|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Викса: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 26.8.2010
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/41


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: Викса

Датум на породување: 05.10.2009 година

Тип на породување: природно

Болница: во Чаир

 

Не би знаела да кажам, дали кај сите мамички моментот на доаѓање на нивното ангелче се случил неочекувано и брзо, но во мојот случај тоа беше навистина така. Слободно би можела да кажам дека моето прво родилно искуство се случи со неверојатна брзина. Имав релативно лесна и добра бременост. Терминот за породување ми беше 23.10.2009. Но, сепак моето синче дојде на свет малку порано. Се’ започна едно петочно утро, кога во раните утрински часови се разбудив со некаква вознемиренот, која навистина не ми беше јасно од каде доаѓа и која не ми дозволи да продолжам со спиење. Бидејќи тој ден требаше да одам да направам некакви испитувања на трансфузиологија, воопшто не помислив дека можеби дошол моментот за породување. И така, денот си помина во знакот на вообичаените и планирани активности. Иако во текот на целиот ден имав некакво невообичаено чувство, проследено со некаква блага непријатност (која според мене не беше никаква контракција, бидејќи јас сето тоа го замислував многу подраматично) во половината, сепак јас сето тоа го игнорирав. Претстојниот викенд го поминав во подготовка на мојот претпоследен испит од постдипломските студии, кој требаше да го полагам во понеделникот. Но....., сепак моите планови не биле добро направени....Во неделата попладне, со мојот сопруг отидовме во Чаир за да ги однесам резултатите од направените испитувања на трансфизиологија а воедно имав и закажан ехо преглед бидејќи бев во 37-ма недела од бременоста. Во разговор со докторот, јас му кажав за моето „непријатно чувство“ од пред два дена и тој ми вели: „ајде ние да направиме еден вагинален преглед“. Тој ме прегледа и ми вели: „Ти, зарем немаш никакви болки?!! Па ти си отворена 5 cm, ти си почнала да раѓаш!!“. Ми вели: „Остануваш и вечерва ќе те породиме“. Јас целата збунета, изгубена, го гледам сопругот, тој мене ме гледа....ми се насмевнува, и тој не е свесен дека дојде очекуваниот момент......И после ова се’ почна да се случува неверојатно брзо. Ме примија околу 19ч, ми направија подготовки за во родилна сала, ме ставија на ЦТГ, веднаш ми ставија инфузија и легнав на креветот чекајќи да дојдат болките. Околу мене во собата имаше четири родилки кои се превиткуваа од болки и чекаа да ги стават на бокс. Бев релативно смирена и сеуште не бев свесна што ми се случува. По околу два часа ми ставија клизма, потоа ми го пукнаа водењакот и повторно ме вратија во кревет. Јас дотогаш не почувствував никакви силни болки. Немав никаво чувство за времето, тоа едноставно толку брзо минуваше, така што единствен начин  за да забележам дека нешто се случува, беше тоа што собата во која лежев постепено се испразни и останав сама. По некое време се јавија и првите болки, кои пак ќе кажам, за мене не беа вистински. Некаде после полноќ ме качија на бокс и овојпат ми дадоа вистинска провокација, после која зачестија контракциите, а воедно станаа и прилично силни болките. По кратко време дојдоа сестрите и докторот и почна последната фаза од раѓањето. После 3 или 4 напнувања бебето излезе. Во 1.30 часот по полноќ на свет донесов машко дете. Го кренаа за да го видам, леле колку само беше мало.......веднаш си помислив дали е се во ред. Но, грижите беа непотребни, моето синче беше во одлична форма. Откако го средија, повторно ми го донесоа да го видам. Го имаше најубавото носе на целиот свет, го допрев, а потоа го однесоа......

Ете, накусо, така изгледа мојата породилна приказна, која севкупно траеше околу 6 часа. Сега после 10 месеци, мојот јунак е добар, ужива во детството и секојдневно ни го разубавува животот, мене и на мојот сопруг.

 

Рингераја му посакува среќно детство на Петар !

 

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Акни во бременоста - носите момче или дево...
Жените доживуваат сосема нов свет на промени кога се бремени. Една од овие промени може да бидат акните во бременоста
4
Тежината на трудницата по неколку недели о...
Колку е препорачливо да се здебелите во бременоста и зошто килограмите така нагло се зголемуваат?
4
Знаци дека сте бремена со момче: дали се в...
Кога сте бремени, вие и вашето семејство сте љубопитни да го знаете полот на бебето. Оваа љубопитност, со текот на генер...
4
Тестот за бременост му го спаси животот
Еден маж одлучи да го испроба тестот за бременост, кој во неговиот стан го заборавила бившата девојка. Резултатот бил шо...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?