех е навистина огромен.За книгите, творењето, мајчинството, разговараме со Билјана Мартиновска

image
/11


Какво е чувството да се биде автор на книга која ја одбележа втората половина на годината?

-          Неверојатно! Додека пишувам потполно се внесувам во приказната и живеам со неа, но никогаш не пишувам за таа книга да биде наградена или прогласена за книга на годината. Со оглед на тоа дека „Куќата со жолта фасада“ излезе во Август, ми претставува голема чест и неизмерна среќа таквиот нејзин успех. За само еден месец се продаде сиот тираж, па за саемот на книгата во Септември веќе беше готов и вториот. Многу сум среќна што книгата се чита, се препорачува и досега сум добила само пофални коментари од сите кои што ја прочитале.

Затоа и третото место на неодамнешниот избор за Книга на годината го доживеав како признание од читателската публика, а тоа за мене како автор кој има уште многу да даде од себе, навистина многу значи.

 

Од каде инспирацијата за книгата?

-          Инспирацијата ја наоѓам насекаде во животот. Нема ден, а да не се инспирирам и да не запишам нешто. Често пати знам да кажам, јас не ја наоѓам инспирацијата, таа ме наоѓа мене. Конкретно за „Куќата со жолта фасада“ голема инспирација ми беше една интимна исповед на личност која ја сретнав за прв пат во својот живот пред неколку години. Нејзината приказна толку многу ме трогна и со недели ја носев во себе со болка во душава, како некаков завет, кој не ми даваше мир с? додека не почнав да пишувам за неа. Се разбира, кога почнав да пишувам постојано и постојано во главата ми никнуваа нови ликови, нови случки и настани, кои секојдневно ги вметнував во приказната за таа да го добие конечниот облик кој сега е во рацете на читателите. Покрај вистинската приказна која ми беше најголемата инспирација за ова дело, мојата имагинација имаше голем удел во создавање на романот, што впрочем е и оправдано, затоа што фантазијата е многу важен дел од креативноста при пишувањето и јас како автор внимателно ја негувам и не дозволувам да ми недостасува.

 

Кои беа твоите очекувања и стравови во однос на истата?

-          Како што веќе споменав во претходните прашања, немав никакви очекувања за книгата с? до оној момент кога таа излезе од печат. Кога ја фатив во рацете како финален производ, се почувствував како кога си го држиш своето новороденче во рацете и солзи радосници ми потекоа. Сите мајки знаат какво е тоа чувство, а оние кои не знаат с? уште, им посакувам да дознаат! Држејќи ја во раце книгата која со месеци ја создавав, навистина ? се радував и ? се восхитував. Во постојана соработка со моите издавачи од издавачката куќа „Бата прес“, книгата го доби својот финален изглед токму онака како што посакував.
Моите стравови се појавија само поради една причина, а таа воопшто не беше за потценување-светската пандемија и излегувањето на книгата во едно време-невреме, во кое сите јавни собири и настапи беа забранети, или во најмала рака, ограничени. Меѓутоа, таквите стравови се покажаа како неосновани, затоа што дури и во време на пандемија и мерки кои мораа да бидат почитувани, книгата си го најде својот пат до читателите. Две потпишувања на книги на отворено, во родниот град, Струга и во Охрид, беа прекрасно посетени настани, за сето тоа да биде крунисано со официјалната промоција на романот, во рамките на саемот на книгата во Септември. Промоцијата беше посетена од голем број вљубеници во книгата и за мене беше едно незаборавно искуство како автор.

 

biljana

 

Ова е твое второ дело. Публиката те запозна преку „Точка на враќање“ кое е една твоја лична исповед. Како се роди идејата да ја издадеш? Деновиве излегува нејзиното трето издание.

-          „Точка на враќање“ е моето првенче, мој автобиографски роман. Тоа е мојата лична исповед, мојата животна приказна која мораше да ја запишам за да го најдам својот внатрешен мир. Имено, пред петнаесет години, доживеав тешка сообраќајна незгода додека патував на работното место и после неколкунеделната кома, се разбудив на Клиниката за анестезија и реанимација во Државната клиника во Скопје. Неколку месеци не бев свесна за себе, ниту за својот живот и своето минато, па ми беше потребно навистина долго време да почнам да го осознавам своето јас, да учам одново работи за себе и да се ослободам од минатите болки и стравови. А најдобар начин за да го направам тоа беше пишувањето, кое за мене беше одличен метод за самопомош и катарзично празнење.

 

Верувам после успехот на „Куќата со жолта фасада“ пишувањето на нови дела е предизвик. Како го доживуваш тоа? Мотивирачки или стравуваш дека публиката ќе има превисоки очекувања? Дали досегашниот успех те мотивира повеќе или ти создава трема?

-Пишувањето ми е секогаш предизвик. Успехот на „Куќата со жолта фасада“ ми претставува мотив плус за творење и секако, надминување на себеси во тој поглед. Најдобро е да сме во натпревар со себе, затоа што само така можеме да бидеме најдобрата верзија од себеси. Можеби публиката ќе има и поголеми очекувања од мене, сега кога ми дадоа кредити со своите гласови, можеби нивните очекувања ќе бидат превисоки, но тоа не ме плаши. Јас стојам зад своите пишани дела со сиот свој кредибилитет и личен печат кој го ставам на нив. А публиката тоа го препозна во двете мои дела и јас само можам да бидам среќна што е тоа така. Штом како автор одлучив да творам, треба да бидам спремна на секаква критика. Позитивните критики ми даваат полетност и сила, а негативните кои не мора да бидат секогаш искажани, ме прават похрабра и ми ги отвораат очите.

 

Како е да се биде писател во нашата земја?

-          Писател, тоа гордо звучи! Максим Горки, претставник на реализмот, во едно од своите дела напиша:„Човек, тоа гордо звучи!“ Колкава тежина имаат овие зборови знаеме сите кои во нашето секојдневие сакаме да бидеме луѓе. Затоа што да се биде човек е голема работа, а да се наречеш себеси писател со само две издадени дела е неблагодарно. Јас сакам таквиот епитет да го заслужам потполно и да оставам траен печат во македонската литература и книжевност. Тоа е мојот предизвик и како таков ме исполнува на еден неверојатен начин кој би сакала да потрае уште долги години.

 

biljana1

 

Членуваш во читателски групи. Каков е твојот впечаток за македонците како читатели?

-          Читателските групи на социјалните мрежи стануваат с? побројни, па веројатно и јас како читател и автор се наоѓам себеси таму. Сметам дека македонските читатели ги има с? повеќе, а секој од нив си го наоѓа својот жанр и својот омилен писател.

 

Што читаш во слободно време? Омилен жанр и писател?

-          Читам многу и тоа е мојот омилен начин на релаксација и исполнување на слободното време, покрај пишувањето. Романсата и драмата се мојот омилен жанр, што не значи дека не читам ништо друго. Сакам добри трилери, сакам да ме понесе приказната и со нетрпение да чекам да ? се вратам на книгата, тоа е за мене добра книга. Во последниве неколку години многу ја читам Колин Хувер, затоа што не престанува да ме изненадува со своите романи. Ми се случува неколку години да имам еден омилен писател, па после тоа се заситувам од неговиот стил и барам нешто друго. Ама од македонските автори повеќе од петнаесет години му сум верна на нашиот Венко Андоновски и нема негово дело кое не сум го прочитала, а да не сум уживала во него.

 

Твоја препорака за младите кои имаат желба за пишување?

-          Ако тој внатрешен порив постојано извира и не можат да се ослободат од него, нека го следат и никогаш нека не престануваат со пишување.

 

Која е Билјана приватно?

-          Сопруга и мајка на две ќерки, Ана и Дарија, светлината во мојот живот. Инаку, работам како наставник по македонски јазик, иако долги години работев и како наставник по англиски јазик. Тоа е и мојата професија во која неизмерно уживам и се пронаоѓам себеси. За тоа која сум јас навистина, зборува приказната во мојот прв роман „Точка на враќање“. Таму мојата душа е целосно соголена пред читателите.

 

Ќе те навратам малку во времето кога беше трудница и мајка на мали деца. Какво беше твоето трудничко и породилно искуство? Кои беа твоите најубави мајчински моменти, а кои од оние „слатки маки“?

-          Станав мајка кога имав 22 години и со првата ќерка и самата учев многу работи, како за себе, така и за мајчинството, за кое сметам дека е најубавата работа што може да ? се случи на една жена. Сонував да станам мајка на ќерка, а желбата не само што ми се исполни, туку и ми се дуплираше. И двете бремености ми беа прекрасни, и покрај тоа што разликата меѓу првата и втората бременост беше цели 13 години. Единствена разлика беа моите години, па на возраст од триесет и пет, бев малку повеќе претпазлива и многу повеќе се чував. Контролите ги правев редовно, секој месец, но ги следев и сите совети на мојот гинеколог за да донесам на свет здраво девојче, каква што се роди и нашата Дарија.
Сите мигови на нивното растење и развој ми се скапоцени, ги чувам во својата глава како нешто најубаво во животот. Тие „слатки маки“ потешко ги сфаќав кога бев помлада, па повеќе се грижев за секоја ситница, читав многу и понекогаш непотребно си создавав грижи. Како што созревав како мајка, а секако и како личност, така потрезвено ги прифаќав ситуациите кои ги носеше секој нов ден и нивното растење и воспитување го сфатив како предизвик.

Нема подобар учител од срцето и љубовта кон децата. Само таа може да н? научи да бидеме вистински добри родители.

 

Како врз тебе и твоето семејство влијае тековната состојба со вирусот?

-          Во почетокот многу тешко ни дојде карантинот, затворањето по дома и неизлегувањето никаде. Но, за среќа, таквото неприфаќање на ситуацијата брзо ни помина на сите, а посебно мене како мајка. Сфатив колку подобро си го организирам денот и колку повеќе време имам за сите оние работи кои сум сакала да ги направам, а никогаш немав доволно време од обврските кон работата. Ќерките беа посебно воодушевени што сум постојано дома, а тоа донесе хармонија во домот каква што подолго време ни недостасуваше. Научивме да функционираме одлично и во наметнатата „нова“ нормалност и сфативме дека дома е всушност многу пријатно кога сме сите заедно. Се чувавме, и се чуваме и понатаму, затоа што само така можеме да се заштитиме себеси и оние кои ги сакаме.

 

Подготви: Марина Кљајиќ Петковски

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како трајните нокти да ви траат подолго?
Сигурно имате забележано дека во последниве години се повеќе жени се одлучуваат за траен лак за ноктите. Трајните нокти ...
3
3 домашни лекови против првут
Ослободете се од досадните снегулки во косата на природен начин
3
6 совети за убавина за време на бременоста
За време на бременоста, телото претрпува многу промени. Ова секогаш влијае на кожата, што бара промена на вашите дневни ...
3
Maskne - акни предизвикани од носење маска
Во време кога сите сме приморани да носиме маски за заштита од корона вирусот, не ретко, тие се на нашето лице со часови...
3




Анкета

Дали ви се менструации болни?
пеперутка16

Во последно време имам толку болни периоди што дури и се онесвестувам..итно е, ми дава инекција и толку..А сега кога стареам како што стареам. Имам 29 години, уште не сум се породила итн.