|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Семејна аптека за годишен одмор

Редакција Рингераја, 4.5.2010
За мали незгоди, изгореници од сонце, гребнатини, убоди од оси, пчели, медузи и други непријатности или други болести, мораме да бидеме посебно подготвени кога одиме на годишен одмор.

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

За мали незгоди, изгореници од сонце, гребнатини, убоди од оси, пчели, медузи и други непријатности или други болести, мораме да бидеме посебно подготвени кога одиме на годишен одмор. Таму нема аптеки и совет од доктор „на секое ќоше“, посебно ако се работи за зафрлени краеви. Ви препорачуваме да понесете барем основни работи кои може да ги добиете во аптеките и без рецепт на доктор.

Содржината на вашата „патувачка аптека“ ќе зависи од вашата здравствена состојба, старост, начин и траење на патувањето, и се разбира од дестинацијата.

Ако патувате во тропски држави или било каде, каде што постои епидемија на заразни болести, распрашајте се за задолжителна и превентивна вакцинација, заштита со лекови, а погрижете се и за соодветно здравствено осигурување.



Лекови и останати работи кои би морале да бидат основен состав од вашиот багаж за годишниот одмор:  



1. Сируп и/или таблети за намалување на високата телесна температура,


2. Таблети против болки, главоболка, забоболка,


3. Таблети против настинки и болки во грлото,


4. Креми, таблети или сируп против алергии, за ублажување на чешањето после убоди од инсекти,


5. Чај против запек кој може да настапи заради промените на животниот ритам, околина и исхрана,


6. Чај од боровница или сл. против пролив,


7.  Раствор на рехидрациска сол кој ја надополнува изгубената течност, глукоза и електролити заради претерано потење (високи температури) или пролив,


8. Таблети против мачнина за време на возењето во автомобил, брод, авион,


9. Лекови против болки во желудникот кои настануваат од неправилна, масна или многу зачинета храна,


10. Маст против херпес,


11. Капки за очи (воспалени или алергија),


12. Креми, млека и слична заштита од сонце (не заборавајте на шешири и очила за сонце со UV филтер),


13. Креми за нега на кожата и косата после сончање,


14. Репеленти - средства против инсекти,


15. Маст против габички,


16. Мултивитамински додатоци (ако одите на подолги патувања каде што храната е еднолична),


17. Термометар,


18. Прибор за повивање на рани (завои, стерилни гази, ножички),


19. Фластери за плускавци,


20. Пинцета за отстранување на страни тела од кожата,


21. Презервативи.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да направите кога детето е мета на исм...
Кога детето ќе стане мета на исмејување, навредување или потсмевање, родителите често прво чувствуваат лутина и беспомош...
4
Помогнете му на детето да се осамостои
Неколку совети како да му помогнете на Вашето дете да има повеќе самодоверба, а и за Вас за негово правилно воспитување
3
Детски бонтон
Примерот на однесување научен до седмата година од животот најдолго се помни. Децата и пред да станат ученици треба да ...
3
Имате немирно дете? Вие сте среќен родител!
Со вакви деца не е лесно, но треба да ве теши фактот дека ќе израснат во успешни и способни луѓе
3




Анкета

Пијан/а...
predrag

Колку често се опијануваш?

Еднаш дневно (15%)

Еднаш неделно (15%)

Еднаш месечно (26%)

Еднаш годишно (44%)

Поретко (0%)

Никогаш (0%)


Број на сите гласови: 80

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!