vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Краток опис на акцијата
Хуманитарната роденденска акција одржана во март 2010 година, наменета за домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“, покажа дека прегратката на Рингераја е доволно силна за да ги направи за момент среќни децата од домот. Сите клиенти, корисници, целиот тим на Рингераја е едно големо семејство кое е и нивно семејство – и расте заедно со децата без родителска грижа!
Рингераја семејството мисли на дечињата од домот „11 Октомври“ и на почетокот на учебната година и реши да помогне во обезбедување на училишен прибор, кој за жал го немаат, а им е повеќе од потребен.
Донација во домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“
Децата од домот „11 Октомври“, веќе тргнаа на училиште, но за жал сеуште немаат соодветен училишен прибор. Бевме информирани дека добиле донација на ранчиња за училиште, но не можат да ги наполнат со тетратки, моливи, острилки, боички и блокчиња, бидејќи немаат. Со цел да ја задоволиме потребата на дечињата започнуваме нова хуманитарна акција, за обезбедување на училишен прибор потребен за учебната 2010/2011 година за децата од домот 11 Октомври:
Како да се вклучите во хуманитарната акција?
Целата хуманитарна акција ќе биде водена од Рингераја.мк преку Дану Медиа. Во акцијата може да се вклучите:
Купениот училишен прибор може да го доставите директно во просториите на Рингераја.мк на адреса ул. Мирче Оровчанец 1/1-4 Скопје или да го донесете на едно од дружењата кои ќе се реализираат во повеќе градови во Македонија.
Важни напомени:
Доколку сакате да се вклучите во хуманитарната акција преку достава на училишниот прибор на некои од нашите дружења внимателно следете ги информациите поставени на Рингераја за местото и времето на дружењата.
Доколку сакате училишниот прибор да го донесете во просториите на Рингераја.мк тоа може да го направите секој работен ден од 9 до 17 часот.
За повеќе информации, контактирајте не.
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Четирите фази на менструалниот циклус
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело, кој секој мес...
Кои се најчестите аномалии на матката?
Матката е важен орган на женскиот репродуктивен систем, во кој се разв...
Каде да побарате стручни совети пред зачнување?
Одлуката да станете родители е важен чекор, а подготовката за бременос...
Планирате бременост? Погледнете ја семејната историја
Планирањето бременост не подразбира само подготовка на телото, туку и ...
Како да препознаете бременост без тест?
Дали постојано сте уморни, чувствувате мачнина или забележувате промен...