Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Повеќе од 70% од бремените жени заболуваат од гравидарен гингивит како последица на присуство на дентален плак во услови на зголемено количество на полови хормони(прогестерон и естроген).
Како настанува воспалението на гингивата:
Сево ова е фактор за појава на оток и болна осетливост на гингивата. Одржувањето на оралната хигиена е отежнато а четкањето на забите преставува болна и непријатна процедура.
Кога постои воспаление кое не се лекувало пред бременоста, губитокот на коска во периодот од 10 години по бременоста изнесува околу три милиметри што преставува третина од вкупната потпора на забот.
Освен трајната деструкција на забнопотпорниот апарат воспалението е сериозен проблем за општото здравје на мајката и новороденчето и преставува ризик фактор за предвремено породување и помала тежина на новороденчето.
Статистичките податоци укажуваат на фактот дека бремените жени кои имаат хронично заболување на гингивата се со назначена веројатност од предвремено породување и тоа пред 37 гестациска недела. Кај оние со посериозни заболувања на забноотпорниот апарат можноста за предвремено породување се проценува дека е од 32 гестациска недела. Студиите покажуваат и докажуваат дека новороденчињата се со помала тежина и истовремено повеќе склони на инфекции кај мајки со хронични парадонтални заболувања.
Најчести сиптоми на гравидарниот гингвит
Првите сиптоми на ова заболување се забележуваат во вториот месец од бременоста, а врвот го достигнува во осмиот месец.
Сиптомите се исти како и кај секое воспаление на гингивата вклучувајќи:
Ако забележите некои од овие сиптоми потребно е да се консултирате со вашиот стоматолог за понатамошна терапија.
Терапија на гравидарниот гингивит
Гингивитот може успешно да се излекува. Препорачуваме посета на стоматолог пред или по првиот месец на бременоста. Секој општ стоматолог е обучен за рано дијагностицирање и терапија на гравидарниот гингивит и пародонтопатија.
Денеска се поактуелна станува терапијата на воспалението со ласерска светлина. Ласерското лекување е најновиот (ајдувантен) и доста суеверен начин на лекување на ова заболување.
Со употреба на ласерот од последната генерација како Фиделис Плус Три се избегнува потребата за класичниот, конзервативен доста болен и неудобен начин за третирање на воспалението. По претходно остранетите тврди и меки наслаги ласерскиот работен дел кој е во форма на тенко влакно, нежно се поставува во тесниот простор помеѓу гингивата и забот и со лесни движења се поминува по целата површина на гингивата. Процедурата се повторува неколку пати се со цел целосно уништување на бактериите и стерилизација на просторот со што се создаваат оптимални услови за брза и успешна санација на воспалението. При тоа ласерскиот зрак селективно делува само на причинителите на заболувањето оставајќи чисти и здрави простори. Потребни се неколку сеанси во континуитет за да се постигнат посакуваните резултати.
Бактериите во состав на денталниот плак се главните причини за појавата на заболувањето, па терапијата е насочена во нивно отстранување но воедно и мотивирање на пациентот за одржување на добра орална хигиена која вклучува:
Посетата на стоматолог ве заштитува Вас и вашето најмило.
забава Бремените
Автор: bobik
Играта на именување е една од наједноставните, но и најмоќни алатки шт...
Бањањето не мора да биде борба
Времето за бањање понекогаш може да биде предизвик и за родителите и з...
Промени во расположение во бременоста
Од насмевка до солзи за само неколку минути. Зошто бременоста го менув...
Дечиња, дали знаете дека кога јадеме, џвакањето е како мала магија што...
Летото е сезона на сандали, боси прошетки и сензуалност која почнува о...
Миење на долниот дел.
пеперутка16
Дали твојот сопруг ја менува облеката на детето, мислам миење на долниот дел и менување на пелената?