vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Би сакала да го поминам секој ден со вас, без оглед на дали ве гледам како си играте, како боите во своите сликовници или ми поставувате милион прашања кои некогаш и не можам да ги одговорам. Вашите прегратки ме прават среќна, бидејќи секогаш имате насмевка и љубов за мене.
Би сакала да можам да ве заштитам од сите негативни нешта кои се случуваат во светот. Би сакала да можам да ве заштитам од осаменост, скршени срца и омраза од другите луѓе. Јас постојано му кажувам на светот за вас и горда сум на тоа колку добри личности станавте досега. Сакам да следам како ќе се развивате и колку успеси ќе постигнете понатаму во животот.
Сакам да ви ветам дека секогаш ќе ве дочекувам со отворени раце. Без оглед на тоа дали се тоа училишни натпревари и дали ќе победувате или губите. Сакам да ви ветам дека секогаш ќе ви давам поддршка, дури и тогаш кога вашите родители не ве разбираат целосно. Се надевам дека нема да ме гледате како возрасна личност која не ве разбира.
Никогаш нема да ви судам и секогаш ќе бидам личноста која ќе се обиде да ве разбере и да биде тука за вас.
5
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Дали природното секогаш значи и безбедно?
Кога станува збор за здравјето, исхраната и негата на телото, многумин...
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста, но важ...
Кои вредности е важно да ги научи детето уште од мало?
Детството е период во кој се поставуваат темелите на личноста, каракте...
Промена на вагиналниот исцедок
Вагиналниот исцедок е природен дел од женското репродуктивно здравје. ...
Тестови за овулација. Кога и како да ги направите?
Ако планирате бременост, препознавањето на плодните денови може да ви ...